На МРТ 1 вчеравечер, 04 февруари 2022 година во емисијата „Стисни Плеј“ беше избран македонскиот евровизиски претставник, а победата ја однесе Андреа со песната „Circles“.
Пред камерите се претставија шесте кандидати за кои народот имаше можност да гласа изминативе денови на специјалнокреираната платформа за гласање. Кали, Лара, Виктор, Јон, Андреа и Рис Флауер се релативно млади музички имиња, кои претходно беа избрани како финалисти на конкурсот кој го распиша МРТ.
Пред сè, благодарам Македонија! Ветувам дека ќе направам сè да ги оправдам вашите очекувања. Честитки за сите учесници во национланиот избор, бевте тешка конкуренција Оваа шанса за мене е одговорност, како професионална, така и лична. Поддршката од страна на публиката и медиумите ми даде голем поттик овие две недели. Александар Масевски, благодарам за Circles! Останува да продолжиме со полна пареа со подготовките за Евровизија и достојно да ја претставиме Македонија во Торино“ – напиша Андреа на социјалните мрежи.
Изборот се одвиваше по пат на онлајн гласање, а гласовите од јавноста сочинуваа 50 проценти, додека останатите 50 проценти беа доделени од страна на стручно странско жири.
Тркатаза прво место беше до крај незивесна и изедначена помеѓу Андреа и Виктор Апостоловски и неговата „Супермен“, но според правилата на гласањето, Андреа е претставникот на Евровизија бидејќи доби повеќе гласови од стручното жири.
Музиката, аранжманот и продукцијата на евровизиската песна ги потпишува Александар Масевски, додека стиховите на песната се заедничко дело на авторот и изведувачот – Александар Масевски и Андреа Коевска.
Имавме генерација на големи филмски имиња последниве децении предводени од режисерите како Столе Попов, пота следната со Милчо Манчевски, а сега дојде и сегашната генерација, пебедничка генерација, предводена од режисерот Ѓорѓи Унковски.
Филмот во режија на Ѓорѓи М. УнковскиДиџеј Ахмед собра награди на глобално престижниот фестивал Санднес во Јута, САД, зад кој стои големиот актер и продуцент Роберт Ретфорд .
Имено, “Диџеј Ахмет“ освои победнички награди во својата конкуренција и од жири комисијата за кретаивна визија, како и од публиката.
Сместен во оддалеченото јуручко село Коџалија, Македонија, „Диџеј Ахмет“ ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет, кој открива прибежиште во електронската музика како излез од неговата традиционална средина. Филмот е драма со примеси на комедија, приказна за љубовта, пријателството и самооткривањето на еден тинејџер, поставена на динамична заднина во која се судираат традиционалните вредности и модерното време. Снимањето на филмот траело 36 дена и се одвиваше на крајот на 2023 година, во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш, а дел од снимањето беше и во Скопје. Филмот е на турски и на македонски јазик.
„Диџеј Ахмет“ се снимаше лани во октомври и ноември во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш и во Скопје.
Сценографи се Дејан Ѓошевски и Александра Чевреска, костимограф Роза Трајчевска, шминка и маска Душица Вуксановиќ-Дуда, снимател Наум Доксевски, монтажер Михал Раих. Продуценти се Иван Унковски и Ивана Шекутковска и линиски продуцент Виктор Павловски.
Во главните улоги се Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед. Во останатите улоги се Селпин Керим, Елхаме Билал, Адем Карага, Метин Ибрахим и други. Кастинг директор е Киријана А. Николоска.
Филмот е копродукција помеѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, „Алтер вижн“ и „Аналог вижн“ од Чешка, „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“ од Србија.
Филмот беше поддржан со 23.5 милиони денари (околу 380.000 евра) на конкурсот на Агенцијата за филм за 2020 година во втор рок на одлучување, а доби поддршка од 160 илјади евра на паневропскиот филмски фонд Еуримаж.
Унковски после 5 години се враќа на Санденс, најголемиот американски фестивал на независен филм, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд. Неговиот успешен краток филм „Налепница“ во 2020 исто така имаше премиера на Санденс.
И повторно роденденско изненадување од сопругата 😁 ( јас се плашев дека ке ми поклони книга🙄) Heineken, напиша Спасен Силјановски на својот facebook профил.