Извршниот одбор на НСДП сооопшти дека одлучи да го прифати компромисниот предлог на француското претседателство за решавање на спорот со Република Бугарија и отпочнување на преговорите со Европската Унија ставајќи го во преден план, како што е наведено, државниот интерес во преден план и имајќи ги предвид „политичкиот моментум во кој се наоѓа земјата исправена пред стратегиски предизвици од кои зависи иднината и правецот во кој ќе се движи државата“Овој компромисен предлог е во рамките на Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија од август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции од јули 2021 година, нагласува НСДП и смета дека:
„Со овој предлог македонскиот јазик како најбитен идентитетски белег станува рамноправен јазик во Европската Унија и целокупната правна документација на Европската Унија ќе биде преведена на кодифицираниот македонски јазик, a македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на Европската Унија“.
НСДП наведува дека при градењето на ставот особено бил почитуван ставот на научната и стручна јавност, како на Советот за македонски јазик (СМЈ), кој го донел следниот заклучок: „Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија“.
Утврдувањето на конечниот став по финалниот француски предлог за решавање на спорот со Република Бугарија, НСДП нагласува дека студиозно и аналитично го разгледа и донесе одлука во интерес на иднината, во интерес на демократскиот и економски развој на државата, во интерес на меѓународното етаблирање и геостратешко позиционирање на државата.
„Затоа повторно ги повикуваме на државничко однсување сите политички и општествени чинители кои треба да се изјаснат по овој предлог. НСДП бара Владата на Република Северна Македонија храбро да истапи и да го прифати предлогот на француското претседателство со Европската Унија и истиот да го достави на разгледување во Собранието на Република Северна Македонија заради негово потврдување и донесување на обврзувачки заклучоци за неговата имплементација која мора да биде во рамките на Резолуцијата донесена во јули 2021 година“, пишува во соопштението.
АД МЕПСО официјално го стави во полна функција 400/110 кV трансформатор во трансформаторската станица (ТС) Битола 2. Ова претставува пресвртница во обезбедувањето енергетска стабилност за југозападна Македонија и за целиот национален енергетски систем, соопшти МЕПСО.
„Пуштањето во функција на новиот трансформатор го зајакнува клучниот дел од енергетската инфраструктура, враќајќи ја сигурноста во регион што беше изложен на сериозни ризици. Благодарение на проактивната интервенција на новото раководство, решен е еден од најголемите системски проблеми и се обезбеди стабилност на енергетскиот систем каде што беше најпотребна.
Со ставањето во функција на новиот 400/110 kV трансформатор, целосно ќе се обнови енергетскиот систем ТС Битола 2, значително намалувајќи го притисокот врз преносната мрежа. Ќе ја зајакне сигурноста на снабдувањето во градовите Струга, Охрид, Ресен, Битола и Прилеп, обезбедувајќи стабилна електрична енергија за време на зголемената потрошувачка во зимските месеци и ќе обезбеди непречено производство на електрична енергија во РЕК Битола, кој е клучен снабдувач на електрична енергија во државата.
‘Ова не е само техничка надградба – ова е обезбедување на стабилно снабдување со електрична енергија за граѓаните на Југозападна Македонија’, вели генералниот директор на АД МЕПСО Бурим Љатифи. ‘Наследивме систем на работ на колапс, но со фокус, итност и експертиза, испорачавме решение кое ја враќа стабилноста, довербата и отпорноста’.
Проектот, првично започнат во 2023 година, но занемарен од претходното раководство, беше оптоварен со доцнења и пропусти. Под водство на новото раководство, проектот беше оживеан и забрзан за да одговори на итните потреби на регионот. Успешното испорачување и монтажа на трансформаторот вклучуваше навигација низ логистички предизвици, сложени транспортни рути и неповолни зимски услови. Без оглед на пречките, техничките тимови на МЕПСО работеа неуморно за да осигураат дека опремата е инсталирана и подготвена за работа.
Граѓаните заслужуваат резултати, а не изговори. Со пуштањето во функција на овој трансформатор, докажавме дека кога постои волја, постои и начин. Продолжуваме да работиме неуморно за изградба на посилен и поотпорен енергетски систем за иднината на Северна Македонија.
Ова достигнување е само почеток на сеопфатниот план за модернизација на енергетската инфраструктура во нашата држава. Компанијата останува посветена на зајакнување на националната мрежа, елиминирање на наследените слабости и обезбедување сигурно снабдување со електрична енергија за сите граѓани“, соопшти АД МЕПСО.
Во честиката од Сиљановска-Давкова се вели дека Божиќ беше, е и останува за навек возвишен и светол христијански празник, симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста
Да ги отвориме и на овој божиќен ден срцата за сите луѓе, да се обидеме да ја разбереме сечија потреба за среќа, да придонесеме за општествената благосостојба, пишува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во честитката по повод христијанскиот празник Божиќ.
Во честиката од Сиљановска-Давкова упатена до верниците, како и до поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско-методистичката црква, Емил Заев, се вели дека Божиќ беше, е и останува за навек возвишен и светол христијански празник, симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста.
Сиљановска-Давкова во честитката упатува и повик до верниците да ги посетат божјите храмови „за да ја засилиме личната и националната духовност“.
Видео спотот за обработката на Бисер Балкански е едитиран од Андреј Митев. Двајцата македонски бисери кои имаат по 14 години со видеото им посакуваат среќни празници на сите македонски граѓани.
Младиот македонскиот музички бисер Јован Цветиновски како честитка за Бадник и Божик за Македонците го обработи големиот хит „Бисер Балкански“ кој го пееше Гоце Николовски, а го напиша Хилми Билбил.
Видео спотот за обработката на Бисер Балкански е едитиран од Андреј Митев. Двајцата македонски бисери кои имаат по 14 години со видеото им посакуваат среќни празници на сите македонски граѓани.