Connect with us

Македонија

Tито: Македонците го бранат Путин, затоа што бараат лидер кој ќе ги заштити

Published

on

Тито Петковски, претседателот на НСДП, во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 и порача на Владата во понатамошниот тек од преговорите да побара промена на Ангел Димитров, копретседавачот на мешовитата икомисија за историски прашања.

– Ангел Димитров не смее да биде копретседавцач и Владата да побара тој да биде разрешен од Бугарија, рече Петковски, повикувајќи се на работата во минатото и ставовите на претседателот на бугарската страна од комисијата.

Тој додаде и дека Македонците го величат рускиот претседател Владимир Путин на социјалните мрежи затоа што бараат лидер кој ќе ги заштити со цврста рака во управувањето и кој ќе се спротивстави на неправдите на Западот.

– Само од овој аспект се поддржува Путин. Нашиот човек бара водач, лидер што ќе ги заштити и ќе им отвора перспективи и затоа бараат авторитарна личност. Затоа најмногу во моментов успева Вучиќ на Балјанот, а тој е авторитарна личност. Вие да држите 30 години една мала земја како Македонија со затворени врати и да не убедувате без да ни го дадат тоа право, вие не можете да ја сакате ЕУ и тогаш се вртите кон личност која се спротивставува на таков свет, вели Петковски.

Тој додава дека самиот Запад дава лоши примери со санкциите кон Русија и дека економската војна скапо ќе ја платата граѓаните.

– Со ниту еден аргумент не може да се оправда однесувањето на Западот и бркањето на уметници на првенката на Метрополитен, на оперските куќи да не ги прикажуваат делата на Чајковски, исклучување на спортски клубови, Челзи во Англија, тешко може да се процени во која насока ќе оди тоа, коментира искусниот политичар.

Според него, Македонија треба да води своја независна политика, а не слепо да ги следи туѓите интереси.

– САД не набавува повеќе нафта од Русија, но сега отвори договори за набавки на нафта од своите непријатели – Венецуела и Иран. Затоа велам дека Македонија треба да си води сопствена прагматична политика. Македонија после ова „не“ на ЕУ преку Борел, треба да се посвети на долгорочните интереси. Европа сега долго време ќе се бори со своите внатрешни проблеми, потенцира Петковски.

Македонија

Вработување: ООУ „Симче Настовски“ с. Вратница, плата 35.531 денар

Published

on

ООУ „Симче Настовски“ с. Вратница, Јегуновце објавува оглас за вработување на 1 јавен службеник од група I, подгрупа II. Работното место вклучува организирање административно-канцелариски задачи и обезбедување комуникација меѓу учениците, родителите и наставниот кадар.

https://prijava.aa.mk/#/announcementDetails/4046

Continue Reading

Македонија

61-годишна жена го роди своето прво бебе, таа е највозрасната прворотка во Македонија

Published

on

Според досегашните информации, мајката и бебето се во општа стабилна состојба. Бебето било зачнато со ин витро.

61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија пред неколку дена во Скопје. Случајот се смета за највозрасната прворотка во Македонија.

Според досегашните информации, мајката и бебето се во општа стабилна состојба. Бебето било зачнато со ин витро.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска Папестиев за денеска на пладне најави повеќе детали.

Continue Reading

Македонија

Полицијата морала да интервенира: Маж од Тетово ја истепал сопругата

Published

on

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.З.(36) од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ во врска со семејно насилство и „загрозување на сигурноста“.

На 20.11.2024, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк