Среќен сум и тажен. Среќен сум затоа што Божјата волја беше да се родам во Македонската лулка. А тажен бидејќи сите ние заедно споделувајќи ја радоста што му припаѓаме на овој народ, се туку и секаде некому му се објаснуваме и докажуваме, се што имаме и од неа никогаш и под никакви услови нема да се откажеме, порача спортскиот коментатор Тони Стојановски од денешниот протест под мотото „Ултиматум – Не благодарам!“
Стојановски пред присутните порача дека македонскиот народ е добродушен, но не и наивен, како и дека туѓото го почитуваме,
Ќе слушнат дека ние се родивме, живееме и ќе умреме во Македонија. Добродушни сме но, наивни не сме. Зло не мислиме, но зло повеќе не трпиме. На секој предлог, договор и услов кој што постои за нас ќе одговориме со НЕ, НЕ и уште една НЕ. Туѓото го почитуваме, добрата волја ја цениме, но вечерва овде, а и утре и задутре ако треба и во еоните ќе испратиме лавовски крик за да се разбуди исконот кај заспаните меѓу нас, рече тој.
Стојаноски потенцираше дека македонскиот народ е исправен пред тешка задача и токму поради тоа од платото пред Владата порача нон пасаран.
Македонци мои ние сме исправени пред тешка задача. Да љубиме безусловно а да ни поставуваат услови. Да почитуваме безгранично, а да ни поставуваат граници. Да сме подготвени на компромиси, а да ни нудат ропство. Вечерва им велиме нон пасаран, истакна тој.
Подадовме рака, ни ја бараат душата. А има ли цена душата? Колку гроша вреди крвта на предците, колку милиони вреди комфорот на наследниците? Ќе ги има ли воопшто ако се продадеме, праша Стојановски.
Стојановски изјави дека колку и да се обидуваат од државниот врв нарекувајќи ги самопрокламирани визионери, нема не можат да ја сотрат Македонија.
Само безумните може да веруваат дека иднината се менува на подобро со капитулантски потпис со откажување од претходната и со условување на следната генерација. И затоа наша обврска е повторно да им кажеме НЕ, Македонија НЕ БИЛА, НЕ Е И НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ НА ПРОДАЖБА.
ЉНе можат да ја сотрат Македонија, па колку и да сакаат да ја продаваат. Оваа држава Македонија настана со револуција, не една туку повеќе, со јасна историска постојаност. И затоа оваа држава Македонија нема да падне со еволуција на таканаречените европски вредности, туку ако паднеме ние Македонците ќе паднеме од гола сила. А и тоа нема да биде лесно, ниту ќе биде со наша добра волја, ниту ќе биде со потпис на кој било самопрокламиран визионер од државното раководство. Отпорот ќе биде секогаш и засекаде а победата е загарантирана затоа што Македонија, Македонците, македонскиот јазик и историја, култура и идентитет се единствената вистина. Македонци мои вистината се брише само со сила. Но колку и тие да се држат до силата ние нема да отстапиме од вистината, порача Стојановски.
Деновиве повторно во Тетово, водата за пиење има невообичаен мирис и вкус, што од 2017 година се појавува речиси секоја есен во октомври или ноември, но надлежните уверуваат дека водата е безбедна за пиење.
Според д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје Тетово, непријатниот мирис и вкус доаѓа поради паѓање на вегетацијата, најмногу од лисјата од дрвјата што паѓаат во речните води во месноста Лешница од каде се зема вода за новиот водоснабдителен систем.
-Нема опасност бидејќи мирис и вкус се субјективна категорија, водата е безбедна, кој може да ја пие, кој не може да не ја пие. Искуството од 2017 година досега покажало дека за неколку дена субјективнот мирис и вкус ќе го снема, изјави д-р Ратко Давидовски.
Годинава интензитетот е зголемен затоа што тетовскиот водовод повеќе користи вода од површинските односно речни извори.
-Поинтензивно е затоа што со 50 % учествува Лешнички систем во целокупното водоснабдување во градот. Треба да учествува со 30 проценти, другите количини да бидат од шарпланинските извори, но таму штедроста е значително намалена поради голема суша летово. Решение за да нема таков невообичаен вкус и мирис, е да се кондиционира на водата со озонирање или пак со активен јаглен. Озонирањето е потешко и поскапо, филтри со активен јаглен може да се направат за да не се случува, вели Давидовски.
Во системот има доток од 300 литри вода во секунда, односно по 150 литри од двата видови на извори.
Мислам дека САД ќе останат многу посветени и заинтересирани за членството на Северна Македонија во ЕУ. Ако јас бев Македонец ќе се чувствував комотно дека САД ќе останат партнер на државата и нејзините граѓани. Мислам дека ќе видиме поголемо нагласување на обидите да се реши предизвикот со кој се соочуваме на Блискиот исток, предизвиците во Украина и мислам дека ќе ги видиме САД посилни, одговори поранешниот конгресмен Бил Флорс од Републиканската партија на САД на прашањето дали по завршување на претседателските избори очекува да се промени надворешната политика на САД и дали ќе се зголеми интересот за Западен Балкан.
Како што изјави поранешниот конгресмен Бил Флорс во Тема на денот на дневникот на Сител телевизија, пристапувањето во ЕУ е важно не само затоа што тоа ќе ја направи ЕУ посилна, туку исто така е важно и за економијата на Северна Македонија.
– Повторно ќе кажам дека Македoнија ќе има добар партнер. Бев тука во 2018 година, како дел од Преспа процесот и кога државата организираше референдум за промена на името и многу луѓе мислеа дека тоа ќе биде последен чекор, но ЕУ кажа дека има уште еден чекор за пристапување. САД ја поддржуваат Северна Македонија во тој процес, нагласи Флорс.
Дејвид Скагс, поранешен конгресмен од Демократската партија, истакна дека негово лично мислење е дека смета оти во интерес на САД е Македонија да биде целосно интегрирана во европскиот систем, и одбранбено и економски.
– За нас тоа има смисла, но мора да бидеме внимателни каква може да биде нашата соодветна улога, да не им кажуваме на други држави што да прават, рече тој.
Двајцата американски конгресмени сметаат дека согласно она што виделе денеска се уверени во способноста на Собранието на Република Македонија да оди напред.
– Врз основа на тоа што го видовме деновиве знаеме дека Собранието има усвоено Етички кодекс, но тој се уште не е целосно имплементиран. Според разговорите што ги имавме денеска, имаме впечаток дека сите и вработнеите и пратениците, би сакале да имплементираат систем во кој ќе се вметнат најдобрите практики и ние се надеваме дека овој ентузијазам што го видовме ова утро ќе продолжи, рече меѓу другото Бил Флорс.
Според Дејвид Скагс, она што го виделе во изминатите пет дена, партиската дисциплина во државава и во многу други парламентарни држави, како што рече, е многу повеќе строга отколку што е во Конгресот.