Connect with us

Скопје

Жена паднала во врело тенџере со зимница и починала од повредите

Published

on

Скопјанка на возраст од околу 50 години паднала во тенџере во кое се приготвувала врела зимница, а подоцна од последиците на несреќата починала.

Според информациите до кои дошла редакцијата на Скопје Инфо, жената пред неколку дена со сериозни изгореници по телото била хоспитализирана во скопската градска болница „Св. Наум Охридски“.

За жал, по неколку дена, подлегнала на повредите. Според лекарските извори, на кои се повикува порталот, причина за несреќата најверојатно била претходното козумирање алкохол.

Скопје

Драма во Чаир: Испукан куршум по расправија

Published

on

На 23 декември 2024 година, во 16:44 часот, во СВР Скопје бил пријавен инцидент во кој Е.З. (25) од Скопје известил дека во неговата работилница на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, Б.Р. (36) од Скопје испукал еден проектил од пиштол кон него, но не го погодил.

Надлежните служби веднаш преземаат мерки за расчистување на случајот. По целосно документирање на настанот, против Б.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Скопје

Почина возачот од ЈСП кој алармираше за неисправни автобуси по несреќата кај Мавровка

Published

on

Февзи Арифи, возач во ЈСП кој го привлече вниманието на јавноста поради несреќата што се случи во јули кај трговскиот центар „Мавровка“, почина. Несреќата, во која автобус удри во жардиниера, остави трага врз Арифи, кој јавно проговори дека се возат неисправни автобуси.

Неговите колеги го опишуваат како посветен професионалец кој бил под огромен стрес по несреќата. Според нив, обвинувањата дека тој е виновен за настанот му предизвикале голема траума. Ова е потврдено и преку неговата емотивна изјава дадена пред базата на ЈСП, каде што детално раскажа за моментите од несреќата и за условите во кои работат возачите.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Вложувањето во образованието е инвестиција во иднината на нашите деца

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ги презентираше тековните реконструктивни активности во училиштето во село Драчево, нагласувајќи ја важноста на создавањето современи и стимулативни услови за учениците.

„Обновуваме тоалети кои ќе бидат функционални додека се користи стариот училишен објект. Истовремено, планираме изградба на нова училишна зграда која ќе претставува нов почеток за идните генерации, а ќе го зачуваме и богатото културно наследство на стариот објект,“ истакна Ѓорѓиевски.

Покрај тоа, општината вложи 750.000 денари од сопствениот буџет за санација на подот и прозорците во фискултурната сала, со цел подобрување на условите за изведување на часовите по физичко образование.

„Вложувањето во училиштата е вложување во иднината на нашите деца. Ова е насоката што ќе ја следам и во иднина,“ потенцира градоначалникот.

Овие активности се дел од посветеноста на општина Кисела Вода кон обезбедување квалитетно образование и подобри услови за младите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк