Connect with us

Македонија

Жителите во Тетово немале вода за да го изгаснат пожарот

Published

on

Од пожарот што вчера попладне, околу 19 часот избувна во куќа во населба Поток во Тетово, едно лице завршило со изгореници по лицето и телото, и е пренесено во Тетовската болница но е вон животна опасност.

“Пожарот најпрвин избувнал во првата куќа, но бидејќи куќите се залепени една до друга, пожарот на брзина ги опфатил и другите две куќи. Од овој пожар останало повредено едно лице кое е вон животна опасност, и се наоѓа во тетовската болница”.

Командантот на пожарната во Тетово Ука Алити, за Алсат изјави дека требале 15 пожарникари да интервенираат за пожарот да не се прошири во другите куќи.

“Од овој пожар се опфатени четири или пет куќи, затоа интервенираме со четири камиони и околу 15 пожарникари. Сите куќи се залепени една до друга но правиме максимални напори за локализирање на пожарот”вели командантот на пожарна Тетово.

Жителите кои први го виделе пожарот излегле да помогнат, меѓутоа немањето на вода во оваа населба, ја онеовозможи нивната помош.

“Со вода проблем сме имале нонстоп и лето и зима, видовте сами колку притисок има, и да сакаш да гасиш неможеш“ вели жител
“Незнам како се случи овој пожар. Комшии смо ама не знам како се случи.

Наполнивме и кофи и буриња ама што ќе полниш нема вода . Не е само сега, нонстоп немаме вода. Траба општинарите да видат и овде луѓе живеат, еве пожар се случи немаме со што да гасиме“ вели друг жител.

Од пожарот кој избувна попладнево, две куќи изгореа целосно а три други, остана без кров, и со големи материјални штети.

Македонија

Детали за пукањето во Арачиново – пукано е од возило во движење

Published

on

Денеска(23.11.2024) во 14.50 часот во СВР Скопје Р.А. пријавил дека во угостителски објект во с. Арачиново од возило во движење Ф.М. пукал кон Д.Р., но го погодил таткото на пријавителот С.А..

На С.А. му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Continue Reading

Македонија

Коњановски: Битола го слави балканскиот шампион во бокс, Ален Рустемовски!

Published

on

Битола и Македонија имаат нов балкански шампион во бокс! На финалето од Балканското првенство во бокс, одржано во Лозница, Србија, нашиот Ален Рустемовски го совлада украинецот Денис Раздолски и го освои шампионскиот трофеј, носејќи гордост и радост на својот град.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја истакна важноста на овој успех, потенцирајќи ја посветеноста на Општина Битола за поддршка на спортот. Оваа година, општината финансиски го поддржа боксерскиот клуб „Пелистерски јунак“, каде што членува Рустемовски, што го прави успехот уште позначаен.

„Овој историски успех е доказ за посветената работа на Ален и неговиот тим. Продолжуваме со поддршката на спортот во Битола и веруваме дека овој триумф е само почеток на уште поголеми победи за нашите спортисти,“ изјави Коњановски.

Со гордост го честитаме овој успех на Ален Рустемовски, кој постави нови стандарди за спортските достигнувања на Битола.

Continue Reading

Македонија

Димовски: Правосудниот систем бара длабоки и сериозни реформи

Published

on

Илија Димовски, пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како и директор на Центарот за комуникации, направи своја анализа во гостувањето во магазинот „Трилинг“: 

Пред една недела министерот за правда започна широки дискусии, со конференции се одржаа некои од нив. Околу дискуцијата за законот за судски совет. Да видиме што ќе ни донесе. Мене лично ако ме прашате, јас мислам дека судскиот систем во Македонија треба да помине низ сериозен процес на длабоки, остри и силни реформи. Но не сум само јас тој што одлучува, ниту Вие. Сето тоа треба да биде конципирано и прифатливо. Зошто? Затоа што ако правиме серизни реформи во правосудниот систем, не ги правиме за Илија Димовски или за Гораст Чомовски. Ги правиме за граѓаните да имаат повисок степен на доверба кон институциите.

Состојбата е катастрофа, дали имаме функционалност во институциите на правосудството и во јавното обвинителство? Не. Дали се подложни на флијанија? Очигледно. Дали има обвинувања за коруптивност во постапувањето? Има.

Да почекаме, да видиме тие консултации што ги тера министерот Филков, каков резултат ќе дадат, кој е предлогот до владата. Веројатно ќе се потруди владата, според пораките што ги гледам да биде некаков прифатлив компромис помеѓу мојата крајна позиција и вашата крајна позиција. За да сето тоа биде разумно и прифатливо за граѓаните. Но да почекаме. Јас многу побрзо би ги терат тие работи, друг можеби воопшто не би ги терал работите, да видиме. Но секако да потцртаме некаков закчучок во разговорот. Владата мора да даде видливи и ефективни резултати во ова поле. Ако не го даде тоа ќе има сериозен проблем на следните парламентарни избори кога и да се. Да даде одговор што направила, и дали е тоа доволно.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк