Connect with us

Инфо +

Филипче: Ќе дозволиме некои одделенија да одат на училиште ако ..

Published

on

Филипче во гостувањето на Сител ТВ, најави дека во ноември може да се дозволи физичко присуство во училиштата и на други одделенија под услов епидемиолошката состојба да остане стабилна.

Тој вели целта е да се дозволи учениците да се вратат на училиште, но тоа мора се прави чекор по чекор. 

„Сега на почетокот на октомври важно е да има што помал број на деца во затворена протсторија, а доколку епидемиолошката состојба остане стабилна тогаш во месец ноември ќе дозволиме уште некои одделенија да бидат со физичко присуство“, рече Филипче.

Македонија

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Published

on

Полицијата денеска ги објави идентитетите на загинатите во „аудито“ кое вчера околу 16 часот излета од локалниот пат Сарај-с.Рашче и падна во реката Вардар.

Според МВР, во возилото кое е извадено синоќа од Вардар се пронајдени телата на три починати женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од с.Грчец, скопско.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција.

Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишно дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, а се трага по А.А.(56) од с.Грчец,скопско, кој според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции со физичко пребарување и пребарување со два дрона од страна на САЕ Тигар и Единицата за брзо распоредување преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето.

Continue Reading

Македонија

„#ВЕРОзаТЕБЕ“ ДЕНЕСКА ВО БИТОЛА Кампањата носи радост и поддршка за згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост

Published

on

Во духот на божиќните празници, преку подароци од Џамбо маркетите, ВЕРО се грижи празничната сезона да биде исполнета со радост и надеж за сите на кои им е најпотребна.

Кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“, дел од платформата #ВЕРОзаТЕБЕ“, го достигна својот следен чекор со проширувањето во Битола.

По успешното лансирање во Скопје, оваа иницијатива продолжува да прави разлика, обезбедувајќи поддршка за згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост низ Северна Македонија. Во духот на божиќните празници, преку подароци од Џамбо маркетите, ВЕРО се грижи празничната сезона да биде исполнета со радост и надеж за сите на кои им е најпотребна.

– Згрижувачките семејства нудат љубов и стабилност, додека центрите за лица со попреченост обезбедуваат поддршка и еднакви можности. Оваа кампања е повеќе од помош – таа е порака дека нивната работа е вреднувана и дека заедницата стои зад нив. Ваквите иницијативи се клучни за вистинска промена и подобрување на животите на најранливите – изјави Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади.

Continue Reading

Инфо +

Сиљановска – Давкова: Солидарност и сочувство со црногорскиот народ во моменти на трагедија

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, со неизмерна тага утрово се потпиша во Книгата на жалост во амбасадата на Црна Гора во Скопје, изразувајќи длабоко сочувство за трагедијата во Цетиње.

„Моите мисли, чувства и молитви се со блискиот црногорски народ во овие тешки денови,“ порача претседателката, истакнувајќи поддршка за семејствата на загинатите и надеж за брзо закрепнување на повредените.

Сиљановска – Давкова ја подвлече важноста на солидарноста и хуманоста, посочувајќи дека овие моменти на тага нè потсетуваат на заедничките човечки вредности.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк