Connect with us

Македонија

Бугарски историчар: Државичката за која пишувал Делчев не е клон на Бугарија

Published

on

Во интервју за 360 Степени бугарскиот историчар Димитар Атанасов со контра ставови на актуелната бугарска позиција кон Македонија.

Атанасов е дел од помладата генерација бугарски историчари кои практикуваат модерен пристап во историската наука. Тој е дел од Институтот за етнологија и фолклористика при Бугарската академија на науките.

Во својот однос кон македонското прашање се разликува од доминантниот пристап во бугарското општество.

Неговите ставови за конкретни аспекти од отворените прашања меѓу Македонија и Бугарија е значително различни од официјалните ставови на Софија.

,,Македонија како втора бугарска држава е теза на националниот романтизам во Бугарија.

Имаше луѓе што долго време сметале дека Македонија може да се ослободи и да стане дел од бугарската држава. Уште кога се појавуваат таквите проекти, тие се крајно нереалистични.

Многу е важно да имаме предвид дека Внатрешната ослободителна организација, ТМОРО, подоцна ВМОРО, преку изјавите на своите дејци, не дава основа да мислиме за проектот за автономна Македонија како за втора бугарска држава.

Односно, самиот Гоце Делчев пишува за македонска државичка.

Таа македонска државичка не изгледа како клон на Бугарија, туку изгледа за македонска автономија во чија основа, некаде длабоко, стојат луѓе со бугарска етничка свест кои застанале зад македонскиот политички проект. Јас не гледам противречност меѓу тие две работи, како што Бугари учествувале во странски национално–ослободителни движења, странци учествувале во бугарски политички проекти, да не заборавиме дека бугарската држава ја ослободуваат руски војски, а не нејзини сопствени војски.

Најверојатно, ниту еден од тие луѓе кои дошле да ја ослободуваат Бугарија тоа не го направиле зашто се сметаат за етнички Бугари”, вели Атанасов.

Целото видео интервју на 360 Степени

Македонија

Двајца осомничени за напад на полицајци

Published

on

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за две лица осомничени за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Едниот од нив е осомничен и за обид за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие според член 382 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените со ножеви во рацете им се заканиле на двајца униформирани полициски службеници, кои постапувајќи по наредба за вршење на мотопатролна дејност на регионалниот пат Р23-33 Битола-Бистрица го запреле возилото во кое се наоѓале осомничените за да извршат контрола на возило и возач. Со ножевите осомничените се упатиле кон полицајците, вербално заканувајќи им се дека ќе ги убијат. Едниот од осомничените и физички нападнал полицаец, го турнал и започнал да го стега за вратот, нанесувајќи му површинска телесна повреда. Кога полицајците се обиделе да го совладаат, другиот осомничен се обидел да ги спречи така што ги тргал за рацете и униформите. Двајцата осомничени биле лишени од слобода со засилување од интервентна екипа од СВР Битола.

Одлучувајќи по предлогот од надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Битола на осомничените определи притвор во траење од осум дена.

Continue Reading

Македонија

Повреден полицаец, со „крајслер“ излетал од булевар во Скопје

Published

on

Во 00.10 часот денеска, во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило „крајслер“, сопственост на МВР, а управувано од полицискиот службеник М.Н.(32) од Кратово, излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Во незгодата возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Македонија

Повредени 7 лица: Четири возила учествуваа во сообраќајка

Published

on

Доктор Муајед Амети од итна помош Куманово информираше дека седуммина се повредени, петмина биле со полесни повреди, двајца поради карактерот на повредите се задржани во Општа болница Куманово.

Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Куманово – Крива Pаланка во атарoт на Младо Нагоричане, соопшти денеска СВР Куманово.

Седуммина биле повредени, петмина полесно, двајца биле задржани во Oпшта болница Куманово, соопштија од итна помош Куманово.

Сообраќајната несреќа во полицијата била пријавена во 12:15 часот.

– На магистралниот пат се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од Т.И. (64) од Крива Паланка, „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од А.К. (36) од село Алгуња, Општина Старо Нагоричане, „форд куга“ со скопски регистарски ознаки управувано од П.П.(60) од Скопје и возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н.Т. (31) од Скопје. Во незгодата со повреди констатирани од лекар од Општа болница Куманово се здобиле возачите Т.И., А.К. Б.Н.Т и сопатниците С.С., А.К., С.К. и А. К, соопшти полицијата.

Доктор Муајед Амети од итна помош Куманово информираше дека седуммина се повредени, петмина биле со полесни повреди, двајца поради карактерот на повредите се задржани во Општа болница Куманово.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк