Connect with us

Македонија

ГРУБИ ОД АРАЧИНОВО: Мора да има измени на Уставот, Бугарите да влезат во него, оти без тоа не можеме да продолжи кон ЕУ

Published

on

Уставните измени мора да се случат, бидејќи без нив Македонија е во регрес, во статус кво и не може да оди напред и од овој процес апсолутно најголем добитник е македонскиот народ во РСМ, изјави денеска првиот потпретседател во Владата Артан Груби.

Посочува дека проевропското крило во опозицијата е во подем во Собранието и оти ќе даде поддршка за уставните измени и оти веќе има контакти и комуникација со пратениците и со претседателите на политичките партии за, како што рече, начин на којшто и тие ќе ја дадат својата поддршка за европска Македонија.

-Сакам да појаснам дека уставните измени не дека ќе се случат, мора да се случат. Без уставните измени Македонија е во регрес. Без уставните измени Македонија е во статус кво и не може да оди напред и затоа секој што сака европска Македонија, секој што сака развој, секој што сака да ја види нашата земја рамо до рамо со членките на ЕУ ќе даде поддршка за уставните измени од коишто најголем добитник е македонската заедница во РСМ затоа што конечно, конечно се прави одвојување на македонскиот народ од бугарскиот народ. И тоа со прифаќање на самиот бугарски народ којшто имаше други претензии. Како што знаете, се до вчера. Од овој процес најголем добитник апсолутно е првенствено македонскиот народ во РСМ и сите граѓани на државата затоа што сметам дека се заокружува целокупната тапија на државноста на РСМ, изјави Груби кој денеска беше во Арачиново.

Според него, се потврдува од страна на Бугарите дека има апсолутно одвојување, дека постои македонскиот народ и македонскиот јазик и дека тоа е реалност и они го прифаќаат тоа со овие уставни измени.

-Значи, имаме посебна заедница на Бугарите во РСМ која што не е повеќе од 3.500 граѓани како што видовме со последниот попис и дека сите други се Македонци кои зборуваат македонски јазик и се дел од македонскиот народ, вели Груби.

Првиот потпретседател во Владата смета дека „проевропското крило кое што е во подем во опозицијата во Собранието ќе даде поддршка за уставните измени и веќе имаме контакти, комуницираме со пратениците, комуницираме со претседателите на политичките партии за начин на којшто и они ќе ја дадат својата поддршка за европска Македонија“.

Македонија

„Подобра канцеларија од кабина на воздухоплов нема“: Воените пилоти Панче и Дејан за професионалните предизвици и личното остварување

Published

on

Враќањето на двата воени хеликоптери М-8, кои беа на ремонт во Чешкиот ремонтен завод беше причина да го посетиме воздухопловниот ВИНГ и да поразговараме со нашите воени пилоти. Механџиски беше дел од екипата која ремонтираните воздухоплови ги врати во Македонија.

„Како да се стане пилот“ е најпребаруваната реченица на интернет ширум светот годинава, а професијата пилот најпосакувана.

Целиот текст на Курир.мк

Continue Reading

Македонија

НЕМА АПСОЛУТНА ГАРАНЦИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ Франција целосно ја поддржува Македонија и ќе ѝ помогне на патот кон Унијата

Published

on

Франција е подготвена да ја обезбеди сета своја помош за надминување на сегашните блокади. Сепак, ние не сме индиферентни за чувствителноста на темата, вели амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер.

Франција ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија и е подготвена да ја обезбеди сета своја помош за надминување на сегашните блокади. Преземените обврски мора да се почитуваат, вели амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер во интервју за МИА.

– Во рамки на својата Стратегија за Западен Балкан, за Франција, интеграцијата на регионот е приоритет. Затоа, Франција целосно го поддржува и ќе продолжи да го поддржува процесот што води до интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. Во тој контекст, Франција е подготвена да ја обезбеди сета своја помош за надминување на сегашните блокади. Преземените обврски мора да се почитуваат. Сепак, ние не сме индиферентни за чувствителноста на темата – вели францускиот амбасадор Ле Роголер на прашањето постои ли можност за „француски предлог плус“, за уставни измени со одложено дејство до завршувањето на преговорите, за што се залага македонската Влада

Според францускиот амбасадор, нема апсолутна гаранција за членство во ЕУ, поради сложениот процес на интеграцијата и поради носењето на одлуките со консензус.

– Неопходно е да бидеме реални и да разбереме дека не може да постои апсолутна гаранција за исходот на процесот на интеграција, кој е по својата природа сложен, бидејќи бара согласност од сите држави членки. Сепак, Франција е подготвена да работи и да ја искористи својата моќ на убедување, за да го осигура текот на процесот на интеграција, во корист на Европската Унија и на целиот Југоисточен регион на Европа –  рече Ле Риголер.

Во очекување на новиот состав на ЕК и најавените реформи на ЕУ, тој вели дека нема механизам за одлучување без консензус.

– Европската унија и Европскиот совет секогаш биле многу креативни кога станува збор за наоѓање решение за надминување на ситуациите на блокада. Сепак, не постои формален механизам „27 минус 1“, и затоа тоа не може да биде институционализирано решение за моменталната блокада. Одлуките за проширување на Европската Унија се уредени со принципот на едногласност. Најдобрата гаранција за Северна Македонија е без сомнение да продолжи да работи посветено на своите реформи, со цел да ја зајакне својата кандидатура, чиј квалитет ќе биде препознаен од Европската комисија и државите членки – вели новиот француски амбасадор во Македонија.

Continue Reading

Македонија

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

Published

on

Силно невреме со пороен дожд, силен ветер и моќни електрични празнења вчера го зафати источниот и западниот дел на Македонија, предизвикувајќи штета и нарушувања во секојдневниот живот.

Штип-паднати покриви, откорнати 100-годишни дрвја

Во Штип, силниот ветер предизвика значителна штета. На улицата „Браќа Даневи“ во населбата Автокоманда, урнат е дел од кровната конструкција на станбена зграда. Градоначалникот Иван Јорданов за медиумите изјави дека пожарникарите веднаш интервенирале за да ја отстранат опасноста.

Дополнително, силниот ветер го откорна највисокиот дел од кровот на средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“. Оштетениот кров заврши на соседниот објект, но за среќа, нема повредени ученици, вработени или уништени автомобили.

Дебар во темнина

Истовремено, во западниот дел на земјата, невремето остави голем дел од регионот Дебарско без струја. Поројниот дожд и електричните празнења предизвикаа прекин во напојувањето на жителите од општините Дебар, Центар Жупа и делови од Маврово и Ростуше. Надлежните тимови работеа на терен повеќе од еден час за да го нормализираат снабдувањето со електрична енергија.

Иако невремето предизвика материјална штета, најважно е што нема повредени лица. Општинските власти ги повикаа граѓаните да бидат претпазливи, особено во услови на вакви екстремни временски непогоди, кои стануваат сè почести.

Дали ова е уште еден аларм за справување со последиците од климатските промени? Жителите остануваат во исчекување на повторна стабилизација, а службите продолжуваат со проценката и санирањето на штетите.

Недела со поларни температури

Од денеска претпладне особено во западните и во северните предели, освен на планинските  и повисоки места, повремен снег ќе има  и во пониските места (градовите). Снежна покривка ќе се формира на планинските  и повисоките места, а многу мала снежна покривка е  можно да се формира  и во некои пониски места, најави метеопрогнозерот, Славчо Попоски.

Температурите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, додека преку денот ќе се искачуваат од 1 до 10 степени.

-Поради ведрото време, многу студено ќе биде ноќта сабота кон недела и во недела наутро, кога ќе имаме умерени до јаки мразеви, а температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, додека на високите и планинските места тие ќе се спуштаат  и под -10 степени.

Инаку, од недела следува период без врнежи и со многу повеќе сонце, наутро останува многу студено, а преку ден температурите ќе бележат тенденција на помал пораст, што значи дека некое поголемо затоплување не очекуваме.

Овој ладен бран од север, ќе предизвика да дува и силен ветер од северен правец, и тоа утре (сабота), повремено и локално со брзина од над 75 км/час.
фото: Принт Скрин/ТВ Стар

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк