Connect with us

Забава

За Нова година НЕ давајте пари и НЕ барајте ЗАЕМ! Еве и зошто

Published

on

Долгата традиција за прослава на Новата година доведе до многу суеверија кои и денес владеат во нашето општество. Повеќе верувања се поврзани за работи кои никако не смееме да ги направиме ако сакаме нашите планови и желби навистина да се остварат во идната година.

Едно од важните верувања се однесува на емотивните односи со блиските луѓе. Имено, никако не смеете да заборавите да им честитата на вашите блиски Нова година, бидејќи така ќе се оддалечите од нив во идната година.

Финансиската сигурност е една од работите за кои се стреми секој од нас, па постои цврсто верување дека на 31 декември и на 1 јануари не треба да се позајмуваат пари, бидејќи таков почеток на новата година претскажуваат нови 12 месеци со материјални проблеми.

Не изнесувајте ништо од дома на 1 јануари! Ова верување важи апсолутно за се, се верува дека на овој ден дури не смеете да го изнесете ни сметот од дома. Некои луѓе сметаат дека е во ред да се изнесуваат предмети на 1 јануари, ако претходно нешто се внесе во домот. Има и такви кои пак сметаат дека не е добро дури и да се чистат теписите тој ден.

Покрај сексистичкиот призвук, едно од старите верувања вели дека првото лице кое ќе влезе во домот по полноќ не треба да биде жена, бидејќи порано се сметало дека жените донесуваат несреќа. Исто така, порано се сметало дека првото лице кое ќе влезе во домот не треба да биде некој кој има руса или црвена коса. Секако, ова не значи дека треба да не примите русокоси или црвенокоси роднини, добра пријателка или партнер кој ќе ви дојдат на забава по полноќ.

За многу лош знак се смета дека на првиот ден во новата година никако не треба да се јаде пилешко или мисиркино месо. Причина за тоа е што птиците порано се сметале за нечисти. Со оглед на тоа, се верува дека нечистотијата која така ќе ја внесете во домот, никако нема да ја исчистите во тек на цела година.

Иако владее верување дека треба да се направи по некоја ситница во врска со работата, треба да се биде умерен.

Суеверието вели дека не е добро претерано да се работи на 1 јануари. Големото ангажирање, посебно почнувањето на нови активности на овој ден значи дека тоа нема да биде просперитетно, туку напротив, ќе биде осудено на неуспех.

Во нашето општество владее верување дека на некој црковен празник никогаш не треба да се бавите со домашни работи. Истото верување важи и за Новата Година, но луѓето веруваат дека на овој ден дури не треба ни да се мијат чинии.

Затоа…

Потрудете се да бидете во добро расположение, бидејќи постои верување дека тие емоции што ќе ги имате на 1 јануари, ќе ве следат во текот на цела година.

Старите Срби верувале дека дури и ветерот може да биде добар показател каква ќе биде претстојната година. Па така, ако нема ветер или дува од југ, тоа значи дека следната година ќе биде добра и плодна. Од друга страна, ако ветерот дува од исток, годината ќе донесе немаштија и неволји.

Забава

ВИДЕО: Има среќа во работата, но не во љубовта

Published

on

Фолк „кралицата на бакшишот“ на гости во поткастот кај Антонио Димитриевски: Марија Луиса Тодоровска во „Ништо лично“

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Забава

МАКЕДОНИЈА ИМА ПОБЕДНИК! Филмот Диџеј Ахмет собра награди во Јута (САД), имаме нова победничка генерација

Published

on

Имавме генерација на големи филмски имиња последниве децении предводени од режисерите како Столе Попов, пота следната со Милчо Манчевски, а сега дојде и сегашната генерација, пебедничка генерација, предводена од режисерот Ѓорѓи Унковски.

Филмот во режија на Ѓорѓи М. УнковскиДиџеј Ахмед собра награди на глобално престижниот фестивал Санднес во Јута, САД, зад кој стои големиот актер и продуцент Роберт Ретфорд .

Имено, “Диџеј Ахмет“ освои победнички награди во својата конкуренција и од жири комисијата за кретаивна визија, како и од публиката.

Сместен во оддалеченото јуручко село Коџалија, Македонија, „Диџеј Ахмет“ ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет, кој открива прибежиште во електронската музика како излез од неговата традиционална средина. Филмот е драма со примеси на комедија, приказна за љубовта, пријателството и самооткривањето на еден тинејџер, поставена на динамична заднина во која се судираат традиционалните вредности и модерното време. Снимањето на филмот траело 36 дена и се одвиваше на крајот на 2023 година, во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш, а дел од снимањето беше и во Скопје. Филмот е на турски и на македонски јазик.

„Диџеј Ахмет“ се снимаше лани во октомври и ноември во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш и во Скопје. 

Сценографи се Дејан Ѓошевски и Александра Чевреска, костимограф Роза Трајчевска, шминка и маска Душица Вуксановиќ-Дуда, снимател Наум Доксевски, монтажер Михал Раих. Продуценти се Иван Унковски и Ивана Шекутковска и линиски продуцент Виктор Павловски.

Во главните улоги се Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед. Во останатите улоги се Селпин Керим, Елхаме Билал, Адем Карага, Метин Ибрахим и други. Кастинг директор е Киријана А. Николоска.

Филмот е копродукција помеѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, „Алтер вижн“ и „Аналог вижн“ од Чешка, „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“ од Србија. 

Филмот беше поддржан со 23.5 милиони денари (околу 380.000 евра) на конкурсот на Агенцијата за филм за 2020 година во втор рок на одлучување, а доби поддршка од 160 илјади евра на паневропскиот филмски фонд Еуримаж.

Унковски после 5 години се враќа на Санденс, најголемиот американски фестивал на независен филм, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд. Неговиот успешен краток филм „Налепница“ во 2020 исто така имаше премиера на Санденс.

https://youtu.be/GHBATVjjLWY?si=WtddBDNTYcPL6jdV

Continue Reading

Забава

Спасен доби неверојатно роденденско изненадување од сопругата

Published

on

И повторно роденденско изненадување од сопругата 😁 ( јас се плашев дека ке ми поклони книга🙄) Heineken, напиша Спасен Силјановски на својот facebook профил.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк