Connect with us

Македонија

Пендаровски: Ако нема парно за скопјани и ние во вила Водно ќе го исклучиме парното

Published

on

Владата е децидна дека грејната сезона ќе почне на 15 октомври и дека скопјани нема да останат без парно греење. Тоа нека биде тест дали Владата со сите најавени мерки за ублажување на ефектите од кризата, ќе го помине тој тест, изјави вечерва претседателот на државата Стево Пендаровски.

Колку што јас знам околу 60 илјади скопјани се греат на парно греење и ако тука крахираат, јасно ќе биде дека во еден дел не го испорачуваат она што го ветиле пред граѓаните – рече Пендаровски во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Прашан дали вила „Водно“ ќе се грее на парно од 15 октомври, Пендаровски рече дека ако има греење за сите останати граѓани во Скопје, тогаш и вила „Водно“ ќе се грее на ист начин.

Ако нема за останатите во Скопје, ние ќе го исклучиме греењето. Нема да имаме никаква привилегија во таа смисла, ви гарантирам – рече Пендаровски.

Македонија

Воз 411 повторно на шините: Ново поглавје за железничкиот сообраќај

Published

on

По подолго време, патничкиот воз 411 101-102 повторно е во функција, носејќи надеж за подобрување на железничкиот транспорт. Ова е чекор напред за патниците и железничката инфраструктура. Среќен пат и нека е аирлија!

https://www.facebook.com/share/v/17yGnoWMdm/?mibextid=wwXIfr

Continue Reading

Македонија

ВАЖНО Известување од Ски центар Попова Шапка

Published

on

Почитувани посетители,

Апелираме за време на викендот да не ги паркирате возилата на коловозна лента бидејќи пајак службата на општина Тетово во соработка со СВР – Тетово ќе бидат присутни за регулирање на сообраќајот. Од вечерва возилата што ќе бидат непрописно паркирани на коловозна лента ќе бидат отстранети и ќе се превземат соодветни законски мерки.

Ви благодариме за соработката!

Continue Reading

Македонија

Празнична магија: Битола како зимска метропола

Published

on

Широк Сокак блеска во празнична атмосфера

Со празнични светилки, раскошни елки и топла енергија, Битола оваа година го привлекува вниманието како зимска метропола. Широк Сокак, срцето на градот, е претворен во магична сцена која ги плени и локалците и посетителите.

Гордост и заедништво кај битолчани

Празничното украсување го поттикна чувството на гордост кај локалното население, кое масовно се вклучува во активностите: од организирање на концерти до учество во новогодишни базари.

Битола оваа зима е повеќе од град – таа е вистинска празнична бајка!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк