Connect with us

Македонија

Вечен непребол и незаборав: 15 години од загинувањето на Тоше Проески

Published

on

Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред петнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Веста за неговата смрт го потресе целиот Балкан, а многумина и денес, 15 години подоцна, не можат да се помират со големата загуба. Семејството, пријателите, фановите и бројните колеги на Тоше од година во година со емотивни зборови ја одбележуваат годишнината од неговата смрт и ја искажуваат својата тага за прекумерната загуба.

И годинава една од централните манифестации ќе биде одржувањето на ултрамаратонот од 1.100 километри во чест на Тоше Проески. Маратонот почна завчера од Нова Градишка, пред неговото спомен обележје, а денеска, на годишнината од неговото загинување, ќе пристигнат во Крушево. Маратоците ќе бидат пречекани во Крушево со 500 црвени рози, кои ќе бидат оставени покрај патот по кој тие ќе трчаат до вечното почивалиште на Тоше. На маратонците ќе им биде предаден букет со 26 црвени рози, колку што имаше години Тоше кога згасна неговиот живот во сообраќајната несреќа. Потоа тие ќе се упатат на Гумење, каде што се наоѓа вечното почивалиште на Проески и каде што ученици од основните и од средните училишта ќе ги пеат песните на Тоше во акустична придружба на гитари. Потоа, во спомен-куќата на маратонците ќе им бидат врачени благодарници за нивниот подвиг во чест на Тоше Проески.

Од отворањето во 2011 година, Спомен-куќата на Тоше, имала повеќе од 650.000 посетители од кои, според раководството, една третина се од странство, пред сè од балканските земји.

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче” (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест” во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници” беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.

Македонија

Касами почна со рушење на дивоградбите во Тетово

Published

on

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, најави засилени инспекциски активности за ослободување на узурпираните јавни простори. Тој нагласи дека Тетово не е приватна сопственост, туку заеднички дом за сите граѓани, повикувајќи на одговорност и грижа за редот и безбедноста во градот.

Continue Reading

Македонија

Истрага за обид за разбојништво

Published

on

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1, сторено согласно член 19 (во обид), како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 72-годишник, на 15 јануари, влегол маскиран во канцеларија за кредитирање на улицата “Прилепска” во Битола и со употреба на сила се обидел да одземе парични средства со намера противправно да ги присвои. Со хебла во едната рака и огнено оружје – пиштол во другата, тој се заканил на вработената и побарал од неа да ги стави парите во торбичка што и ја подал. Таа одбила по што ја удрил неколку пати со хеблата по раката и телото. Оштетената избегала надвор од објектот, по што и осомничениот го напуштил местото.

Разбојништвото се обидел да го изврши со пиштол марка „Црвена застава“ што го држел неовластено.

При претрес во домот каде престојувал било пронајдено оружјето и осум куршуми.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Continue Reading

Македонија

ЛА НИЊА НА НАЈЈАКО: Студ и снег ќе имаме и во следните месеци, можна појава на снег дури и во април!

Published

on

„Ладниот Метеоролошки феномен „Ла Ниња” моментално е со најсилен интензитет, и тоа ќе трае во следните 2 до 3 месеци со најголем интензитет, а овој ладен феномен ќе го има и во пролетните и летните месеци, па така да сето ова не би требало да дозволи да имаме екстремно топло лето, особено како минатото во 2024 година, вели метеорологот Славчо Попоски.


„Според ова, годинешното лето ќе биде далеку посвежо и поврнежливо, а секако, големи се шансите и за доцни мразеви во пролетните месеци, а да не не изненади и пролетен снег оваа година, во месеците Март, па дури и Април“, вели Попоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк