Connect with us

Забава

Полицајката му играше во скут на шефот па се извинуваше: „Не знаев дека е женет“ (ВИДЕО)

Published

on

Вера Мекали (26) јавно им се извини на сите што ги повредила откако во јавноста протече видео на кое таа сензуално танцува во скутот на својот претпоставен, поручникот Ник Мекгари, на божиќна забава во Њујорк.

-Доколку човек направи вакво нешто, тоа немаше да биде снимено или објавено на социјалните мрежи. Така сите го видоа и жал ми е што му ја уништив кариерата – изјави по скандалот полицајка од Њујорк.

Таа рече дека и се извинила на сопругата на поручникот и се надева дека тоа нема да им наштети на нивниот брак.

– Сакам особено да и се извинам на сопругата на поручникот, се надевам дека ова не му наштети на вашиот брак. Не требаше да биде вака, немав поим дека е женет – изјавила таа.

– Требаше да биде само забава, малку да не насмее. Свесна сум дека целосно му ја уништив кариерата, дека изгледа како лош човек и навистина ми е жал – додаде Мекали, која нема да биде санкционирана од њујоршката полиција. Но, поручникот Мекгари беше преместен.

– Правевме забава, веќе беше доцна и колегите ме убедуваа да танцувам во нечиј скут. Го фатив поручникот за рака, го седнав и заиграв. Тоа е се. Ако нешто слично направеше маж, немаше да се сними, ниту да протече и да стане вирално – изјави Мекали.

Видео:

https://youtu.be/m_X09Bz349Q

Забава

„Биби и Боби“ ја разубавуваат Зимската приказна во Битола

Published

on

Најомилените пријатели на најмладите, „Биби и Боби“, вечерва пристигнуваат во Битола! Во 19:00 часот, пред Офицерскиот дом, сите посетители ќе можат да уживаат во магијата на празничниот дух преку танци, игри и незаборавна атмосфера што ќе ги стопли срцата на сите, без разлика на возраста.

„Зимска приказна“ продолжува да создава моменти за паметење, збогатувајќи ја празничната радост со незаборавни настани.

Празничниот дух живее во Битола!

Continue Reading

Забава

Прилепчанката Добрила Грашеска испеа македонски песни за грчкото Фолкрадио (ВИДЕО)

Published

on

Македонската етно-пејачка, прилепчанката Добрила Грашеска, која настапува во популарниот состав Чалгија саунд систем и со Добрила и Дориан дуо, деновиве се појави во програмата на грчкото Фолк радио (Folkradio.gr) и отпеа две песни. Станува збор за традиционалната коледарска песна што ја пеат децата од Прилеп, „Коледица, Варварица“ и македонската народна љубовна песна „Кој ти ги даде тие црни очи“

Снимено дома, со телефон, ама искрено и со љубов. И драго ми е што нашите соседи покажаа интерес и со такво внимание ѝ пристапија на нашата музика.- напиша Грашеска на својот профил на Фејсбук.

Добрила Грашеска, прекрасна пејачка од Северна Македонија, позната по соработките со Чалгија Саунд Систем и како дел од дуото Добрила и Доријан, ги испраќа своите желби на folkradio.gr со песни од Прилепско-стои во објавата на официјалната фејсбук страница на радиото.

Во продолжение слушнете ја изведбата на нашата Добрила Грашеска

https://www.facebook.com/share/v/12H9RSDbKLf/?mibextid=wwXIfr

Инаку, Folkradio.gr е специјалиѕирано музичко радио за афирмација и истражување на грчката народна музика. Како што стои на интернет порталот на радиото, народната музика е една од најстарите форми на култура во светот и опстанала до денес благодарение на безвременската вредност заснована на висока естетика и креативен континуитет. Folkradio.gr се стреми да ја пренесе оваа естетика и специфичноста на грчката народна музика, која можеби е родена пред многу векови во рурални услови и преку човечки контакт со природата и нејзините елементи, но денес докажува дека е многу моќно средство за изразување дури и во модерното време, кога светот се пресели во градовите и комуникацијата не познава граници.

Извор: РадиоПела

Continue Reading

Забава

Скопска Новогодишна приказна“ – Кисела Вода организира дочек на Новата 2025 година

Published

on

На платото пред спортската сала Расадник, Општина Кисела Вода ќе организира весела и незаборавна прослава на Новата 2025 година. На 31 декември, под слоганот „Скопска Новогодишна приказна“, жителите на Кисела Вода и сите граѓани на Скопје ќе имаат можност да уживаат во целодневна програма со богати содржини за сите генерации, информираат од општината.

Настанот започнува во 10:30 часот со настап на Балетското студио „Лебед“, а ќе продолжи со Бисера Мојаноска и театарската група „Театар за тебе“. Малите посетители ќе уживаат во настапот на „Поточиња“, аниматорите и задолжителниот Дедо Мраз, кој овој пат ќе биде во друштво на ликот Гринч.
Вечерната програма започнува во 20:00 часот со настап на популарната група „Куку Леле,“ продолжува со Игор Џамбазов, кој е и водител на вечерта, а ќе настапи заедно со „Гуру Харе Бенд.“ Потоа, на сцената ќе се појават ДНК и Врчак, а кулминацијата и пречекот на Новата година ќе го означи настапот на Лозано.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски нагласува дека Кисела Вода повторно се позиционира како општина која знае да организира врвни настани со квалитетна музичка понуда, потсетувајќи на успешните културни лета кои со години привлекуваат голем број посетители.

-Додека од Град Скопје нема никаква најава за организирана прослава за најлудата ноќ, Општина Кисела Вода уште еднаш докажува дека е лидер во организирањето културни настани. Со домашни изведувачи кои се миленици на публиката, создадовме програма која ги обединува генерациите. Ова е наш подарок не само за жителите на општината, туку за целиот град. Ги поканувам сите скопјани да ни се придружат и заедно да ја пречекаме 2025 година со многу радост, музика и убави мигови. Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа „Скопска Новогодишна приказна“, која ветува незаборавна забава и многу позитивна енергија- изјави Ѓорѓиевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк