Connect with us

Забава

ЈАС БЕЗ ТЕБЕ ПРОПАЃАМ- Сенида остана без својата мајка прерано

Published

on

Пејачката Сенида Хајдарпашиќ од Словенија, попозната како Сенида, го освои регионот со својот специфичен глас и изглед.

Сенида во моментов е една од најпознатите изведувачи од овие простори, токму поради нејзината автентичност, а за нејзиниот приватен живот малку се знае.

Родена е во Љубљана, а нејзините родители се од Црна Гора. Единствениот познат факт од биографијата на пејачката е дека многу рано ја изгубила мајка си.

Мајката на словенечката дива починала, што оставило длабока трага кај Сенида. Таа во една прилика сподели фотографија од најважната личност во нејзиниот живот, кога сите можеа да видат колку личат.

Во своите песни и силни текстови, тагата за загубата на саканата личност, Сенида многупати ја пееше, а сега објави нов сингл кој, судејќи по текстовите, го посвети на својата мајка. Сенида со весела мелодија се сеќава на моментите со мајка си и вели дека богатството и славата се неважни без неа.

Ластовички летаат под сивото небо, да
Времето е страшно, пропаѓам без тебе.
Изгледа дека го слушам твојот глас секоја вечер.
Сонувам за цвеќиња, за твојата насмевка покрај фонтаната“.

Злато на мене, Диор.
Фама, ти го знаеш сето тоа
Не е важно кога, кога ќе те наречам мамо.
Кога таа гитара повторно засвири…“

Забава

Легендарните К-15 се враќаат на екраните!

Published

on

Легендарното хумористично ТВ шоу К-15 составено од триото Бранко Огњановски, Љупчо Бубо Каров и Васко Тодоров се враќа на екраните наскоро.

По повод 30 години од нивното емитување, оваа информација денес на Инстаграм ја сподели Бранко Огњановски попознат како Миле Паника, а повеќе детали најави наскоро.

Continue Reading

Забава

Панчо од ДНК ја отфрли номинацијата за „Маж на годината“: „Јас живеам во Македонија, не во Северна“

Published

on

Музичарот Владимир Блажев, познат како Панчо од дуото ДНК го откажа своето учество во изборот за Маж на годината. Тој се најде помеѓу номинираните јавни личности на официјалната страница на изборот, заедно со Никола Ристановски, Боби Милевски, Стојанче Ангелов, Стефан Лазаров, Сашко Кедев, Петар Георгиевски – Камиказа и други.

Како што појаснува на својот официјален профил, Панчо не ни знаел дека бил номиниран за наградата, а се откажувал од номинацијата и учеството поради три причини.

– Од една моја блиска и почитувана пријателка само што дознав дека сум номиниран за маж на годината на ,,Северна Македонија” .

Прво и најбитно, сакам јавно да истакнам дека јас не живеам во ,,северна” туку во МАКЕДОНИЈА и со самото тоа би сакал своеволно да си ја откажам номинацијата и учеството!

Второ е тоа што мислам дека не сум заслужил да се најдам помеѓу сите овие номинирани величини, и трето дека сте ми ја утнале категоријата бидејќи сум висок, тоест низок – 168 см. и треба да спаѓам во категорија „МАЖИЊА“ – објави музичарот.

Continue Reading

Забава

40 години Меморија, концерт за сеќавање!

Published

on

Членовите на „Меморија“ синоќа во исполнетата сала „Борис Трајковски“ во Скопје одржаа коцерт за паметење. Македонија покажа дека има музика, рече во еден момент лидерот на групата Петар Георгиевски-Камиказа. „Нема меморија на македонската популарна музика без групата Меморија“, рече синоќа во видео порака нашиот меѓународно признат пијанист, маестро Симон Трпчески. Перо Камиказа, заедно со Сашо Ангелов Сале, повратникот Давор Јордановски, новиот член гитаристот Рубин Димкоски, пејачите Апосотол Икономов Поце и Ристо Самарџиев, уште еднаш напрвија вистински подвиг – и македонските музичари полнат сали и привлекуваат публика.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк