Connect with us

Македонија

25 години ја носи Македонија на грбот : Последен танц на „кралот“ Лазаров на големите натпреварувања!

Published

on

За македонската ракометна икона, Кирил Лазаров ова Европско првенство ќе биде поинакво од останатите. Лидерот на теренот во Дебрецен го игра последното големо натпреварување во „црвено-жолтиот“ дрес, тој на крајот на оваа сезона ќе стави крај на својата кариера.

25 години Лазаров гордо се бореше за својата држава, сиве овие 25 години се исполнети со подеми и падови, во сиве овие 25 години има почуствувано среќни и тажни моменти, даваше голови, но и примаше удари, се за својата татковина Македонија.

„25 години го носев грботпеев химнаславев и тагувавдавајќи голови и примајќи ударисето тоа на начин на кој луѓето да бидат горди што сме дел од еден ист народмакедонскиот“, ќе каже Лазаров во својата Автобиографија, зборови кои долго време ќе бидат запаметени, зборови кои доволно говорат со каков жар, со каква љубов игра за Македонија.

Сиве овие години Кире успеа да се запише во историјата на европските натпреварувања, беше прв стрелец до пред две години, со 61 гол, се уште е во вечната листа на Топ 10 стрелци, Лазаров го има најдобриот учинок на Светските првенства, на секое големо натпреварување неговото име постојано се спемнува. Тој е синоним за професионалност, гордост, борбеност, истрајност…

Кога сме кај љубовта кон својата земја, кон македонското знаме, кон ракометот, беа доволни аргумeнти, од неодамна на седне на „жешката“ клупа и да извршува три улоги, играч, капитен и селектор.

Без да се двоуми го прифати предизвикот, почна да испишува нова страница во својата кариера.

По успешните квалификации, сега го чека тешка европска битка. Лазаров ќе војува со Словенија, Црна Гора и Данска.

Има големо искуство во сите натпреварувања од репрезентативни до клупски. Сака своето искуство да им го пренесе на помладите, сака да создаде генерација која ќе го продолжи континуитетот на големите натпреварувања.

Иако предизвикот е голем, тој гордо стои пред него, не бара изговори…

Пред Европското првенство токму во интервју за СПОРТМЕДИА говореше за одлуката да биде и селектор на земјата за која никогаш не се штедеше.

„Точно 25 години сум дел од националниот тим. Токму поради овој аргумент мислам дека не ми требаше многу време за прилагодување во новата улога. Добро ги познавам работите внатре во тимот, како оваа репрезентација функционирала и како функционира.  Секогаш во тие 25 години бев продолжена рака на стручните штабови за доброто на националниот тим.

Предизвиците треба да се 

прифаќаат и да се биде храбар. Свесен сум за обемот на работата и одговорноста која ја носам, но ја сакам својата работам и тоа го правам со огромен ентузијазам и посветеност.

Се вложувам максимално и сигурен сум дека со квалитетна и посветена работа ќе придонесам да го дигнеме нивото во националниот тим во сите погледи“, ни рече Лазаров.

Денеска Кире ќе дебитира на првиот меч на едно големо натпреварување како играч и како селектор, по што ќе остане запаметен во историјата на овој спорт. Многумина се прашуваат како ќе успее да се снајде со двете улоги, но многумина не знаат колку тој е голем вљубеник во ракометот, колку навистина ја сака Македонија.

Затоа заслужува целосна почит, за она што го има направено и за она што допрва треба да го гради со националниот тим.

sportmedia.mk

Македонија

Јана и Лука најпопуларни имиња во 2024 година

Published

on

Јана е најчестото женско, а Лука најчестото машко име што им се давани на новороденчињата во земјава во 2024-та година.

Според податоците на Управата за водење матични книги, меѓу најчестите имиња годинава кај новородените женски бебиња се и Хана, Софија, Дуа, Ана, Мила, Јована и Миа.

Кај машкитe деца, пак, најчести имиња покрај Лука се и Дамјан, Матеј, Марко, Јаков, Михаил, Давид, Јован, Петар, Матео, Алексеј и Андреј.

Бројот на живородени деца во земјава, според евиденцијата на Државниот завод за статистика, заклучно со септември годинава изнесувал 11 694, и бележи намалување во однос на 2023 година.

Continue Reading

Македонија

КОЊАНОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ПОЖАРНАТА, ПОЛИЦИЈАТА И БРЗАТА ПОМОШ

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес посети повеќе институции во општината, со цел да ја согледа подготвеноста и екипираноста пред Дочекот на Новата година и претстојните празници, информираат од општина Битола.

Од службата за итна медицинска помош, територијалната противпожарна единица – Битола и СВР Битола, го информираа градоначалникот дека, како служби со 24 часовно работно време и во пресрет на празнувањата, остануваат максимално ангажирани и екипирани за да излезат во пресрет на потребите и барањата на граѓаните.

Сепак, апелираат да не се конзумираат големи количества алкохол, да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не се користат пиротхнички средства, се во интерес на безбедноста на граѓаните и убави празници.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: Радоста на децата е нашата најголема инспирација

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, го предводеше денешниот незаборавен новогодишен настан кој донесе насмевки и радост на лицата на најмладите.

🎅 Дедо Мраз пристигна со полни раце пакетчиња, подарувајќи новогодишна магија на сите деца што беа дел од оваа веселба. Настанот беше збогатен со концерт на Детскиот фестивал „Поточиња“, театарска претстава, настап на балетското студио „Лебед“, како и изведби од Бисера Мојаноска и омилените ликови од цртаните филмови.

🎄 „Новогодишниот период е време на радост, на поврзување и на надеж. Денеска, заедно со децата, ја испраќаме старата и ја дочекуваме новата година со голема возбуда и желби за здравје, среќа и успеси,“ порача Ѓорѓиевски, изразувајќи огромна благодарност до сите кои помогнаа овој настан да биде толку посебен.

Посебна благодарност беше упатена до Министерството за спорт и отец Оливер за нивната поддршка.

🎊 „Најважни се децата, чии желби и радост се наша инспирација. Од срце ви посакувам среќни празници и уште поубави моменти во 2025 година,“ истакна градоначалникот.

#НајдобротоДопрваДоаѓа!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк