Во авионот во кој гром удрил за време на летот од Дубровник за Загреб во четвртокот вечерта била и екипа на ТВ Дневник Нова. Домаќините на Дневник го опишаа своето искуство. Меѓу патниците во авионот на „Кроација ерлајнс“ кој го удри гром е и екипажот на ТВ „Дневник Нова“.
Водителот на Дневник Нова ТВ Саша Копљар го опиша своето, како што вели, необично искуство.
„Сум летал многу пати, ова никогаш не ми се случило. Го доживеав ова за прв пат и преживеав. Се шегувавме во авионот – одеднаш дојде до турбуленции и силен тресок“, изјави Копљар за Дневник.хр.
Тој вели дека не ја видел силната светлина, иако другите го виделе.
„Стјуардот не смири, а ние пеевме „никој ништо не ни може, ние сме посилни од судбината“, низ смеа се сеќава Копљар.
Беше спектакуларно, вели водителот на ТВ Дневник Нова, Петар Пережа.
„Беше спектакуларно, но не и драматично. Знаевме дека такви работи се случуваат бидејќи известувавме за нив во нашите емисии. Знаевме и дека ваквата природна појава нема никакви последици за патниците, можеби и за техничка исправност, но многу ретко. Летавме како ништо да не се случило. Немаше врисоци, иако малку се плашевме од силниот удар, кој беше како посилна петарда“, рече тој. „Имаше бебе кое воопшто не се разбуди кога удри гром. Екипата на Дневник сето тоа го претвори во смеа, а ние не престанавме да се смееме до Загреб“, се присетува Пережа.
Тој рече дека авионот бил прегледан по слетувањето и продолжил нормално да лета за Франкфурт.
„Немам никакви нуспојави, само блеснав малку во темница синоќа“, се смее Пережа.
Австрија го укина ветото за пристапување на Романија и на Бугарија кон безграничниот простор Шенген, кон кој овие две земји со години се обидуваат да влезат.
Овој пробив беше соопштен попладнево на состанокот во Будимпешта во организација на унгарското претседателство со Советот на ЕУ, на кој учествуваа министрите за внатрешни работи на Романија, Бугарија и Австрија.
Тројцата министри потпишаа заеднички договор кој ќе го отвори патот за полноправно членство во Шенген, изјави унгарскиот портпарол. Во пракса тоа значи укинување на контролите на копнените граници, што е последната пречка која преостана. На почетокот на оваа година беа укинати контролите на морските и воздушните граници како прва отстапка на Виена.
Српското министерство за одбрана извести вчера дека група тешко вооружени припадници на косовската полиција неовластена ја преминале административната линија меѓу Косово и Србија и влегле во централна Србија, пренесуваат српските медиуми.
„Станува збор за уште еден свесен и планиран обид за предизвикување инциденти и кршење на договорот од страна на привремените приштински институции на чело со Аљбин Курти. Министерството за одбрана бара од Кфор, како единствена легална и легитимна воена сила на подрачјето на Автономната покраина Косово и Метохија, да преземе мерки во согласност со својот мандат и да ги спречи привремените приштински власти во обидите за предизвикување ескалација на насилствата во нашата јужна покраина“, се наведува во соопштението.
„Наредбата на Аљбин Курти припадници на таканаречената косовска полиција да ја преминат административната линија претставува опасна провокација и закана за мирот. Единиците на Војската на Србија во Копнената зона на безбедност ја следат состојбата на теренот и се спремни да реагираат во согласност со одредбите на Воено-техничкиот договор“, се истакнува.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ ја коментираше за РТС оваа информација. „Курти тоа го наредил намерно, очекувал овие лица да бидат ликвидирани и тоа да биде причина за вовлекување на НАТО во конфликт со Србија“, порача тој, додавајќи дека не очекува реакција од Кфор.
„Не очекувам никаква реакција, освен од Американците. Американците знаат дека Курти тоа намерно го наредил. Очекувал овие лица да бидат ликвидирани и тоа да му биде причина за внесување на НАТО во судир со Србија“, наведе Вучиќ.
Најави дека Србија следниот пат ќе реагира во согласност со правилата на службата. „Следниот пат ние ќе реагираме во согласност со правилата на службата, но бараме од Американците да нè известат дали сме во право кога велиме дека Курти лично ја наредил провокацијата и упадот на своите оружени сили на територијата на централна Србија“, кажа српскиот претседател.
Илјадници луѓе во градовите низ Србија во петокот им оддадоа почит на загинатите при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад со симболично петнаесетминутно молчење и привремена блокада на сообраќајотво организација на опозицијата што претседателката на парламентот Ана Брнабиќ го нарече „малтретирајање граѓани“.
На комеморативната акција „Србија, застани“, која симболично започна во 11 часот и 52 минути, кога падна настрешницата и усмрти 15 лица, повикаа повеќе граѓански активистички здруженија, иницијативи и движења, како и српската опозиција.
Сообраќајот денеска беше блокиран на повеќе локации во Белград, а граѓаните во знак на почит и изразување протест поради, како што велат, бавната истрага за несреќата, се собраа и во Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Крушевац, Зајечар, Ваљево, Трстеник и други градови, повторувајќи ги барањата да се гонат одговорните за фаталниот пад на настрешницата.
Повикот на акцијата „Србија, застани“, сепак, не допре до сите граѓани на Србија, ниту, пак, многу луѓе знаеле за тоа, тврди опозицијата поради тоа што повикот бил „игнориран од провладините медиуми и портали“.
„Хаос во цела Србија! Луѓето се лути на опозициските насилници, има инциденти! Тие продолжуваат со насилството врз народот“, објави на својот портал таблоидот Информер.
Во истрагата што ја спроведува Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, досега се уапсени 12 лица, а по едно лице се трага.
Меѓу уапсените беше и до неодамна министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ, кој пет дена по несреќата „од морални причини“ поднесе оставка, негирајќи ја својата одговорноста и кривична вина. Сослушувањата се во тек.
Потоа следуваа оставки на поранешниот министер во истиот ресор Томислав Момировиќ, директорката на државната компанија „Инфраструктура на железници на Србија“, Јелена Танасковиќ и нејзиниот претходник на таа функција Небојша Шурлан, кои беа уапсени еден ден подоцна. Српскиот претседател Александар Вучиќ во четвртокот за РТС изјави дека „заврши со оставките“ и дека судовите ќе утврдат кој е виновен.
Радио-телевизијата на Србија денеска јави дека почнале сослушувањата на дел од уапсените, без да наведат повеќе детали, освен дека не се знае дали сите ќе бидат сослушани денеска и кога судот ќе одлучи за евентуалниот притвор.
Набргу по денешниот протест, претседателката на парламентот Ана Брнабиќ одржа прес-конференција во зградата на парламентот, осудувајќи го „малтретирањето на српските граѓани“ и тврдејќи дека „околу дваесет луѓе го блокираат градот“.
„Сакам јасно да го осудам малтретирањето на српските граѓани. Демократија не е кога 20 или 50 луѓе блокираат цел булевар и на тој начин го блокираат целиот град. Тоа е насилство, насилство, тоа е малтретирање на граѓаните и ништо друго“, рече Брнабиќ, прашувајќи се „која е целта и смислата на тоа, освен хаос и дестабилизација на државата“.
По несреќата неколку протести се одржаа во Нови Сад и Белград. Група републички и покраински опозициски пратеници и советници на Собранието на Нови Сад ги блокираа обвинителството и зградата на судот во Нови Сад пред два дена, барајќи побрза истрага, гонење на одговорните и ослободување од притвор на активистите уапсени за време на претходните протести.