Ви текнува на комарциве летово? А на прскањето против нив? Ви текнува ли кога таму некој лик од таму некојси аероклуб кој го извршуваше туширањето, пардон, прскањето, беше прашан што точно се прска врз населението? Тој на ова прашање одговори низ филтер на заостанат, и го даде следниот одговор: „Со средство на Бајер, знаете ли воопшто кој е Бајер, чојче…“Да. Во новини така пишуваше. Неговата изјава беше: „Знаете ли кој е Бајер, чојче.“ Убеден ликов, дека ова е доволно за да послужи како сеопфатен одговор на прашањето – што хемикалии се прскаат врз населението.Да. Ние знаеме кој е Бајер. Чојче. Ти дали знаеш, кој е Бајер, надувана празна конзерво. Бајер е хемиски гигант кој со името ИГ Фарбен уште во нацистичка Германија се беше истакнал со високо-учинковити средства за прскање. Тие средства на почетокот беа антипаразитарни средства и инсектициди.
Пред речиси сто години, кога за радиумот се зборуваше дека е полезен за здравје, па испоцркаа во агонија илјадници луѓе распаѓајќи се живи, баш тогаш ИГ Фарбен кој после војната се преименува во Бајер, се истакна со успешен геноцид на инсекти и штеточини. И така еден ден, на Хитлер дур си го пијуцкал утринското кафенце, му светнало дека може да ги ангажира за малку поголеми „штеточини“ како што фашизоидите милуваа да нарекуваат ЛУЃЕ. И Бајер по налог на девијантната власт ни пет ни шест го изработи гасот Циклон Б, тажно познат по тоа, што со негова помош беа испрскани и усмртени милиони и милиони невини луѓе.Тоа е Бајер, дибече неотесано. Бајер е Циклон Б.Пред некоја година, Бајер го купи Монсанто за некои 50-60 милијарди долари. Да, баш тоа Монсанто. Монсанто денес е сопственост на Бајер и не си ја смени програмата на работење нити пак сопре со производство на еднакво како и претходно штетни производи, од кои исто така страдаат луѓе. Само што сега тие производи не се спакувани со етикета Циклон Б туку со етикета „Здравје во ГМО“. Или како што Бил Гејтс милува да раскажува, на пример во Хаваи пред десетина години, кога во име на Монсанто промовираше нов вид пестициди: „НИЕ, во средствата за прскање ставаме ВИТАМИНИ, за да бидат УШТЕ поздрави производите што ги конзумирате. Затоа што на нас, вашето здравје ни е МНОГУ важно. МНОГУ. Ептен.“… Потоа, кога за кратко време илјадници деца се испоразболеа од леукемија и други непријатни болести, кога им никнаа разни тумори по цело тело, тогаш дури им текна на Хавајските власти дека можеби сепак пиперките ги саделе со погрешниот човек. И го избркаа на клоци, со илјадници кривични пријави во багаж.Тоа е Бајер. Бајер е Монсанто. Дибеку аероклубски
.Зошто воопшто го спомнувам Бил Гејтс? Затоа што кај хавајскиот дебакл во кој настрадаа илјадници, Бил Гејтс веќе беше сопственик на Монсанто. Бил Гејтс го има купено Монсанто пред десетина години за 20-30 милијарди долари.Чекај да слегне……….Слегна?И за да биде целава приказна уште похистерична, откако го купи Монсанто, Бил Гејтс го откупи најголемиот пакет акции во Бајер и со тоа стана најголем акционер во Бајер. Слегна и ова сега?Бил Гејтс, кој денес е малтене власник на Бајер, е власник на Монсанто, и е сериски разболувач и усмртувач, каде и да оди да прска или вакцинира. Секогаш упорно и благодарение на поткупливите новинари и уредници успева да ги продава производите како спасоносни и унапредувачки по здравјето. Не мора ни да се истражува онака како што се вели – Follow the money (следи ги парите). Доволно е да се следи трагата на болести и смрт.Но за да не бидам расипувач на забави, сепак барем малкуцка да ги следиме и парите.
Откако го купи Бајер односно поголемиот удел акции на Бајер, БАЈЕР, во сопственост на Бил Гејтс, го купи МОНСАНТО, исто така во сопственост на Бил Гејтс. Односно, Бил си ја плати на Бил целата инвестиција сам на себе, со пари на фирмата која што само што ја купил. Сега за сега уште никој не го повикал на одговорност заради оваа финансиска малверзација и кој знае уште колку нечесни постапки. Тој, под капата на познат фармаколошки гигант спокојно продолжува да си произведува „витаминчиња“. У пичку матер. Ми се сврте во глава од толку филантропија. Апропо филантропи. деБил Гејтс, типот кој што ни факултет не завршил, ама е експерт за здравје на 7 милијарди луѓе, типот за кој што се зборува дека и патентот за Микрософт го украл од својот долгогодишен партнер затоа што за ама баш ништо не го бивало, е растен со златно лажиче во устето. Бил Гејтс не јадел леб и сол, нити пак растел во некое симпатично семејство од ниска или средна класа, кое го живеело американскиот сон, воздигнувајќи се во редовите на едниот процент. Тој е роден во златна колевка и со милионите на дедо прчкал нешто со програмирање. Според биографијата на неговиот долгогодишен партнер, Микрософт е украден патент од другарчето со кое работеле. Немало само една, некоја си гаража. Имало една празна гаража, од вкупно 20 зафатени со поршеа и масератија гаражи. Меѓутоа, на крајот, тоа во што Бил Гејтс навистина се покажал дека има генијална жичка, бил неговиот талент да заебува луѓе и потоа да печали од нив. И така почна да произведува вируси за кои што произведува антивируси.
И еве, веќе добри 30 години ние инсталираме антивирусни програми кои ги купуваме од Бил Гејтс, за да си ги заштитиме компјутерите од вирусите кои ги креира Бил Гејтс. Гение. Ама гение за поквареност и нечесност. Вирусно-антивирусен поган “експерт”. Или на нашки, лопужа фолирантска. Како викаше Ѓорѓе: Принцип је исти, све су остало нијансе. Ако принципот може со продукт компјутер, зошто да не може со продуктот човек. Зошто па да не. Пари се во прашање. Колку вреди твоето заболено тело?Не, били бој не го живеел американскиот успех на издигнување од ендекот до врвот од висококатницата. Неговиот дедо бил директор на Федерал Резерве, Вилијам Гејтс Први (William H. Gates I). Чекај малку. Не знаеше дека е внук на функционер од Федерал Резерве?? Ме заебаваш. Не те интересира леглото на човекот, кому си спремен да му дозволиш да ти вбризгува течности во телото?? Не, ме зезаш, гарант.Значи, на нашиов деБил, дедото е Вилијам Гејтс Први. А татко му е Вилијам Гејтс ВТОРИ (William H. Gates II), еден озлогласен трансхуманист, кој исто така како преден дрес ја носи паролата на филантропијата. Структурата и логистиката на експерименталните вакцинирања во Африка и во Индија тој ја има воспоставено. Меѓу другото, е еден од основачите на ланецот приватни клиники за абортус „Планирано родителство (Planned Parenthood)“. Ги знаете сигурно, стално пред нивните клиники има луѓе што протестираат. На Вилијам Гејтс Втори, татко му на Бил Гејтс, најпознатиот цитат гласи вака:„Најдоброто нешто што едно семејство може да го направи за своите деца е – да ги убие.”…Да. И тоа е Бајер. Крушата под круша ГМО раѓа.Меѓутоа! Овој „нашиов“ сигурно не е толку алчен по профит како дедо му, нити е толкав човекомрзец со фантазии за масовни убиства како татко му. Овој, третиов, гарант е подобар. Сигурна сум. Мислам дека треба да имаме доверба во него. Милион посто.
Да им дадеме уште една шанса на фамилијава. Греота се.Знаете ли дека илјадници книги се напишани за идеолошката определба на семејството како главна референтна точка за системот на вредности и сликата на детето за светот? Систем на вредности се пренесува од генерација на генерација, и на нашки се нарекува – (семејна) традиција….Како што гледам, повеќето се надеваат дека оваа луда ситуација ќе исчезне чудновато преку ноќ. Едно утро кога ќе се разбудиме, ќе земеме длабоко свеж здив нормалност и сé ќе си биде пак ОК. А можеби и ќе се појави некој што ќе нé спаси? Ќе се појави поединец или организација и ќе го спаси човештвото и нас со сé него! Њузфлеш: е па нема. Нема “друг” да ги средува твоите проблеми. А најмалку ќе ги средиш ако слепо го следиш стадото.Може ли ве молам само за секунда да престанете да се плашите од гласовите кои ви доаѓаат низ звучниците? Видете КОЈ ни зборува. Слободни сте да не бидете послушни, само затоа што “од горе” доаѓаат некои мислења не значи дека БИЛО КОЈ им должи почит, а уште помалку послушност.
Слободни луѓе сме, никој не нé поседува. И во природата на демократот е да е свој. И да поставува прашања. И да избере дали тој или некој друг ќе му ја крои сегашноста и иднината.Колку вреди твоето здравје?Човек не може да смени нешто, ако постапува секогаш исто. Не можат да се очекуваат поинакви резултати, ако им претходат секогаш исти дејствија – или секогаш иста пасивност. Ако навистина сакаме да смениме нешто, мора во нешто да постапиме поинаку. Во спротивно, нема да доживееме поинакви резултати. На пример, следен пат кога ќе посакаат да нé прскаат или кога ќе се обидуваат да ни вбризгуваат витаминчиња, наместо послушно и дисциплинирано да следиме препораки на филантропи од горе опишаниот ков, да одговориме со земја – воздух. Заради што? Заради тоа што „знаеш ли кој е Македонче, чојче.“