Connect with us

Религија

Светата маченичка Серафима

Published

on

Девојка по потекло од Антиохија. Живееше во Рим, во домот на една сенаторка Савина, која и ја приведе кон верата во Христа. Кога еден мачител на христијаните по име Вирил слушна за неа, нареди да му ја донесат.

Пред него Серафима остана непоколеблива во верата, па тој нареди и ја фрлија во затвор, а потоа и испрати некои момчиња за да преноќат со неа и да ја осквернат. Кога момчињата дојдоа пред затворската врата, Серафима Му се молеше во затворот на Бога.

Пред вратата одеднаш застана пред нив Ангел Господов со меч во рацете и тие паднаа како мртви, сосем несвесни и раслабени. Утредента мачителот ја замоли Серафима и таа со молитва ги врати во свест. Бидејќи сево ова го припиша на магии, Вирил нареди, та оваа света девица најнапред ја гореа со свеќи, а потоа ја тепаа со стапови. А додека ја биеја, едно парче од стап отскокна и го удри Вирил по очите, од што тој ослепе.

Најпосле, на Христовата слугинка ѝ ја отсекоа главата со меч и таа Му го предаде духот на Бога. Благочестивата Савина чесно го погреба нејзиното тело, од кое потече исцеление за многумина. Света Серафима пострада во времето на царот Адријан (117–138).

Религија

Следната недела е Св.Архангел Михаил: Празник на војводата на сите ангели, а ова се обичаите

Published

on

Православната црква и верниците на 21-ви ноември, го слават еден од најголемите христијански празници – Архангел Михаил или народски нарачен Арангеловден.

Овој светец е водец на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се јавувала и Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.

По црквените преданија, ангелот Михаило прв стапил во борба со лошиот дух и во тоа име по црквено толкување означува „оној кој е како Бог“. 

Меѓу народот владее верување дека овој ангел ги посетува болните и ако застане кај ногата – не е на добро, а ако застане кај главата – болниот ќе оздрави.

Овој празник секогаш се слави на ист датум и во есен, затоа што кога на светците им се делеле улогите, Архангелот Михаил го добил есенското и зимско време – времето на потешкотии. Се верува дека во ова време тој лута облечен како просјак за да ги прекори неверниците и да им помогне на сиромашните.

Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден, може да се одреди каква ќе биде годината, времето на празникот ќе одреди какво ќе биде времето во текот на зимата и пролетта.

Дали денот ќе биде прославен со посна или мрсна трпеза, зависи од денот на кој се паѓа. Ако е во среда или петок, треба да биде посно. Оваа година е во сабота, па трпезата може да биде мрсна. Секогаш на трпезата треба да има пченица, во чест на мртвите, односно упокоените души на светците.

Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но, тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето, во ангелите гледаа богови, други, иако не ги сметаа за богови, ги нарекуваа создатели на сиот видлив свет. Лаодикискиот помесен собор, којшто се одржа четири или пет години пред I Вселенски Собор, со своето 35 правило го отфрли поклонувањето на ангелите како на богови и го востанови правилното почитување на ангелите. Во времето на папата Силвестер и на александрискиот патријарх Александар (4 век), беше востановен овој празник на Архистратигот Михаил со другите небесни Сили, во месецот ноември. Зошто токму во ноември? Зашто после март, ноември претставува деветти месец. А се смета дека во месецот март било создавањето на светот. А деветтиот месец после март е земен заради деветте ангелски чинови, коишто се најпрво создадени. Свети Дионисиј Ареопагит, ученик на светиот апостол Павле, т.е. на оној апостол којшто беше воздигнат до третото небо, овие девет ангелски чинови ги опиша во книгата „За небесната Јерархија“. Тие чинови се следните: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими и богоносните Престоли, Господствата, Силите и Властите, Началата, Архангелите и Ангелите. Војвода на целата ангелска војска е Архистратигот Михаил. Кога сатаната, Луцифер, отпадна од Бога и со себе повлече во пропаст еден дел од ангелите, тогаш Михаил стана и извикна пред неотпаднатите ангели: „Да внимаваме! Да застанеме добро, да стоиме со страв!“ И сите небесни војски на верните ангели громко запеаја: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот исполн небо и земља слави Твоеја!“ (за Архистратигот Михаил види во Книгата на Исус Навин 5, 13-15). Меѓу ангелите владее совршено едномислие, еднодушност и љубов, а покрај тоа и потполна послушност на пониските чинови кон повисоките и на сите заедно кон светата Божја волја. Секој народ си има свој ангел пазител, а освен тоа и секој христијанин има свој ангел пазител. Треба секогаш да се сеќаваме дека што и да правиме, јавно или тајно, го правиме тоа во присуство на својот ангел-чувар. А на денот на Страшниот Суд, сето огромно мнозинство ангели ќе се соберат околу Христовиот престол и пред сите нив ќе се објават сите дела, зборови и помисли на секој човек. Да нè помилува Бог и да нè спаси по молитвите на светиот Архистратиг Михаил и на другите небесни бестелесни сили.

Денес именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка…

Continue Reading

Религија

Денес се Свети Козма и Дамјан: За да ве следи здравје цела година, се верува дека треба да го направите една работа

Published

on

Македонската православна црква и верниците на 14 ноември го слават празникот посветен на светите Козма и Дамјан, познати како Свети исцелители. Светите Козма и Дамјан биле врачи, т.е. лекари, бесребреници и чудотворци. Двајцата се браќа, родени во Азија и воспитувани во христијански дух.

Во црковниот календар, светите Козма и Дамјан, односно светите исцелители, не се напишани со црвени букви и постот не е задолжителен, а се празнуваат двапати годишно – на 14 јули кога почина Козма и на 14 ноември, кога почина Дамјан.

Се верува дека добиле дар од Бога да лекуваат луѓе, а бидејќи го добиле бесплатно, не наплатувале ни лекување на луѓето, поради што се вели дека биле без пари. Единственото нешто што го бараа за возврат од своите пациенти е да веруваат во Исус Христос или барем да не го изговараат залудно неговото име, дури и ако не сакаат да ја прифатат христијанската вера.

Светците се прикажани во икони и фрески во средновековна облека, со ковчези во кои носеле лекови.

Исто така, се верува дека не треба да се врши тешка физичка работа и дека не треба да се напушта домот освен ако е апсолутно неопходно. Според народното верување, утре е добар ден за молитва за исцелување:

Кон вас, свети бесребреници и чудотворци Козма и Дамјане, како кон брзи помошници и топли молитвеници за нашето спасение, ние недостојните (имињата), клекнувајќи на колена, прибегнуваме и припаѓајќи усрдно повикуваме: Не презирајте ги молењата од нас грешните, немоќните, кои паднавме во многу беззаконија, и кои во секој час и ден грешиме. Умолете Го Господа, да ни даде, нам недостојните Негови чеда, од Својата богата милост: избавете нѐ од секоја мака и болест, бидејќи вие примивте од Бога и Спасителот наш Исус Христос непотрошлива благодат за исцелување, поради цврстата вера, бесплатното лечење и вашата маченичка смрт. Да, угодници Божји, не престанувајте да се молите за нас, кои со вера кон вас итаат: иако според мноштвото на нашите гревови и не сме достојни за вашето милосрдие, сепак, вие, верни и вистински подражатели на Божјото човекољубие, направете, да принесеме плодови достојни за покајание, и во вечниот покој да достигнеме, фалејќи и благословувајќи Прекрасниот во Своите светии Господа и Бога и Спасителот наш Исус Христос и Неговата Пречиста Мајка, и вашето топло застапништво, сега и секога, и во вечни векови. Амин.

Именден празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме…

Continue Reading

Религија

Денес е Митровден: Какво ќе биде времето, таква ќе биде зимата

Published

on

Денес, на 8-ми ноември, православната црква и нејзините верници го прославуваат празникот посветен на Светиот великомаченик Димитрија, во народот познат како Митровден.

Митровден е еден од празниците за кои се врзуваат многу од обичаите. Еден од нив е „претскажувањето“ на времето – ако утре има дожд и мраз, се очекува долга и ладна зима со многу снег!

Постои верување дека на овој празник, како и на Божиќ, треба да бидете дома, освен ако не сте повикани на слава.

Митровден е празник кој секоја година е на ист датум, односно 8-ми ноември по нов и 26-ти октомври по стар каленадр и е обележан во црковниот календар со црвени букви.

Свети Димитрија е роден во Солун, во третиот век од нашата ера, за вереме на царот Максимилијан. Ја игнорирал царската наредба да ги прогонува христијаните и јавно го проповедал христијанството.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк