Connect with us

Македонија

МИШЕЛ: АКО ГО ПРОМЕНИТЕ УСТАВОТ, АВТОМАТСКИ, БЕЗ НИКАКВИ ОДЛУКИ ЌЕ ГИ ЗАПОЧНЕМЕ ПРЕГОВОРИТЕ

Published

on

Според мене Македонија припаѓа во ЕУ, вашата иднина е со нас и заедно сме на почетокот на пробив, на започнувањето на преговорите. Одлуката за ова е кај Вас, тоа е ваш суверен избор, порача претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел, на заедничка прес-конференција денеска во Скопје со премиерот Димитар Ковачевски.

Оваа можност, според Мишел, е премногу важна за да се пропушти, нагласувајќи дека никогаш не сме биле толку блиску.

– Македонци, имате историска можност да кажете да, на почетокот на преговорите, да на ЕУ, да за нашите деца. Вашата земја има прилика уште еднаш да стане првак во проширувањето, изјави Мишел.

Минатата недела, појасни Мишел, Советот на ЕУ состави ново компромисно решение.

– Лично јас сум уверен дека ова е урамнотежено решение, кое што се упатува на вашите загрижености. Целта е јасна, да се започне со пристапните преговори и конечно да се придвижиме кон градење на нашата заедничка иднина во ЕУ. Ако кажете ДА, првата меѓувладина конференција ќе се организира во следните неколку денови и ќе ја имплементира одлуката од март 2020 година, изјави Мишел.

Следните чекори, посочи Мишел, ќе следат веднаш и ќе започне скрининг процесот и тимови ќе бидат повикани во Брисел.

– Со овој предлог јасно дискутираме и за македонскиот јазик – тој е ваш јазик и предлогот го почитува тоа. Законодавството на ЕУ целото ќе биде преведено на македонски јазик, изјави Мишел.

Свесни сме, рече Мишел, за загриженоста на некои луѓе во врска со вашиот национален идентитет.

– Може да сметате на мојата целосна поддршка како претседател на Советот на Европа дека систематски ќе стојам зад вашите легитимни права, рече Мишел.

Добрососедските односи, нагласи тој, секако се неопходен елемент во процесот на проширување, како што е за сите партнери од Западен Балкан.

– Во однос на почитувањето на малцинствата во Договорот за ЕУ е зацртано и во Северна Македонија гледам одличен напредок за ова прашање. Вие сте пример како мултиетничките држави можат да напредуваат. Ако го промените Уставот, тоа ќе се гледа како посветеност и придржување во овие високи стандарди и автоматски без никакви одлуки, тоа ќе ја отвори првата меѓувладина конференција и автоматски ќе ги започнеме преговорите, изјави Мишел.

Посетата на Скопје, Мишел ја оцени дека е клучен момент за Македонија, но и за ЕУ, потсетувајќи дека 27-те лидери на ЕУ се сретнаа со лидерите од Западен Балкан во Брисел пред две недели, каде имале искрен, отворен, но и тежок разговор.

– Слушавме многу внимателно и како резултат на тоа формално одлучивме да внесеме една нова динамика и продолжиме заедно со Западен Балкан. Сакаме да ни се приклучите и нашата цел е да го забрзаме процесот. Започнувањето на преговорите веднаш ќе донесе предности. Тоа ќе биде и дел од нови иницијативи и програми, но вие одлучувате за вшата иднина и клучните чекори, изјави Мишел.

Македонија

Девојка удрена од такси возило откако не сакала да плати 700 денари за дестинација Центар – Чаир

Published

on

Дваесет и двегодишна скопјанка вчера била удрена од такси возило откако одбила за превозот од центарот на градот до Чаир да плати 700 денари.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека околу 05:15 часот, 22 годишната Е.Т. се качила во такси возило без ознаки и откако ситгнале во Чаир каде требало да се симне, возачот и побарал да плати 700 денари по што таа одбила со образложение дека тоа се премногу пари.

Во моментот кога почнала да се симнува од возилото, возачот го стартувал возилото по што девојката паднала, а тој се вратил наназад со возилото и ја удрил.

– Е.Т. побарала лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во информацијата објавена во дневниот билтен на МВР.

Continue Reading

Македонија

МВР и Јавното обвинителство потврдија дека во тек е голема меѓународна полициска акција

Published

on

Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство потврдуваат дека во тек се повеќе полициски акции на територија на земјава, но повеќе детали најавуваат по завршување на акциите.

– Во тек се дејствија на меѓународен заеднички истражен тим, кој на наша територија е координиран од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во тек се повеќе полициски и други дејствија и во овој момент не можат да бидат споделени повеќе детали за да не се наруши постапката. Штом завршат оперативните дејствија, вклучените институции координирано ќе ја информираат јавноста, велат од Јавното обвинителство.

И од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека во тек е полициска акција, но повеќе информации најавуваат по завршување на акцијата.

Според дел од медиумите, се работи за акција за откривање и запленување на фалсификувани пари.

Continue Reading

Македонија

Сестрата на Фросина бара да одговараат судијката и таткото на возачот – не изразиле ниту сочувство

Published

on

Бараме да одговара и таткото на убиецот и судијката кои наместо да изразат сочувство, кукавички бришат профили, рече Росица, сестрата на загинатата Фросина Кулакова, на денешниот протест во Кавадарци.

– Оној што не успеал да го воспита сопствениот наследник да ги почитува законите, да разликува добро од зло и да живее чесно, не може да бара доверба да управува со државата. Напротив, ваквите лица не смеат да добијат јавна функција. Ние за Фросина бараме правда, не само од убиецот, бараме да одговара и татко му Зоран Јованов и од судијката Даниела Алексовска Стојановска, кои не излегоа јавно да изразат сочувство за семејството, туку кукавички се кријат и бришат профили. Правда за Фросина мора да има – порача Росица, објави Макфакс.

Вториот собир ќе се одржи денеска во 17 часот пред Универзалната сала во Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк