Connect with us

Македонија

Арифи: Да ги сместиме Бугарите во Уставот и да продолжиме кон ЕУ, тие што се сега хистерични беа и во 2001-ва за Охридскиот договор

Published

on

Тие што се сега хистерични околу сместувањето на Бугарите во Уставот и во 2001 година сееја страв дека уставните измени поврзани со Охридскиот договор ќе бидат конечниот и уништувачки удар за државата, пишува во колумна Беса Арифи, професорка во Правниот факултет на Штуловиот универзитет во Тетово.

Но, продолжува Арифи во текстот објавен во порталот на албански Порталб, државата не беше уништена, туку почна разговори со ЕУ.

„…Токму трите договори од животна важност за оваа земја не доведоа до оваа фаза да можеме да преговараме за европската иднина. Охридскиот договор во 2001 година го промени изгледот на државата. Вториот договор, склучен во 2017 година, кој е животно важен за евроинтегративниот процес, е Договорот за добрососедство со Бугарија. Токму францускиот предлог, кој што предизвика толку многу расправа и неизвесност во земјата, овозможи да започне процесот на скрининг. Врз основа на тој предлог наскоро треба да почнеме да работиме на уставните измени за сместување на бугарскиот етникум во Уставот. Третиот животно важен договор е Договорот од Преспа од 2018 година. По 27 години конфликт со Грција за името на државата, овој договор ни овозможи да се вратиме на патот на евроатлантските интеграции. Тој ни овозможи да станеме членка на НАТО и да дојдеме до денот на отворањето на разговорите за влез во ЕУ…“ пишува Арифи во колумната.

Професорката Арифи остро ги напаѓа противниците на договорот за бугаризација. Таа, како Албанка, можеби не е засегната, тие што не го прифаќаат договорот во најголем процент се Македонци, а ако Арифи ги погледнала релевантните анкети ќе види дека нивниот процент е голем. Таа за илјадници Македонци и граѓани на Македонија употребува навредлив збор „хистерици“.

Да продолжевме да ги слушаме хистериците, немаше да ги видиме овие денови, туку ќе продолжевме да живееме изолирани, навредувани и понижени. Нив не треба да слушаме ниту сега кога почнаа овие важни процеси. Сите тие такви шират само лицемерие околу овие прашања“, пишува Арифи во колумната, сестра на поранешната министерка и поранешна градоначалничка Теута Арифи.

Македонија

Мечка на патот кон Калето на Тетово

Published

on

Пред неколку моменти! Мечка на патот кон Калето на Тетово, речиси на влезот во градот.

Фотографија од Идајет Шаини, 26.11.2024

Continue Reading

Македонија

КОЊАНОВСКИ ГИ ПРИМИ БАЛКАНСКИТЕ ПРВАЦИ ВО БОКС, БРАЌАТА РУСТЕМОВСКИ

Published

on

Градоначалникот Тони Коњановски денес организираше прием на браќа Рустемовски, Ружди,Ален и Ардијан кои настапија на Балканско првенство во бокс кое се одржа во Лозница, Србија и се вратија со победа обезбедувајќи златни медали.

Ален Рустемовски во категоријата до 57 килограми во финалето беше подобар од украинскиот ривал Денис Роздолски.Од друга страна, Ружди Рустемовски боксуваше и го победи домашниот боксер во Лозница, Стефан Чамовиќ од Србија. И двајцата наши сограѓани освоија златни медали.

Ардијан Рустемовски се закити со сребро, откако во финалето изгуби од Украинецот Зименко.

„Градоначалникот Тони Коњановски им упати искрени честитки на нашите сограѓани кои достојно ја претставија Битола и македонскиот бокс во Лозница и направија одличен резултат со желба и надеж во иднина да бележат поголеми успеси и нови победи“.

Македонија на ова Балканско Првенство кое се одржа во Лозница, Србија, успеа да се закити со два златни, еден сребрен и пет бронзени медали.

Continue Reading

Македонија

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

Published

on

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во рамки на соработката со бизнис секторот обезбеди можност за користење стипендии за студенти од семејства со ниски приходи.

Апликативниот процес се реализира преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење кој работи во состав на УКЛО-Битола, а се однесува за студенти на Електротехничкиот отсек при Технички факултет-Битола.

-Нашите студенти може да учествуваат на објавен повик за доделување десет стипендии од програмата ЛОСТ за стипендирање студенти од УКЛО од семејства со ниски месечни приходи, студенти на Електротехничкиот отсек при Техничкиот факултет-Битола. ЛОСТ е проект на ЕВН Македонија АД Скопје, кои ќе доделат 10 стипендии во висина од 10.000 денари месечено, за студенти од семејства со ниски приходи. Повикот е со широк опфат и може да се пријават студенти кои прв пат се запишале во прва, втора, трета или четврта година, информираа од УКЛО-Битола.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк