Connect with us

Македонија

И хеликоптер на МВР трага по исчезнатиот 10 год. Петар во Мариово

Published

on

Од синоќа сeуште се трага по десет годишно дете, кое исчезна вчера околу 16 часот од селото Врбско во Мариово. Вклучени се екипи на полицијата, од пограничната служба, кучиња трагачи, жители, од противпожарната единица од Прилеп, од ловечкото друштво Мукос и од изутрината во потрагата е вклучен и хеликоптер од МВР.

Досега сe уште нема траги од исчезнатото дете, кое е со посебни потреби.

Според СВР Битола таткото на исчезнатото дете пријавил синоќа околу 18 часот дека неговиот син го снемало од селото.

Спасе Чакревски, од селото Витолиште меѓу првите се вклучил во потрагата.

Раскажува дека таткото со сопругата и трите деца, меѓу кои десет годишниот Петар живеат во Прилеп, а од вторникот биле во селото Врбско каде имаат пчелни семејства.

Потрагата била речиси цела ноќ, но, за жал, сe уште нема трага од детето.

Околината е крајно непристапна, а детето било лесно облечено.

-По 22 часот повикавме дополнителна помош и стигнаат 30 до 40 теренски возила, најмногу од ловечкото сдружение „Мукос“, но дојдоа и од Битола, дојде екипа од противпожарната единица и дополнително од полициската станица од Прилеп.

Јас присуствував на потрагата до изутрината околу четири часа и нема трага од детето.

Од изутрината дојде и хелихоптер од Скопје.

Баравме со светилки, теренот е многу непристапен.

Селото од сите страни е оградено со нискостеблеста шума. Сантиметар по сантиметар пребарувавме.

Во селото и во околината се беше пребарано, но за жал, нема никакви траги.

Родителите кажаа дека детето е хендикепирано, не зборува, не е комуникативно и ни потенцираа дека ако забележи дека некој се движи, има можност да се скрие.

Лошо е што температурите се ниски, ноќеска беше минус 3 степени, детето е само со една блузичка и танка виндјакна, носело повисоки гумени чизми, објаснува Чакрески.На пат за Мариово се и членови на Спасителната служба “Златоврв” заедно со група на прилепски ловџии. Повеќе информации се очекуваатподоцна. 

Македонија

Богојески: Тешко НАТО

Published

on

Изборот на Шеќеринска за заменик ген-сек на НАТО е личен успех за неа, но не очекуваме да направи ништо за македонските национални интереси, како и до сега што не направила ништо за нив!

Ако ги земеме во предвид нејзините постапки со АРМ, соодветно би било истата да биде вратена и од НАТО поради нејзиното надалеку познато коруптивно поведение.

Continue Reading

Македонија

Се одбележува Денот на албанската азбука

Published

on

Во пресрет на одлуката на Уставниот суд за Законот за употреба на јазици и во ек на жестоки политички препукувања за наводно загрозување на албанскиот јазик се одбележа Денот на албанската азбука. 

Од ДУИ одржаа посебна јавна дебата за значењето на албанскиот јазик и Рамковниот договор со порака дека албанскиот јазик е црвената линија во, според нив, политичките битки за демонтирање на Охридскиот договор. 

-Посебно поради фактот што се предизвикува официјалноста на јазикот преку иницијативите поднесени пред Уставен суд од политичари и политички партии. Ние сметаме дека официјалниот албански јазик е еден од најважните елементи на Рамковниот договор. Тој е столбот на кохезијата, меѓуетничката хармонија во Република Македонија и сакаме оттука од еден мултиетнички панел, едногласно да дадеме порака дека албанскиот јазик е линијата што не смее да се пречекори, во овие политички битки за демонтирање на Рамковниот договор, изјави Османи.

Критиките кон Уставниот суд се неосновани со цел да се создаде вештачка криза таму каде што ја нема, одговори првиот вицепремиер Изет Меџити на свечената академија што ја организираше Владата. Очекува од Уставниот суд да не се впушта во политички размислувања туку да остане непристрасен арбитер. Според премиерот Мицкоски, пак, време е за сплотеност и просперите, наместо теми кои ги делат граѓаните, наметнати од поедници.

-Оваа година манифестацијата нè дочека во жестока дебата околу службената употреба на албанскиот јазик. Ова е за дефокусирање на јавниот интерес и произведување вештачка криза таму каде што нема. Оваа дебата предизвикува непотребни тензии во регионот. Сум повторил и ќе кажам повторно – ниту едно право не може да се укине. Уставниот суд за жал, денеска се претвори во змеј и сите фрлаат со стрели кон оваа институција, на која треба да се гледа со почит како гарант за правата на граѓаните, изјави Меџити.

-Денот на албанската азбука е потсетник за тоа како писменоста и образованието можат да бидат мостови меѓу луѓето. Не темите кои не разделуваат, не политичките барања на поединци кои многу години претходно се криеја позади народот кого го крадеа. Јасното фокусирање кон приоритетите, кон реалните потреби за образование, економија и напредок ни помагаат да ги надминеме разликите, да ги споделиме нашите вредности и да изградиме посилна, поединствена заедница, изјави Мицкоски.

Честитки до албанската заедница по повод празникот меѓудругите упати и претседателката Гордана Силјановска Давкова со порака дека почитувањето на јазичните разлики нѐ прави демократско мултикултурно општество. На меѓусебна соработка и градење мостови за подобра држава повика и лидерот на СДСМ Венко Филипче во неговата честитка.

Continue Reading

Македонија

НОРМАЛИЗИРАН ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ, СТУДЕНТИТЕ ПОПЛАДНЕ НА ПРОТЕСТ

Published

on

Oд утрово се нормализира автобускиот превоз во Скопје, откако синоќа во базните станици на ЈСП беше испорачана нафта за автобусите.

Вчера главниот град остана без јавен превоз поради недостиг на нафта. Возеа само 25 автобуси на гас.

За денеска во 13 часот пред бараките на Град Скопје е најавен протест организиран од градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш, а во 14 часот ќе се приклучат и студентите од УКИМ.

Советот на Град Скопје вчера одржа вонредна седница поради состојбата со автобусите, при што кКоординаторите на советничките групи постигнаа консензус и донесоа заклучок со којшто ја поздравија одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк