Connect with us

Македонија

Ковачевски пред Вартоломеј – „Народот на Cеверна Македонија“

Published

on

Денес е голем историски ден, затоа што после векови Охридската архиепископија сослужува заедно со Вселенската патријаршија. Беше исправена една голема историска неправда, нагласи премиерот Димитар Ковачевски по денешната Патријаршиска и синодална литургија во Соборниот храм „Св. Георгиј“ во Истанбул.

– Ќе се послужам со зборовите на нашиот архиепископ г.г. Стефан кој на крајот на литургијата кажа дека Охридската древна архипескопија секогаш била рамо до рамо со Вселенската патријаршија, како татко и син, како мајка и ќерка, како брат и брат, сослужител со служител. Затоа денес целиот наш народ, сите наши православни верници со големо воодушевување ја примија веста за ова заедничко сослужување за коешто јас искрено верувам дека после примањето во сослужување и канонско единство на нашата црква ќе биде крунисано и со издавање на томос од страна на Вселенската патријаршија, рече Ковачевски.

Тој упати порака до сите православни верници во целиот свет, до сите свештеници од православниот свет да ја посетат Македонија, како и да го посетат древниот Охрид кој, како што кажа, претставува катедра на православието.

Вселенскиот патријархот г.г. Вартоломеј посочи дека добил покана од премиерот Ковачевски да ја посети нашата земја и изрази надеж дека во еден момент ќе ја има радоста да оствари една таква посета, возвраќајќи му на неговата денешна посета во центарот на православието.

– Бидете уверени сите во Македонија дека нема да ги демантираме вашата доверба и очекувања. Долг на мајката црква е да биде до нив и да им помага на нејзините ќерки, а особено вашата црква која околу шест децении се измачуваше одделена од останатите православни, рече вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј.

Во текот на овие 30 години откако е патријарх, додаде, примил претседатели и премиери од нашата земја, кои сите имале, како што вели, благородна добрина да го поканат за да оствари посетата.

– И секогаш кажувам дека нема да ја остварам таа посета се додека не се оствари заедницата меѓу вас и нас. И ете Бог благослови да ја имаме таа заедница и денес да се причестиме од истиот путир и се надеваме ќе ја имаме таа прилика за посета. На овој голем историски ден го испраќам благословот кон благочестивиот народ на Македонија, посакувам вашата земја да стане член на Европската Унија, посакувам да биде со помин на сопругата на премиерот која има здравсвтени проблеми, од страна на Вселенската патријаршија ве прегрнувам сите вас со родителска грижа и љубов, порача г.г. Вартоломеј.

Македонија

Филков: Судскиот совет мора да биде ослободен од политички влијанија

Published

on

Министерот за правда, Игор Филков, денес ја отвори првата од серијата стручни дебати посветени на измените на Законот за Судскиот совет. Овие дебати се организираат во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, со цел создавање функционален и независен Судски совет, кој ќе работи исклучиво во служба на правдата.

„Судскиот совет мора да биде ослободен од политички влијанија и да функционира во интерес на правдата. Ова е од клучно значење за зајакнување на владеењето на правото во нашата земја,“ изјави Филков.

Работната група на Министерството за правда веќе подготви нацрт-измени, а јавноста, стручната фела, меѓународните организации и граѓанскиот сектор активно се вклучени во процесот на дебатирање. До крајот на годината, ќе се одржат уште три дебати, по што ќе следат конкретни предлози за законски измени.

Филков истакна дека транспарентноста и инклузивноста се клучни за креирање ефективен правосуден систем. „Ова е само почеток на нашиот реформски процес. Нашата цел е Судскиот совет да го вратиме на патот на вистинска независност и интегритет,“ додаде министерот.

Овие реформи се дел од пошироките напори на Владата за зајакнување на правната рамка и исполнување на европските стандарди за владеење на правото.

Continue Reading

Македонија

Важно предупредување од НЛБ Банка

Published

on

Почитувани клиенти,

Согласно предупредувањата на МВР, забележани се измами на наводни „финансиски советници“ кои на социјалните мрежи или преку телефонски јавувања нудат услуги за тргување со криптовалути, насочувајќи ги клиентите да инсталираат извесен софтвер и да прават трансфер на средства кон сметки кои измамникот ги посочува.

Ве потсетуваме:
-не инсталирајте непознат софтвер на уреди кои ги користите за пристап до електронско и мобилно банкарство

-не правете пренос на средства на сметки кои не ви се познати и за кои не знаете кому му припаѓаат

-никогаш не ги споделувајте податоците од вашата сметка, ниту вашите лични податоци, дури и ако лицето се претставува во име на Банката

Секој сомнеж пријавете го на 02/15 600.

Бидете исклучително внимателни и заштитете ги вашите лични податоци и финансиски средства.

Со почит,
Ваша НЛБ Банка

Continue Reading

Македонија

ДУИ сакале Пошта да ја претворат во Кабаре

Published

on

Претходното раководство на Пошта сакала од стариот објект кој изгоре во пожар да го претвори во кабаре.

Оваа информација денеска ја објави министерот за транспорт, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање за последниот извештај на Државниот завод за ревизија.

Вели дека претходното раководство сакало тотално да го уништи претпријатието. 

-Сакам да споделам уште една информација којашто не е позната на јавноста. Знаете дека централниот објект на пошта, за жал, настрада во пожар. Јас заедно со министерот за култура, со поддршка од Европската делегација, формиравме работно тело кое интензивно работи тоа да стане мултимедијален музејски центар. Планот на претходното раководство било да го издаде за ресторан со кабаре.

Николоски побара од ДЗР, но и од ОЈО да го испитаат и работењето на Агенција на пошти, бидејќи според него, лиценци добивале доставувачи кои работат во подрум.

Ревизорскиот извештај вчера пристигнал во Републичкото обвинителство и е доделен на јавен обвинител. Тој, согласно наодите од извештајот, потоа предметот се очекува да му го додели на Обвинителството под чија надлежност евентуалните злоупотреби.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк