Connect with us

Скопје

Цената на становите во Скопје СЕ КАЧИ НА 1.500 ЕВРА ЗА КВАДРАТ!

Published

on

Цените на становите пораснале за 40 отсто, пред се во Скопје, досега и поскапувањето ќе продолжи, тврдат претставниците на градежните комори.

Зголемувањето на цената било поради растот на цените на градежните материјали, трендот на зголемување на платите во градежниот сектор кој влијае на зголемување на цената на крајниот производи, како и на ограничување на понудата, што, како што велат, се јавува како последица на мораториумите за градење и суспендирањето на деталните урбанистички планови, пренесува МИА.

Градежната фела на крајот на минатата годината испорача барања до Владата за антикризни мерки заради порастот на цените на градежните производи и репроматеријалите при јавните набавки, каде е пропишана фиксна цена во тек на изведба и јавните набавки и каде единствен услов за нејзино добивање е најниската цена.

– Во моментов зголемените цени на градежните материјали се одразуваат во голема мерка и ќе се одразат уште повеќе на цената на становите.

Во моментов се многу оштетени компаниите кои работат на јавни набавки во кои главен норматив за добивање на јавната набавка е минимална цена. Проблем се и јавните набавки каде е пропишана фиксна цена за целото време на траење на проектите. Мораториумите за градба во Скопје и покачувањето на цените на градежните материјали си го направија своето и сега становите поскапуваат.

До каде ќе одат поскапувањата зависи од многу фактори, а пред се од куповната моќ на граѓаните и од исплатливоста за градба во одредени подрачја, изјави Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора.

Според претседателот на Градежната комора при Стопанската комора на Северозападна Македонија Салим Хасани, градежните компани во периодот на ковид-пандемија, иако со намален интензитет работеа со позитивни биланси, но поголемиот развој зависи од отворањето нови инвестиции за стандардни градби, кои се неопходни да ги има во континуитет.

– Сè помалиот број локации не оди во прилог на развојот на оваа многу важна гранка на економијата. Енормното покачување на цените на речиси сите компоненти од градбата кај инвеститорите создава резерви при планирање на идните градби, прашање е дали куповната моќ ќе може да го следи овој тренд на пораст на цени. И по логика, ако имаме намален број градби, ќе имаме поскапување на цените на становите, а од друга страна, намалување на обемот на работа за градежниците. А со тоа и неможност да ја задржиме работната сила, која секој ден ни бега во странство. Така што, наша сугестија е да се отворат што повеќе можности за градба, ќе биде подобро за сите, ќе имаме поголем развој, вбризгување повеќе пари во економијата, поевтини станови и поквалитетно живење, изјави Хасани.

Податоците од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности, покажуваат дека побарувачката за недвижности за време на пандемијата се одвива како и претходно. Најголем обем на трансакции, вклучувајќи и најголем број продадени станови има во главниот град, во општините Центар, Карпош, Аеродром. Цените се движат во зависност од побарувачката и на поатрактивните локации се повисоки. Се зголемија и цените на становите во подрачјата со помала трансакциска активност поради порастот на цените на градежните производи, услугите, суровините.

Регистарот на цени и недвижности покажува дека во третиот квартал лани имало 9.231 трансакција, значително повеќе во однос на претходните два квартала кога имаше околу 7.500, што се исто така поголеми бројки во однос на претходната прва пандемиска година. Од 9.231 трансакција, 7.277 биле продажби на недвижности, а 1.954 закупи на недвижен имот.

Во третиот квартал годинава, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 5,9 отсто. Во првиот квартал зголемувањето изнесуваше 3,2 отсто, а во вториот 4 отсто. Според тврдењата на приватните инвеститори, квадратен метар станбена површина се продава и до 1.500 евра во општини како Центар и Карпош.

Статистичкиот годишник на Државниот завод за статистика покажува дека во 2020 година биле изградени 4.077 станови, а во 2019 година 6.069 , односно помалку за 32 проценти.. Во 2018 и 2017, пак, биле изградени 5 436, односно 5 622. Во 2020 година биле издадени 2983 одобренија за градење, од кои во високоградбата 1 596, а 394 во нискоградбата

Скопје

Ѓорѓиевски: „Расадник“ ќе го врати спортскиот дух во Кисела Вода

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска објави почеток на обновата на култната спортска сала „Расадник“, домот на ракометниот клуб Вардар. На настанот, кој претставува значаен момент за општината, присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт, Борко Ристовски, кои ги добија највисоките пофалби за нивната заложба и поддршка во реализацијата на овој значаен проект.

„Со огромна гордост денеска објавуваме дека ‘Расадник’ конечно ќе добие нов современ лик. Благодарение на премиерот Мицкоски и министерот Ристовски, оваа сала повторно ќе стане храм на спортот, не само за Кисела Вода, туку и за цело Скопје,“ изјави Ѓорѓиевски.

Салата „Расадник“ има огромна историска вредност за ракометниот клуб Вардар, кој во периодот од 1985 до 1999 година токму овде ги постави своите основи. Според најавите, по завршувањето на реконструкцијата, салата ќе биде дом на РК Вардар, што беше поздравено и од директорот на клубот, Михајло Михајловски, кој присуствуваше на настанот заедно со ракометарите.

Градоначалникот истакна дека со овој проект се коригира неправдата од минатото, кога „Расадник“ беше заборавен во услови кои ја одразуваа нефункционалноста на системот во изминатите 30 години.

„Оваа сала е доказ за тоа како со години наназад се ветуваше многу, а се реализираше малку. Денеска, благодарение на заложбата на Владата и премиерот Мицкоски, приказната се менува. Овде повторно ќе се раѓаат спортски имиња, а нашата младина ќе добие место за инспирација и развој,“ нагласи Ѓорѓиевски.

Посебна чест за градоначалникот беше присуството на новинарот и спортски работник Атанас Костовски, кој присуствувал на отворањето на салата во 1985 година и заедно со Ѓорѓиевски се договориле повторно да го означат нејзиното ново отворање.

Со овој проект, според Ѓорѓиевски, се поставува нова ера во спортот во Кисела Вода, а премиерот и министерот за спорт се запишуваат во историјата на општината како луѓе кои направиле значаен чекор за враќање на спортскиот живот.

„Најдоброто допрва доаѓа!“ порача градоначалникот, додавајќи дека наскоро граѓаните ќе бидат сведоци на преполна сала и нови спортски спомени во „Расадник“.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Нови 1.500 дрвја за позелена и поздравa Кисела Вода

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, објави успешна акција за пошумување, преку која се засадени 1.000 чемпреси и 500 брзорастечки дрвја во паркот на шахот и Феникс во населбата Драчево. Оваа иницијатива е дел од континуираните напори на општината за подобрување на животната средина и зголемување на зелените површини.

„Садењето дрвја не е само разубавување на просторот, туку и суштински чекор во борбата против загадувањето и климатските промени. Секое дрвце кое го засадуваме денес е инвестиција во поздравата и поубава животна средина за сите нас,“ изјави Ѓорѓиевски.

Во изминатите три години, Кисела Вода доби седум нови паркови и 13 спортско-рекреативни центри, со што општината е оплеменета со дополнителни 80.000 квадратни метри зеленило.

Градоначалникот им се заблагодари на сите кои го поддржаа овој проект, вклучително и заменик-генералниот директор на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов, компанијата „Џонсон Мети“, отец Оливер, Хуманитарната организација „Свети Спас“, како и на волонтерите кои активно учествуваа во акцијата.

„Како општина, и самите обезбедивме значителен број брзорастечки дрвја, со цел да создадеме поздрава и позелена средина за нашите жители,“ додаде Ѓорѓиевски.

Тој најави дека ваквите акции ќе продолжат со уште поголем интензитет, со цел создавање на одржлива и еколошки свесна заедница. Со ова, Кисела Вода станува пример за посветеност кон зачувувањето на природата и обезбедување на подобар квалитет на живот.

Continue Reading

Скопје

Организирана акција за садење дрвца во општина Кисела Вода

Published

on

Во духот на грижата за животната средина и создавање поздрава животна средина за идните генерации, денес во oпштина Кисела Вода се спроведе голема акција за пошумување. Настанот, кој вклучи засадување на 1000 чемпреси, донација од комапнијата Џонсон Мети и Хуманитарната организација Свети Спас, го предводеа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и заменик генерaлниот директор на ЈП Национални шуми Кире Михаилов, а во акцијата учествуваа и волонтери од Џонсон Мети, како и претставници од локалната администрација. Се садеше во поголемите паркови, Паркот на шахот, како и во паркот “Феникс”, Дупки во Драчево. Во периодот што следува, ќе бидат засадени 500 брзорастечки дрвца, кои ги обезбеди Општина Кисела Вода.

-Секое дрвце што го засадуваме денес е симбол на нашата посветеност кон зачувувањето на природата и обезбедување подобар квалитет на живот за сите нас. Пошумувањето не е само акт на разубавување на просторот, туку и важен чекор во борбата против загадувањето и климатските промени. Грижата за животната средина е високо поставена на листата на приоритети на Општина Кисела Вода, за што говорат седумте новоизградени паркови и 13 спортско-рекреативни центри во овие три години, преку кои, ја оплеменивме општината со 80 000 м2 зеленило. Сакам да упатам благодарност до заменик генерaлниот директор на ЈП Национални шуми Кире Михаилов, до компанијата “Џонсон Мети” и до до отец Оливер и Хуманитарната организација Свети Спас, кои несебично донираа значителен број дрвца за оваа акција, како и до сите волонтери кои се вклучија. Исто така, и ние како општина обезбедивме брзорастечки дрвца, како уште еден од многуте проекти кои ги реализираме за поздраво и поубаво опкружување. Ваквите акции ќе продолжат и во иднина, со уште поголем обем и учество- изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк