Connect with us

Македонија

(Фото) СКАНДАЛ: Бугарските европратеници бараат бришење на македонскиот јазик во Стразбур

Published

on

Полека но сигурно, вистината испливува на површина! Иако декларативно и постојано нè убедуваат дека македонскиот јазик е „заштитен“, конечно гледаме дека тоа не е вистина, предупредува пратеникот Никола Мицевски, додавајќи дека очигледно, само Владата на Република Македонија не ја гледа или не сака да ја види бугарската негаторска и асимилаторска политика кон Македонија, македонскиот народ и македонскиот јазик.

Последниот доказ за тоа, посочува тој, е заедничкиот став на бугарските европратеници. Без разлика од која политичка опција доаѓаат, тие бараат БРИШЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК.

Ова повеќе не се само желби искажани напразно, ова е веќе официјална политика на Бугарија кон Македонија, која што во текот на вчерашниот ден, уште еднаш се потврди преку амандмани на Мешовитиот парламентарен комитет во Стразбур, поднесени од страна на бугарските европратеници каде побараа бришење на македонскиот јазик.
Како едни од подносителите на овие амандмани се вбројуваат и Сергеј Станишев, претседател на Групата на социјал-демократи во Европскиот парламент и поранешен премиер на Бугарија, како и од Александар Јорданов, од Сојузот на демократски сили и поранешен амбасадор во Македонија.
Значи, без разлика на која политичка опција припаѓаат бугарските претставници и државници, бугарската политика и дипломатија кон македонското прашање не се менува. За жал, тоа не е случај и кај нас, објавува Мицевски.

Токму затоа, вели тој, уште еднаш јасно и гласно кажувам дека решението не е во ова што ни се нуди и упорно ни се сервира како опција која што треба и мора да ја прифатиме.

Ве уверувам дека ова нема да биде последната уцена и вето кон Македонија од страна на бугарската страна, бидејќи токму штетниот Договор за добрососедство потпишан од страна на македонската влада го дозволува тоа.
Оттука, повторно сакам да упатам силна порака дека уставни измени нема да има се додека не се укине и измени уценувачкиот и асимилаторскиот Договор за добрососедство, кој што за волја на вистината е извор на сите неправди, уцени, негации и омаловажувања на македонскиот народ.
Ова е мојот став и ставот на ВМРО-ДПМНЕ од кој нема отстапување и нема попуштање.
Сакале или не, ова мора да го разберат и прифатат и претставниците од македонската и претставниците од бугарската Влада, порача Мицевски.

Македонија

ДУИ во шок: Гаши на парламентарци од Албанија им се обратил на македонски – со преведувач

Published

on

Демократската унија за интеграција преку коминике реагира дека Делегацијата на Парламентот на Албанија при посетата на Скопје била шокирана бидејќи спикерот Африм Гаши во разговорот со нив зборувал на македонски јазик, со преведувач на албански јазик.

За интегративцит тоа не било според протокол туку дека, според нив, отворено се негира националниот идентитет.

„Го прашуваме претседателот на ВРЕДИ, Африм Гаши: дали беше намерен чин да се негира важноста на албанскиот јазик или погрешното верување дека албанскиот е само јазик на превод, причината зошто ја шокиравте делегацијата на Парламентот на Албанија за време на нивната посета на Скопје?

Зошто кога ви се обратија на вашиот мајчин јазик, решивте да одговорите и да го водите целиот разговор на македонски јазик, со преведувач на албански јазик пред граѓаните Албанци кои очекуваат да го заштити и промовира нивниот идентитет“?, велат од ДУИ.

Спикерот Гаши изјави дека „македонскиот јазик е единствениот официјален јазик во Северна Македонија, а албанскиот е преведен“.
Оо оваа изјава ДУИ побара оставка од Гаши, пишува Телеграфи

Continue Reading

Македонија

Се закануваше со војна а се уште зема 1500 евра државни пари од Телеком (ТВИТ НА ДЕНОТ)

Published

on

Профилот ,,Раскажувачот” на Твитер прашува зошто членката на ДУИ која се закануваше со војна и изјавуваше дека ќе ги вади чизмите на УЧК од таван се уште добива 90 илјади денари месечно за членство во Управниот одбор на Телеком каде владата на Македонија има ,,златна акција” и именува неизвршни членови во извршното тело на компанијата.

Покрај за Шкодране Дарлишта на Раскажувачот не му е јасно и зошто на платниот список на Телеком се уште е Нина Ангеловска екс министерка за финансии во владата ана Заев која стана позната откако мистериозно ги извади парите од Еуростандард банка пред таа да пропадне 

,,Зошто овие две сеуште се на платен список на Телеком каде земаат преку 1500 евра месечно..
Да ве потсетам дека едната од овие се закануваше дека ќе вади кондури од таван и калашников…”, прашува Раскажувачот.

Извот: expres.mk

Continue Reading

Македонија

Тони Коњановски: Битола – срцето на празничната магија

Published

on

Вечерва, на лизгалиштето кај Магнолија, го поздравивме 2000-тиот лизгач за само еден ден! Лизгалиштето, дел од „Зимска приказна“, стана центар на празничната магија што ја обединува Битола во овој зимски период.

Со поглед кон градскиот часовник, историските знаменитости и уникатната атмосфера на Широк Сокак, секој момент тука се претвора во вистинска бајка. Вечерта беше совршена, ветувајќи дека празничниот дух ќе продолжи да ги инспирира жителите и посетителите на градот.

Градоначалникот Тони Коњановски ги повика сите да се приклучат на магијата: да облечат лизгалки, да остават грижите настрана и да станат дел од најубавата зимска сцена во Македонија.

Битола продолжува да блеска како град на традицијата, историјата и радоста, каде празничниот дух никогаш не запира.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк