Connect with us

Македонија

Македонија донира тенкови на Украина (Фото)

Донирани се тенкови на Украина кои се од третата генерација и кои со оглед на развојот на технологијата се неконкурентни и некомпатибилни, соопшти вчера попладне Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија. Од Министерството без да ја споменат бројот на донираните тенкови, за МИА информираа дека дополнително во наредниот период би требало да се трошат и ресурси за уништување на тенковите, што според нив е нецелисходна активност за нашата Армија.

– Согласно донесените Одлуки од страна на Владата на Република Северна Македонија во неколку наврати донираше воена опрема за Украина во согласност со нивните барања и потреби, а во координација со сојузниците. Република Северна Македонија како кредибилна членка на НАТО, во линија со сојузниците и партнерите, почитувајќи го територијалниот интегритет, суверенитет и правото на самоодбрана на Украина, притоа строго осудувајќи ја агресијата на Русија на Украина, ги донесе овие Одлуки да упати помош на Министерството за одбрана на Украина, со одредена количина на материјални средства, наведува МО.

Се наведува дека врз основа на извршените анализи, препораки и усвоени планови за опремување на Армијата на Република Северна Македонија во наредниот период ќе се изврши трансформација, односно расформирање на тенковскиот баталјон, која како што велат оттаму веќе е во тек, и ќе се пристапи кон воспоставување на модерни и современи противоклопни способности и капацитети во Армијата.

-Имајќи ги предвид, НАТО-одбранбено планирање, планот за модернизација и опремување на Армијата, во тек е проект „Набавка на лесни оклопни возила на тркала”, согласно договорот со американската Влада, кој е започнат во 2019 година со склучување на Договори помеѓу Владите на Република Северна Македонија и САД. Пред некој ден пристигна и испораката на првите 6 ЛОВ ЈЛТВ во рамките на овој проект. Оваа испорака претставуваат сериозен исчекор во процесот на модернизација и опремување на Армијата согласно НАТО стандардите и ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е наша НАТО единица како и замена на застарените тенковски капацитети кои нема да бидат дел од армиската формација појаснуваат од Министерството.

Македонија

ВЛЕН: Решени сме да ја демонтираме културата на неказнивост

По повод Меѓународниот ден против корупцијата, коалицијата ВЛЕН испрати остра и јасна порака дека овој ден не е формалност за празни изјави, туку силен аларм за „болеста“ што со години ги разградува темелите на државата.

Од ВЛЕН нагласуваат дека корупцијата не е само кршење на законот, туку предавство кон граѓаните, кражба на иднината и уништување на јавната доверба. Според нив, корупцијата не се бори со зборови или документи „за око на јавноста“, туку со храбри одлуки, чесни луѓе и целосно отфрлање на компромисите со криминалот.

„Државата не се чисти со декларации, туку со карактер. Институциите не се градат со пропаганда, туку со интегритет. А правдата не е луксуз, туку обврска“, порачуваат од ВЛЕН, истакнувајќи дека се решени да ја демонтираат културата на неказнивост и да изградат систем во кој власта не е привилегија, туку одговорност.

Во соопштението се додава дека рамнодушноста значи соучесништво, а молкот – поддршка за неправдата. „Денес не е доволно само да се осуди корупцијата, туку мора да се искорени до корен“, велат од ВЛЕН.

Коалицијата повторува дека останува непоколеблива во своите принципи: нулта толеранција кон корупцијата, нулта компромис со криминалот и нулта страв од вистината.

Continue Reading

Македонија

Општина Битола делумно ги исплати средствата на избирачките одбори

Општина Битола ја извести јавноста за утврдената постапка и динамика за исплата на финансиските надоместоци на членовите на избирачките одбори, кои беа ангажирани за реализација на локалните избори во 2025 година.

Од секторот за односи со јавност информираат дека, во согласност со законската обврска, веќе е реализирана исплата на 25 отсто од вкупната сума од буџетот на Општина Битола. За оваа делумна исплата, претседателите на избирачките одбори се соодветно известени.

Преостанатите 75 отсто од средствата се интегрирани и предвидени во Предлог-буџетот на Општина Битола за 2026 година. Овој предлог-буџет е веќе доставен до советниците во Советот на Општина Битола и се очекува да биде изгласан пред завршувањето на тековната календарска година.

Од Општината нагласуваат дека финалната исплата на надоместоците за сите членови на избирачките одбори ќе биде реализирана во текот на првиот квартал од следната година.

Continue Reading

Македонија

Муцунски во Абу Даби: Потврдена силна соработка меѓу Македонија и ОАЕ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба во главниот град на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) со неговиот колега за надворешна трговија, шеикот Тани бин Ахмед Ал Зејуди. Овој состанок не беше само формалност, туку динамичен чекор напред кој ги потврди веќе одличните билатерални односи и го истакна потенцијалот за нивно натамошно продлабочување

Акцентот на разговорите беше ставен на највисоките приоритети: економијата, трговијата и инвестициите. Ова е областа каде двајцата министри гледаат најголем простор за соработка.

Како што известува Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски и Ал Зејуди јасно ја потврдија подготвеноста на двете држави да ја интензивираат соработката во клучни сектори од заемен интерес. Овие сектори ги вклучуваат инфраструктурата, енергетиката, туризмот и технологијата.

Не е тајна дека ОАЕ е глобален лидер и визионер во иновациите, а соработката токму во овие области може да донесе вистинска трансформација за Македонија.

Двајцата соговорници беа единствени во оценката дека денешната средба е многу повеќе од протокол – таа ширум ја отвора вратата за нови, значајни инвестиции и заеднички проекти.

Овие иницијативи, како што се нагласува во соопштението, драматично ќе ја зајакнат економската поврзаност меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

Оваа средба претставува силен сигнал за бизнис заедниците од двете страни и ветува плодна економска пролет.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг