Connect with us

Македонија

ИЗБРАН ВТОРИОТ ТИМ НА КОВАЧЕВСКИ: Од 16 заменик-министри 10 се Албанци и 6 Македонци, кои се избрани со 63 гласа „за“ и 35 „против“

Published

on

Со 63 гласа „за“, 35 „против“ и без воздржани, Собранието вечерва ги избра 16. заменик-министри во Владата, предложени од премиерот Димитар Ковачевски.

За заменик-министер за одбрана е избран Башким Хасани, за заменик-министер за внатрешни работи Назим Буши, за правда Агим Нухиу, а за надворешни работи Фатмире Исаки.

Во Министерството за финансии за заменик-министер е изгласан Филип Николоски, во Министерството за економија Зоран Маневски, а во Министерството за земјоделство Абдулшуќур Абедини. За заменик на министерот за здравство е изгласан Владимир Рендевски, во Министерството за образование и наука за заменик е избран Лулзим Алиу, додека во Министерството за труд и социјална политика Енвер Хусејин.

За заменик-министер за локална самоуправа е избран Зоран Димитровски, за култура Даим Лучи, за информатичко општество Александар Бајдевски, за транспорт и врски Беким Реџепи и за животна средина Христина Оџакиевска. Во Министерството за политички систем за заменик-министер е избран Џабир Доко.

Премиерот во завршното обраќањето пред пратениците, изјави дека најважно е да работат искрено, посветено, стручно и ефикасно.

-Таква матрица, таква методологија, таква работна сфера, таква контрола и одговорност побарав и нема да отстапам за сите врвни владини позиции, како и за министрите така и за заменик-министрите. Како што најавив имаме план, со рокови, обврски, носители на задачи и начин за мерење на ефектите врз животот на граѓаните. Нашиот пристап е јасен, искрен и мерлив. Сите работи – минати, сегашни и идни јасно ги соопштувам на јавноста и зад нив стојам, бидејќи личниот образ, одговорноста и системот на вредности за мене се врвни критериуми и така барам да се однесуваат и останатите, додаде Ковачевски

Опозицијата пак, обвини дека е непрофесионален начинот на кој се предложени заменик-министрите, дел од нив немаат соодветно образование и познавање за назначената функција и оти голем дел од нив се од составот на претходната Влада, предводена од Зоран Заев. Оваа функција, според ВМРО-ДПМНЕ е непотребна и треба да се укине. Тие повторно побараа предвремени парламентарни избори, поради лошото менаџирање со кризата предизвикана од пандемијата.

По изборот на заменик-министрите, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина работата по 62. седница, а продолжението, како што рече, дополнително ќе биде закажано.

Македонија

Паднаа повеќе дилери: Серија на апсења во Скопје и Струмица

Published

on

Полициските служби продолжуваат со засилените активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога. Во текот на 2 јануари, во рамки на неколку полициски акции, беа извршени апсења на лица кај кои беше пронајдена марихуана.

  • Во 16:15 часот, на подрачјето на Шуто Оризари, полицијата го лиши од слобода О.Р. (41) од Скопје. Кај него беше пронајдена марихуана, која беше одземена.
  • Во 14:10 часот, во Карпош, беше уапсен С.Ш. (28) од село Крушопек, скопско, со пронајдена марихуана.
  • Во 21:40 часот, на подрачјето на Гази Баба, беше приведен С.С. (22) од Кочани, кај кого исто така беше најдена марихуана.
  • Во 15:00 часот, во општина Аеродром, полицијата го уапси И.С. (39) од Скопје, кај кого беше пронајдена дрога.
  • Во 23:45 часот, на подрачјето на Чаир, беше уапсен А.Љ. (25) од Скопје, со пронајдена марихуана.

Сите приведени лица ќе се соочат со соодветни поднесоци по целосното документирање на случаите.

Во друга акција, во Струмица, во 13:00 часот, полициските службеници од СВР Струмица извршија претрес во домот на З.Р. (52) од Струмица, со судска наредба. Притоа, беше пронајдена марихуана. За случајот е известен јавен обвинител, а против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Пензионери, фатени со 200 куршуми во „Голф“

Published

on

Брачна двојка пензионери од скопското село Батинци вчера добиле кривични пријави откако претходно биле фатени со 195 куршуми со калибар од 9 милиметри во нивниот автомобил, соопшти полицијата.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.М.(72), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против М.М.(77), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 10.06.2024 во 17.20 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.М., а како совозач била Х.М., кај која биле пронајдени и одземени 195 куршуми калибар 9 мм“, пишува во полициското соопштение.

Continue Reading

Македонија

Нападнати малолетници од нивни врсници

Published

on

Во текот на вчерашниот ден во две полициски станици во Скопје било пријавено за физички напади на малолетници од страна на нивни врсници.

Првата пријава е регистрирана вчера во 10.30 часот во СВР Скопје, каде 40-годишна жена пријавила дека на 31.12.2024 околу 17.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Втората пријава е забележана во 23:15 часот каде било пријавено дека на подрачјето на Центар малолетничка била физички нападната од неколку малолетнички.

МВР соопштува дека и во двата случаи се преземаат мерки за расчистување на овие настани.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк