Не само рекорди на нови случаи со Ковид, деновиве се прават и рекорден број тестирања, но парите ги даваат граѓаните од свој џеб.
Ако се земе последната дневна статистика, завчера од 7724 направени тестови само 1.027 се на државно, останатите 6.697 се во приватните лаборатории.
За скоро 2 години од почетокот на пандемијата имало 1.665.043 тестирања, од нив за 1.205.902 Ковид тестови платени се приватно. Ако просекот на еден ПЦР е 25 евра. Граѓаните потрошиле над 30 милиони евра за да дознаат дали се позитивни или негативни.
Една од причините за ова според матични лекари е што многу тешко се доаѓа до термини за тест во државна лабораторија.
-На товар на Фондот за здравство најверојатно за 7-8 дена од сега, најверојатно не во Скопје, т.с во Тетово или околината, а на приватно веднаш, вели матичниот лекар д-р Ненад Лазаров.
Бидејќи нема термини за ден-два голем број граѓани одлучуваат да се тестираат со брзи тестови од аптека кои се поевтини. Но, ова според лекарите дава нереална епидемиолошка слика, пациентите сами си одредувале колку и дали ќе бидат во изолација зошто матичните не можат никако да ги евидентираат во системот, а бројката на самотестирани е многу голема.
-Нема да претерам 6 од 10 случаи, тоа е страшно фрапантно, уште поголем проблем е што ние немаме никаква моќ, ниту ингеренција нешто околу тоа да преземеме, буквално ни доаѓаат со тестот во ќесенце, а ти треба да го третираш, а немам право да напишам Ковид како дијагноза, бидејќи немам потврда за тоа, вели д-р Ненад Лазаров, матичен лекар.
Од министерството за здравство за реакциите од граѓани и матични дека нема доволно термини за Ковид тестови на државно велат дека тие не ја правеле распределбата.
– Во зависност од тоа колкав е капацитетот на лабораториите, се одредува и бројот на термини кој ќе биде издаден за јавно здравствените установи. Во процесот на одредување на потребни термини за тестирање учествуваат Центрите за јавно здравје, како и самите Здравствени домови каде се спроведува тестирањето, одговорија од мз.
Од тука се поставува прашањето кој ја менаџира ковид кризата, и дали државата ако нема капацитети требаше да склучи договори со лабораториите за да не се трошат граѓаните.
-Чувствувам потреба да потенцирам дека не се они виновни, тоа е приватен сектор и они си ја работат работата за која се лиценцирани. Државата е виновна што дозволи да не се склучат договори и по 200 евра се наплаќаа брз тестови за патување. Зборуваме за лошо менаџирање до еден одреден период. Последните 2 месеци сме во анархија тотална, не постои менаџмент на криза, вели доктор Лазаров.
Досега во земјава регистрирани се 236.000 позитивни на Ковид. А битката со вирусот ја загубија 8055 граѓани, што ја вброи Македонија меѓу првите земји во светот по најголема смртност.
Тиквата е многу здрава храна, богата со витамини А и Ц, антиоксиданси и влакна. Таа помага за подобро варење, го зајакнува имунитетот, го штити срцето и го подобрува здравјето на кожата. Поради ниската калоричност и високата содржина на хранливи материи, е одличен избор за здрава исхрана. Еве некои од најважните придобивки од тиквата:
Богата со витамини: Тиквата е одличен извор на витамин А, кој е важен за здравјето на очите, кожата и имунолошкиот систем. Исто така содржи витамин Ц, кој помага во подобрување на имунитетот и брзо заздравување на рани.
Ниска калоричност: Тиквата е нискокалорична храна со висока содржина на вода, што ја прави идеална за луѓе кои сакаат да одржуваат здрава тежина.
Антиоксиданси: Тиквата содржи антиоксиданси како бета-каротен, кои помагаат во заштита на телото од слободни радикали и го намалуваат ризикот од хронични заболувања, вклучително срцеви болести и рак.
Добар извор на влакна: Со високата содржина на влакна, тиквата придонесува за подобро варење, регулирање на нивото на шеќер во крвта и поддршка на здравјето на цревата.
Подобрување на здравјето на срцето: Калиумот кој се наоѓа во тиквата е важен за одржување на здрав крвен притисок и заштита на срцевото здравје.
Подобрување на кожата: Витаминот А и антиоксидансите од тиквата можат да помогнат во намалување на знаците на стареење и заштита на кожата од оштетување предизвикано од сонцето.
Тиквата може да се користи во различни рецепти, како супи, пире, печива и десерти, и е многу флексибилна храна.
Од денеска се отвора телефонската линија на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за одвикнување од цигари.
Од денеска се отвора телефонската линија на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за одвикнување од цигари.
Телефонската линија ќе биде достапна секој понеделник и среда од 11 до 13 часот на телефонскиот број 078 285 873.
Македонија е меѓу земјите во светот со најмногу активни пушачи. Според истражувања на Институтот за јавно здравје, бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45.4 отсто, со многу низок процент на луѓе – пет проценти, кои успешно се обиделе и откажале од пушење во последните години.
Сите знаеме дека месото може да се замрзне без никакви проблеми. Сепак, сигурно сте слушнале дека месото кое е неколку пати замрзнато во никој случај не е добро за употреба. Сепак, се поставува прашањето, дали е тоа навистина така?
Во суштина, не постои строго правило кое налага месото да не се замрзнува и одмрзнува неколку пати, но многу е важно тоа да го правите правилно, односно месото да го одмрзнете во фрижидер, на температура до 5 степени Целзиусови.
Откако ќе го направите ова, можете повторно да го замрзнете месото доколку е потребно. Она што може да се случи е месото да стане водено поради пукање на клетките, но сигурно нема да се расипе.
Зошто ја замрзнуваме храната?
Да се забави растот на бактериите, односно да се спречи расипување на храната.
Во суштина, на температура од -18°C (што е стандард за замрзнувачите), можеме да складираме храна со години.
На температура од 2° до 8°C, односно во фрижидер, храната може да трае кратко, а, пак, на собна температура многу брзо ќе се расипува.