Connect with us

Македонија

Радев: Македонскиот идентитет e фалсификат на комунистичката интернационала

Published

on

Бугарскиот претседател Румен Радев продолжува со изјавите за наводна антибугарска идеологија во Македонија и дека македонскиот идентитет е измислен од комунистичката интернационала. Зборувајќи пред бугарските новинари, тој кажа и дека за време на „југословенската диктатура“ во Македонија, десетици илјади Бугари биле носени во концентрациони логори.

„Време е антибугарската идеологија, која што вирее во Република Северна Македонија и очигледно ги труе нашите односи и намерно го подрива патот на земјата кон Европската унија, да остане во минатото. Обидот на македонските политичари да градат идентитет на база на фалсификатите на комунистичката интернационала, а не на историската вистина, се против интересите на македонските граѓани кои навистина сакаат членство во ЕУ“, тврди Радев.

Бугарскиот претседател зборуваше и за Ванчо Михајлов, откако викендов во Битола беше отворен културен клуб со неговото име, а на отворањето присуствуваше бугарскиот државен врв, предводен од премиерот Кирил Петков.

„Ако зборуваме за фашизам, треба да е јасно дека Иван Михајлов е човекот кој му откажа на Хитлер да ја вовлече Македонија во братоубиствена војна со Бугарија. Не Иван Михајлов, туку други луѓе, по воспоставувањето на југословенската диктатура во Македонија, убиваа и испраќаа десетици илјади во концентрациони логори, само затоа што решија да продолжат да се нарекуваат Бугари. Е тоа е вистински фашизам“, кажа Радев.

Претходно денеска, премиерот Димитар Ковачевски за отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола кажа дека е провокација која што не оди во насока на подобрување на односите и постигнување на договор, а со тоа и отворање на преговорите за земјава со ЕУ.

„Во однос на настанат кој се случи во саботата, тој не претставува ништо повеќе од провокација бидејќи ги буди духовите од минатото. Се работи за личност која што била соработник и на Хитлерова Германија и на Мусолинова Италија и на Павелиќ и која со тоа воопшто не може да придонесе како личност што може да биде мост за иднината, за пријателство меѓу двата народи и како мост за европскиот пат на државата“, кажа Ковачевски.

Македонија

КРШЕЛ ИНВЕНТАР ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА Охриѓанец се обидел да изврши разбојништво

Published

on

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д. (32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво во обид” и „загрозување на сигурноста, се вели во полицискиот билтен.

Охриѓанец влегол во спортска обложувалница и пробал да одземе пари од вработен, а откако не му успеал, оштетил дел од инвентарот.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д. (32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво во обид” и „загрозување на сигурноста”, се вели во полицискиот билтен.

Continue Reading

Македонија

Пешак тешко повреден во: Возачот избегал, па бил фатен од полицијата

Published

on

На 21.12.2024 во 22.30 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на ул.„Стив Наумов“ во Охрид патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(42), удрило во пешакот М.А.(41), двајцата од Охрид, по што го напуштило местото на настанот, информира МВР.

По преземени мерки од полициски службеници, С.Р. е пронајден и лишен од слобода.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Continue Reading

Македонија

Коњановски: Битола ја пишува новата зимска приказна

Published

on

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денес ја отвори новата зимска манифестација „Зимска приказна“ на Пелистер, која ја обедини природата, традицијата и заедницата. Со повеќе од 1.000 посетители и учество на над 20 локални производители, настанот претставува голем успех за промоцијата на зимскиот туризам во Битола и околината.

„Ова не е само уште еден настан – ова е симбол на љубовта кон нашата Баба Планина и кон сè што таа претставува за нас. Битола го отвора своето срце за сите љубители на зимата, авантурите и автентичната македонска традиција,“ изјави Коњановски.

Кулминацијата на денот беше отворањето на „Куќа имам на Пелистер“, инспирирана од стиховите на Јонче Христовски, која ќе стане нов симбол на зимските манифестации во регионот.

Од лизгалиштето во центарот на Битола до снежните авантури на Пелистер, оваа иницијатива создаде нови можности за локалните производители и за развој на туризмот.

„Битола станува нова зимска дестинација. Благодарност до Националниот парк Пелистер, локалните производители и сите што помогнаа да ја оживееме оваа идеја. Заедно ја пишуваме новата зимска приказна на Битола,“ додаде Коњановски.

Со планови за проширување на настанот и во наредните години, „Зимска приказна“ има потенцијал да стане централна точка на зимскиот туризам во Македонија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк