Connect with us

Македонија

Заев: Над 75 отсто од граѓаните се против референдум, останатите 25 отсто се ВМРОВЦИ

Published

on

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија е препознаен од сите граѓани и над 75 проценти се против иницијативата за одржување референдум за неговот поништување, покрената од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ова денеска го изјави поранешниот премиер и потписник на Договорот, Зоран Заев,одговарајќи на новинарски прашања на маргините на Конференција: „МКБГ2023: Младите и образованието како клуч за посилно евроатлантско сојузништво“, на која свечено му беше доделена титулата почесен доктор на науки (Doctor Honoris Causa) на Илхан Ќучук, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Македонија.

-Тоа е препознаено од сите граѓани, над 75 проценти се против ваквата иницијатива за референдум, а другите 25 отсто ги има бидејќи тоа се членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во светот нема да најдете никаде некој кој би бил против пријателство, добрососедство, соработка. Нашиот македонски народ и сите етнички заедници во Северна Македонија нема да го поддржат тоа – рече Заев.

Поранешниот премиер истакна дека конечна цел и задача на сите, а најмногу на политичарите е да обезбедат иднина за својот народ, за целиот регион, за целиот европски континент и да дадат позитивен пример на светско ниво во политиката.

-Убеден сум дека нашето пријателство, добрососедство и соработка во иднина ќе биде пример и од тој аспект како поранешен градител на тоа пријателство, потписник на Договорот, испраќам порака до политичарите во Северна Македонија и во Бугарија да го негуваат пријателството и добрососедството, рече Заев.

Тој изјави дека е горд не само на Договорот со Бугарија, туку и на Преспанскиот договор. Со нив, како што рече повторно ги изградивме нашите пријателства со нашите соседи и додаде дека како поранешен премиер стои на располагање да пружи помош во градењето на добрите односи меѓу Скопје и Софија, а помош понуди и во однос на деловната соработка.

Во врска со тоа дали во земјава има политича волја за измени во Уставот и за внесување на бугарското малцинство, Заев изрази верување дека има, нагласувајќи дека во нашиот Устав има седум етнички заедници, а дека со измените станува збор за впишување на наши граѓани со бугарска, црногорска, хрватска самосвест.

-Сметам дека тоа прашање, кое треба да се реши час поскоро. Хрватска која е земја членка на ЕУ на пример во нејзиниот Устав има 24 етнички заедници. Ние го разбираме бугарскиот Устав, тој е поразличен од нашиот Устав, е по линијата на Франција, САД и други, а ние сме мултиетничка земја и верувам дека тоа наскоро ќе го сториме и ќе чекориме кон отворање на поглавјата со ЕУ, истакна Заев.

Тој изрази задоволство од денешниот чин на доделување на титулата почесен доктор на Ќучук, кој, како што рече, работи не само за Северна Македонија, туку и во интерес на целиот регион.

– Тој е симбол на нашето пријателство и се надевам дека неговиот пример ќе го следат сите политичари и во Северна Македонија и во Бугарија – истакна Заев.

Македонија

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

Published

on

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

–Светол патот, татко мој! – напиша таа на социјалните мрежи. 

Continue Reading

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Continue Reading

Македонија

Денеска ќе наполнеше 43 години: На денешен ден е роден Тоше Проески

Published

on

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески.

Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк