Connect with us

Македонија

Еast Gate ПОПЛАВЕН, посетителите ЕВАКУИРАНИ, молот ЗАТВОРЕН

Published

on

Трговскиот центар Ист Гејт Мол соопшти дека по денешното невреме неговиот менаџмент донел одлука да го затвори центарот за јавноста, и да ги евакуира посетителите и вработените. Како резултат на лошите временски услови кои предизвикаа елементарна непогода на територијата на град Скопје, како што посочуваат, дојде до излевање на вода од атмосферската канализација на уличната мрежа, која предизвика поплавување на подземните нивоа на трговскиот центар Ист Гејт Мол.

Согласно усвоените сценарија за безбедност и заштита во услови на елементарна непогода, Трговскиот центар беше евакуиран за кратко време. Во моментов, заради безбедност на посетителите, возилата во подземната гаража на трговскиот центар ќе останат паркирани се до исцрпување на водата. Техничките служби во Трговскиот центар во моментот работат на исцрпување на водата од подземната гаража. Овие активности ќе траат во текот на целата ноќ, информираат од Ист Гејт Мол.

Посочуваат дека во зависност од прогресот на активностите поврзани со санација на поплавата, утре во раните утрински часови ќе ја информираат јавноста и закупците дали Трговскиот центар ќе биде отворен за потрошувачите и се заблагодаруваме на сите посетители и закупците за нивната брза и навремена реакција.

Македонија

ОБИЛНИ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ НА СТРАЖА: Попоски предупредува

Published

on

Метеорологот Славчо Попоски, предупредува на обилни врнежи од снег на Стража.

-Почитувани, внимавајте доколку патувате кон планинскиот превој Стража, во моментов има обилни врнежи од снег кои формираат снежна покривка, а снегот се задржува и на коловозот!, информираше тој.

Фото: Фејсбук -Славчо Попоски 

Continue Reading

Македонија

Тешка сообраќајна несреќа вечерва на патот Горно-Долно Лисиче

Published

on

Тешка сообраќајна несреќа вечерва на патот Горно-Долно Лисиче

Continue Reading

Македонија

Возот серија 411 103-104 повторно во служба на патниците!

Published

on

По четири месеци пауза, патничкиот воз серија 411 103-104 повторно е во сообраќај! Со целосно нови тркала и зголемена функционалност, возот е ставен во служба на патниците на популарната релација Скопје – Гевгелија – Скопје.

Железници на Северна Македонија продолжуваат со своите напори за унапредување на железничкиот превоз, обезбедувајќи сигурни и удобни патувања за сите корисници.

Од компанијата најавуваат уште една позитивна вест: вториот патнички воз на релација Скопје – Гевгелија, кој беше укинат во март 2024 година, наскоро ќе биде вратен во сообраќај.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк