Connect with us

Македонија

Според народните верувања тоа што ќе го правите денеска, ќе го правите цела година

Published

on

Свети Игнат, тоа што ќе го правите денеска, ќе го правите цела година според верувањата.

Според “Лозоровци“ – жители на село Лазарополе од денес почнува да “расте“ денот, односно денес за прв пат може да се забележи мало “растење“ на денот, колку врв од игла (сеќавање од баба ми Добринка, дојдена во Битола од Лазарополе).

Светата православна црква на 2 јануари го празнува споменот на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец, во народот познат како Св. Игнет, Игњат, Игнатов ден, итн. Овој ден уште и се наречува и “Прв Божик”, зашто тогаш започнуваат подготовките за празникот, поврзан со раѓањето на Исус Христос – Божик. Празникот Игнат секогаш е пет дена пред Божик 2. 1./20 XII и со него започнуваат свеченостите поврзани со зимските празници.

Кога Игнатиј бил дете Исус го зел во прегратка и на учениците им рекол: „Ако не бидете како деца нема да влезете во царството небесно”.

 Настрадал за време на римскиот цар Трајан, кога Христијаните одбиле на римските богови да им се принесат жртви.

Овој ден има две значења. Првото значење на овој верски празник е дека според народното верување од овој ден започнува да расте денот, а второто е дека  јануари, Свети Игнат е ден за кој се верува дека е одлучувачки за тоа што ќе ви се случува во текот на целата година.

На денешен ден, се верува, дека оној што ќе влезе прв во куќата носи среќа или несреќа. Ако тоа бил млад и убав човек (момче или девојка) се сметало дека носат среќа, а ако прв влезел некој старец или баба верувале дека не ќе оди најдобро. Обичајот е во врска со започнувањето на годината, кога се прогнозира среќата на поединецот и заедницата. 

Запомнете дека во сите обичаи од постарите и попаметни луѓе има и мала вистина. Затоа вие денеска направете нешто добро. Бидете внимателни, и не го правете она што не сакате да ви се случува цела година. Денеска заборавете на нервозите и проблемите, и насмејте му се на секој оној кој размислува поинаку од вас. Поканете ги пријателите во вашиот дом, нагостете ги, насмејте се, напијте се. Потоа пред спиење прочитајте некоја добра книга, за умно да ви тргне годината.

Не заборавајте да ги бакнете саканите, да им кажете колку ги сакате и колку тие ви се потребни. Затоа што запомнете, без љубов, новата година, без разлика на денешниот ден, со сигурност ќе ви тргне во погрешен правец.

Што се однесува пак до значењето дека од денес почнува да “расте“ денот, според верувања во Мијачкиот крај, денот од Варвара, ден пред Свети Никола, е најмал, а денес за прв пат може да се забележи мало “растење“ на денот, но според “Лозоровци“ – жители на село Лазарополе, тоа ќе биде колку врв од игла.

Македонија

Меџити: Палењето на знамињата во Македонија и случувањата на северот на Косово – тенденција за дестабилизација на регионот

Published

on

Последните случувања поврзани со палењето на албанското и државното знаме во Северна Македонија, како и настаните на северот на Косово, според првиот заменик-претседател на Владата на РСМ, Изет Меџити, претставуваат тенденција за дестабилизација на регионот.

„Има тенденции во регионот за дестабилизирање на состојбата. Истото се случува и во Митровица со водоводот, со терористичкиот акт, а исто така и овде има сили што сакаат да дестабилизираат. Беше очигледно дека Ноемвриските празници беа одбележани како никогаш досега, започнувајќи со свечената седница на Владата и завршувајќи со централната манифестација на плоштадот „Скендербег“. Празничен концерт каде што учествуваа училиштата, градинките, сите институции и едноставно не можев да направам разлика помеѓу Скопје и Тирана за време на прославите. Тоа на некого му пречеше, тој манипулираше со младите, кои по инструкции сакаа да ја нарушат празничната атмосфера. Како прв заменик-претседател на Владата, ја повикувам популацијата на смиреност, да ја надминеме оваа ситуација, и со голема одговорност велам дека секој што го прекршил законот, член 393, ќе одговара пред органите на правдата“, изјави Меџити.

Тој понатаму додаде дека никој нема да биде испрашуван или одговорен за одбележувањето на празникот или за истакнување на националното знаме или други знамиња, но одговорност ќе има за сите оние што го осквернавиле државното или националното знаме. Тоа веќе не спаѓа во концептот на слободата, туку ја нарушува слободата на другиот.

„Како што се постапи против оние што го осквернавија државното знаме, исто така, во Прилеп ќе се постапи и против оние што го осквернавија албанското национално знаме“, изјави Меџити.

Continue Reading

Македонија

Македонската ЕСМ бара изведувач за две соларни централи

Published

on

Македонското државно претпријатие за електрична енергија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) објави повик за изведувачи. Избраната компанија би изградила две соларни централи, 10 MВ и 20 MВ, во две области со рудници за јаглен и термоелектрани. Продолжувајќи со напорите што и ја донесоа титулата најуспешна земја на Западен Балкан во замена на енергијата од јаглен со фотоволтаици, Северна Македонија го подобрува своето фотонапонско портфолио. ЕСМ, која е под контрола на Владата, наскоро ќе го зајакне своето портфолио со уште две единици. До 17 јануари беше отворена покана за изведувач за работи на објекти во двата комплекса за јаглен во земјава – РЕК Осломеј и РЕК Битола, пишува Балкан Грин Енерџи Њус, пренесува Пословни дневник.

Компаниите заинтересирани за проектот мора да се регистрираат и да се пријават на порталот за е-набавки за клиенти на ЕБОР (ECEPP) за да можат да пристапат до документацијата. Се работи за натпревар во две фази. Во состав на јагленовиот комплекс РЕК Осломеј веќе работат три соларни централи. Пред повеќе од три години, Европската банка за обнова и развој одобри заем до 25 милиони евра за овој зафат.

Податоците на заемодавачот покажуваат дека ЕСМ го враќа долгот за проектот од 30 мегавати. „Во Северна Македонија енергетскиот сектор долго време е запоставен, а за оваа влада посебно место ќе има енергетиката и ќе се работи темелно на енергетската независност на земјата. Покрај изградбата на нови производствени енергетски капацитети, планираме да го завршиме и процесот на енергетско поврзување со нашите соседи, изјави Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини на Северна Македонија, во интервју за Eнерџипортал.бa.

Continue Reading

Македонија

Коњановски: Општина Битола е подготвена за зимската сезона

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, соопшти дека општината целосно ја завршила подготовката за претстојната зимска сезона. Според него, зимската служба е подготвена за брза и ефикасна интервенција во случај на снежни врнежи и ниски температури.

„Зимската служба располага со соодветна механизација и материјали за расчистување на улиците и патиштата. Осигуравме и дополнителни резерви на сол и абразивни материјали, а нашиот тим е веќе мобилизиран за да реагира навремено,“ изјави Коњановски.

Градоначалникот истакна дека приоритет ќе се даде на расчистувањето на главните сообраќајници, пристапите до здравствените установи, училиштата и другите јавни институции.

„Сакаме да обезбедиме непречено функционирање на градот, без оглед на временските услови. Апелирам до граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат препораките за безбедност во зимски услови,“ додаде тој.

Со подготовката на зимската служба, општина Битола покажува посветеност кон обезбедување сигурност и функционалност на градот во текот на зимата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк