Connect with us

Македонија

Се огласи Ина Многуфина: Џабе му се смеевте на народот дека коглупи празнеле рафтови

Published

on

Џабе му се смеевте на народот дека ко глупи празнеле рафтови од страв од воj на, маркетите си ги тргале производите за да можат да ги извадат денес по нови цени и тоа е се што треба да знаете за газдите на тие маркети, за почитувањето према нивните муштерии и за целиот неетички бизнис пристап во време на пан демија и најави за кp иза. Го вна профи терски! – Напиша Ина Многуфина на својот фејсбук профил:

Македонија

Жена нашла туѓа платежна картичка, па си пазарела со неа

Published

on

Во март 2024, пријавената пронашла платежна картичка, сопственост на Љ.Н., при што во повеќе наврати, извршила трансакции на различни локации.

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.Ц. (49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Во март 2024, пријавената пронашла платежна картичка, сопственост на Љ.Н., при што во повеќе наврати, извршила трансакции на различни локации.

Continue Reading

Македонија

ХЕЦ Чебрен ќе се гради, но ќе биде во државна сопственост

Published

on

Хидроцентралата Чебрен да биде во државна сопственост. За оваа владина идеја на маса се седнати стручни лица од сите опфатени области. Владата не се откажува од изградбата на хидроцентралата Чебрен, а целта е истата да биде во државна сопственост. Нова студија нема да се прави. Ќе се искористат постоечките, а планот е државата да биде доминантен сопственик, во корист на сите.

Овие информации денес ги соопшти министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на денешниот брифинг со новинарите.

-Сакаме тоа да биде државен проект, но прво да видиме колку пари ќе чини. Или ќе гледаме да биде во доминантна државна сопственост. Според некои проценки, сумата може да стаса од 600 милиони до една милијарда евра. Тоа за Македонија е многу, рече Божиновска.

Таа додаде дека треба да се инвестира во Чебрен за Македонија да биде енергетски независна. Особено, ако се земе предвид дека во последните три години сме дале 340 милиони евра за увоз на струја.

-Во ЕСМ постојат студии од 1960 година, а последната е од 2022 година. Професорите ги разгледаа сите студии. Ние не сакаме пак да правиме физибилити студија, тоа да ни одземе една година, или година ипол. Сакаме да направиме еден проект, за да видиме што може да се направи затоа што хидрологијата е подложна на климатските промени, рече Божиновска.

Министерката потврди дека има заинтересирани странски инвеститори за хидроцентралата и дека сакаат во изградбата да бидат вклучени домашни фирми и експерти.

Кај минатата Влада на СДСМ, немаше никаков интерес за вакви проекти, па екс-премиерот Ковачевски сакаше да го даде во странски раце и да го продаде Чебрен.

Владата на Мицкоски, размислува во насока Чебрен да стане во државна сопственост.

Continue Reading

Македонија

“Ќе ги исклучиме сите семафори во Скопје ако нема плата” – вработени во Улици и патишта

Published

on

Вработените во „Улици и патишта“ утринава протестираа пред канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска, заканувајќи се со гасење на семафорите низ цело Скопје и целосна блокада на главниот град , пренесува Сител.

„Доколку не земеме плата, ние си продолжуваме. Од понеделник со возила ќе излеземе на улица и семаформите ќе ги исклучиме да не работи целиот град“ – Нусрет Пашалиќ, вработен во Јавното претпријатие „Улици и патишта“

Според синдикатите, доцнењето со платата не е единствениот проблем. Тврдат дека сметката на претпријатието е блокирана поради долгови, нема ризла и нафта за работа, дел од машините се расипани оти не се сервисирани, а имаат и проблеми со регистрацијата.

„Побарано е од раководството на јавното претпријатие, синдикални пари што има членство тие скромни пари, да им ги дадеме да ги регистрираат возилата. Луѓе, ова е жално, смешно, трагично не знам како да кажам“ – Марјан Ристески, КСОМ

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк