Connect with us

Македонија

(Видео) Груевски: Како тоа Петков тврди дека нема македонско малцинство во Бугарија

Published

on

Како тоа новиот премиер на Бугарија Кирил Петков тврди нема македонско малцинство во Бугарија?

Каде отидоа овие луѓе и нивните наследници од овој краток 30 минутен документарен филм снимен пред само 30тина години?

Од кого беше тужена и петнаесетина пати загуби на суд Република Бугарија во судот во Стразбург од каде и беше наложено да ја регистрира ОМО Илинден?

Пописите од педесетите години на 20 век, кој ги правеше во Бугарија, на кои беа декларирани 180 илјади Македонци кои живеат во Бугарија?

Училишта на македонски јазик во Бугарија немаше ли во тоа време?

Како тоа Бугарија има право да бара да се менува уставот на Македонија за да се вметнат македонските граѓани со бугарска самосвест во истиот, а темата за Македонците во Бугарија не требало ни да се дискутира? Тоа ли е големината на посилниот како што кажува во неговото интервју?

Не прилично е премиер со такво образование во очи доаѓање кај соседот јавно да кажува невистини и со тоа да ги навредува Македонците во Македонија и во Бугарија кои се негови граѓани.

Каква е таа стратегија за решавање на проблемите која се заснова на невистини?

Тоа сигурно не го научил од Michael Porter.

Јас разбирам дека не му е лесно и дека Кирил Петков има проблем во својата земја и стравува уште на почеток на мандатот да се спротистави на општо прифатените ставови во Бугарија, а поврзани со Македонија, Македонците, македонскиот јазик и историја, но нели тој доби мандат за да направи промени? Нели се проевропска партија? Стразбург чив суд за човекови права е? Нели е европски? Нели нема друг случај во ЕУ од нејзиното создавање каде се блокира процес на приклучување заради изнудување признавање на дејствија од минатото, од историјата, од пред 70-80, или 100 години. Нели партијата која ја води и неодамна основа се декларира дека покрај е со проевропска идеологија?

Ако “промените продолжуваат”, дел од промените треба да биде вистинита за Македонците и за македонското малцинство во Бугарија, а таа вистина ја кажуваат самите граѓани на Бугарија со македонска самосвест кои Кирил Петков може да ги слушне во овој краток документарен филм, каде меѓу другото говорат и под каква тортура на бугарските власти биле затоа што се чуствувале и изјаснувале како Македонци.

Ако неверува во виденото, може лично и дискретно, без да ги изложува на непријатности, дел од нив да ги посети во нивните домови и без предрасуди и етикетирања да разговара со нив. Негови граѓани се, потенцијални негови гласачи се, во неговата држава живеат, издаваат и свој весник на македонски и бугарски јазик.

Ако во овој документарен филм снимен во Бугарија Кирил Петков не препознае дискриминација и потреба да промени нешто, тогаш за какви промени може да се говориме?

Добро е, и разбирливо е што се обидува да внесе позитивна енергија во процесот, но оваа почетна фаза набрзо ќе заврши и набрзо ќе треба да се соочи со суштината на проблемот кој го наследи, во која суштина отворање авионска линија, или комисии за образование со повеќе стипендии за студенти нема да е доволна за решение, а нема да помогнат ни прес конференции со контролирани прашања како денешната.

Македонците и Бугарите биле и треба да бидат блиски и најблиски народи. И ќе бидат кога политичарите кај нашиот сосед ќе престанат македонското прашање да го третираат само низ призмата на гласови на следните избори и проблемот да го оставаат на решавање на некој друг после нив. Кирил Петков ја имаа таа шанса за промени.

Конечно, потсетувајќи се на тезите на легендарниот германски социјален психолог, психоаналитичар, социолог и хуманистички филозоф Ерих Фром искажани во “Уметноста на љубовта” а повикувајки се на често употребуваниот јазик на бугарските политичари во духот дека “Македонија е детето на на Бугарија”, не навлегувајќи во исправноста на тој пристап, би рекол дека Бугарија ако толку многу се чуствува како мајка на Македонија, треба да покаже мајчинска љубов (безусловна), а не татковска (условена-направи така ако сакаш да го добиеш тоа), пишува на Фејсбук поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски.

Македонија

Жена нашла туѓа платежна картичка, па си пазарела со неа

Published

on

Во март 2024, пријавената пронашла платежна картичка, сопственост на Љ.Н., при што во повеќе наврати, извршила трансакции на различни локации.

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.Ц. (49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Во март 2024, пријавената пронашла платежна картичка, сопственост на Љ.Н., при што во повеќе наврати, извршила трансакции на различни локации.

Continue Reading

Македонија

ХЕЦ Чебрен ќе се гради, но ќе биде во државна сопственост

Published

on

Хидроцентралата Чебрен да биде во државна сопственост. За оваа владина идеја на маса се седнати стручни лица од сите опфатени области. Владата не се откажува од изградбата на хидроцентралата Чебрен, а целта е истата да биде во државна сопственост. Нова студија нема да се прави. Ќе се искористат постоечките, а планот е државата да биде доминантен сопственик, во корист на сите.

Овие информации денес ги соопшти министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на денешниот брифинг со новинарите.

-Сакаме тоа да биде државен проект, но прво да видиме колку пари ќе чини. Или ќе гледаме да биде во доминантна државна сопственост. Според некои проценки, сумата може да стаса од 600 милиони до една милијарда евра. Тоа за Македонија е многу, рече Божиновска.

Таа додаде дека треба да се инвестира во Чебрен за Македонија да биде енергетски независна. Особено, ако се земе предвид дека во последните три години сме дале 340 милиони евра за увоз на струја.

-Во ЕСМ постојат студии од 1960 година, а последната е од 2022 година. Професорите ги разгледаа сите студии. Ние не сакаме пак да правиме физибилити студија, тоа да ни одземе една година, или година ипол. Сакаме да направиме еден проект, за да видиме што може да се направи затоа што хидрологијата е подложна на климатските промени, рече Божиновска.

Министерката потврди дека има заинтересирани странски инвеститори за хидроцентралата и дека сакаат во изградбата да бидат вклучени домашни фирми и експерти.

Кај минатата Влада на СДСМ, немаше никаков интерес за вакви проекти, па екс-премиерот Ковачевски сакаше да го даде во странски раце и да го продаде Чебрен.

Владата на Мицкоски, размислува во насока Чебрен да стане во државна сопственост.

Continue Reading

Македонија

“Ќе ги исклучиме сите семафори во Скопје ако нема плата” – вработени во Улици и патишта

Published

on

Вработените во „Улици и патишта“ утринава протестираа пред канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска, заканувајќи се со гасење на семафорите низ цело Скопје и целосна блокада на главниот град , пренесува Сител.

„Доколку не земеме плата, ние си продолжуваме. Од понеделник со возила ќе излеземе на улица и семаформите ќе ги исклучиме да не работи целиот град“ – Нусрет Пашалиќ, вработен во Јавното претпријатие „Улици и патишта“

Според синдикатите, доцнењето со платата не е единствениот проблем. Тврдат дека сметката на претпријатието е блокирана поради долгови, нема ризла и нафта за работа, дел од машините се расипани оти не се сервисирани, а имаат и проблеми со регистрацијата.

„Побарано е од раководството на јавното претпријатие, синдикални пари што има членство тие скромни пари, да им ги дадеме да ги регистрираат возилата. Луѓе, ова е жално, смешно, трагично не знам како да кажам“ – Марјан Ристески, КСОМ

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк