Connect with us

Македонија

Во Струга се одржа Литијата со моштите на Свети Георгиј Победоносец

Published

on

Молитвената поворка од храмот на светителот, според традицијата, се движеше низ централните градски улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно се вратија во црквата, каде верниците имаа можност да се поклонат пред моштите на Свети Георгиј.

Со отслужување на ктиторската вечерна богослужба во храмот „Свети Георгиј Победоносец” во Струга и молитвена поворка низ градот, попладнево се одржа познатата струшка Литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец”, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица.

Молитвената поворка од храмот на светителот, според традицијата, се движеше низ централните градски улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно се вратија во црквата, каде верниците имаа можност да се поклонат пред моштите на Свети Георгиј.

Сестра Ефимија од женскиот манастир во Рајчица истакна дека како и секоја година стружани најгостољубиво и најдостоинствено ги пречекуваат моштите на Св. Георгиј Победоносец и крминската икона на Богородица кои многу силно го излеваат својот благослов кон сеопштата и сенародна радост.

-Велам сеопшта и сенародна, бидејќи околу оваа литија е обединета и целата наша земја и соседните простори, нагласува сестра Ефимија.

Верничка, учесничка на литијата забележува дека секоја година се поголем и поголем број на луѓе се собираат и дека годинава таа стана не само балканска, туку и дека доаѓаат луѓе кои се иселени од Америка, Австралија за да присуствуваат на оваа литија.

-Се радува великомаченикот Георгиј гледајќи не собрани во толку голем број секоја година се повеќе и повеќе. Да бидеме истрајни во верата како Св. Георгиј и да бидеме радосни во духот. Благодарност до Владиката Партениј и Бигорскиот манастир што ни овозможија да присуствуваме на највеличествениот и најубавиот ден. Литијата ни е позната ширум Балканот и сите сме сведоци на тоа. Среќна, радосна и исполнета сум, достоинствено горда што сум дел од сето ова и ќе го искористам моментот да ги цитирам зборовите на владиката Партениј: „Сакајте, почитувајте и проштавајте, по тоа ќе ве познаат, по љубовта”, порачува верничката Весна.

Видео:

https://www.facebook.com/goce.veljanoski.3/videos/5302946446394072/

https://youtu.be/JKShvA6zObU

Македонија

Извлечено возилото од Вардар: Пронајдени тела на три лица, потрагата по четвртото продолжува

Published

on

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека автомобилот кој излета во Вардар е извлечен. Во него биле пронајдени тела на три лица.

-Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено. Од него се извадени телата на три лица. Потрагата по четвртото лице продолжува, велат од ЦУК.

Во автомобилот било и четиригодишно дете кое е спасено од случајни минувачи и е пренесено во клиниката за детска хирургија.

Continue Reading

Македонија

Хорор во Блок 70: Татко си го убил сопствениот син

Published

on

Татко си го убил сопствениот синот вечерва во Тетово, објавија повеќе локални медиуми.

Според нив, се работи за македонско семејство кое живеело во населбата Блок 70.

Според првите информации се работи за семејна тепачка која завршила со убиство, таткото го убил синот. 

Како што дознаваат медиумите, таткото во тешка психолошка состојба е пренесен во тетовската болница.

Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово. Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловачка пушка. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово

Извор: 24инфо.мк

Continue Reading

Македонија

Убиство во Тетово – татко го застрелал синот со ловечка пушка

Published

on

Семејна трагедија вечерва ги потресе жителите на Тетово – татко со ловечка пушка си го убил синот, објави ТВ21.

На местото на злосторството, во населбата Блок 70, вечерва пристигнала полицијата, која го пронашла оружјето со кое е извршен насилниот чин.

Според првичните информации кои ги објави телевизијата, таткото два дена не излегувал од станот и полицијата се сомнева дека убиството е извршено пред два дена. Осомничениот е однесен во болница поради неговата психичка состојба.

Засега нема информации за мотивот за убиството.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк