Во новата сезона на Срце на дланка на Алфа ТВ се бара помош за немилиот живот на семејството Кузмановски.
Доколку сакате да помогнете на семејството на Златко Кузмановски тоа можете да го направите на следната жиро сметка 200003962828680 или на телефонски број на Златко 078302307
Целата сторија ќе можете да ја погледнете во најновата епизода на емисијата #СрцеНаДланка на овој линк: https://www.youtube.com/watch?v=_5fws4ub1rA…
НашетоМалкуНекомуМожеДаЗначиСе♥️
Златко Кузмановски некогаш бил човек со широка насмевка и преполн со надеж дека среќно ќе живее. Со солзи се навраќа назад во времето кога се чувствувал безбедно и недопирливо. Во времето кога парите ништо не вределе, но, зборот и лицето значеле многу.
Денес, одвоен од сите, во две скромни собички со семејтвото гради дом на илузии и желби. Зашто, пари и начин за нешто повеќе и нема-вели тој.
До пред извесно време живееле и без струја, но, болеста на неговото шест годишно девојче ќе ја разбуди човечноста кај луѓето, па, свеќите ќе ги заменат со сијалици-ќе додаде овој несреќен татко. Но, ова семејство повторно живее мачен живот.
Сериозната здравствена состојба на малата Софија ќе ја спречат мајката да работи, а, примањата на Златко се доволни само за подмирување на кредитите земени претходно за издигање на тие две соби и понекогаш да се купи леб за да имаат што да јадат децата на училиште. Сепак, ова семејство спие во една просторија, се бањаат топлејќи вода на ќумбе, одвод немаат.
Децата за вкусна храна секојдневно сонуваат. И, иако со години вака живеат, сепак и младите и постарите се надеваат на хуманост и на секоја искра, ги шират очите и заборааваат на кривите погледи и тежината на времето.
Златко Кузмановски потекнува од времето кога привилегија било да се чекори со крената глава. Потекнува од грутка земја каде имало надеж за убав соживот. И токму таму издига дом и гради семејство во кој последните години продолжува турбулентно да живее.
-Пред 11 години одлучивме да се земеме со сопругата. Живеевме во заедница и животот не можеше повеќе така да го тераме. Ни се роддија и две дечиња Никола и Софија, кои денес имаат 8 и 6 години. Еден ден одлучивме. Со сопругата преку кредити и помош од блиските направивме мала инвестиција и скрона куќарка од две мали собички. Но, парите не стигнаа за саат за струја, за одвод, за бања и тоалет-започнува да го раскажува Златко својот тежок живот за емисијата „Срце на дланка“.
Златко се труди и е вреден. Ако не за себе, барем за децата- вели тој. Тие се мали и не разбираат што е сиромаштија, но, многу добро знаат што јадат и како живеат другите дечиња околу нив. Тоа е и најголемата болка на овој татко. Што нема основни услови да ги избања и нахрани децата онака како што треба.
-Работам, но, не стигнува. Се е поскапено, а, примањата се мали. И, децата се мали , ама знаат што сакаат. Ги гледаат другите деца и бараат. А, ние едвај наоѓаме начин да ги испратиме во училиште, а, лебот да не им биде сув. Некогаш маргарин, некгаш паштета, некогаш мармаладче…. Само да не се гладни-додава Златко.
Долго време ова семејство живеели и без струја, но, како што се вели „Секое лошо за добро е„ така еден немил настан пред неколку месеци ќе направи да се разбуди човечното кај народот и кај нив уште истиот ден светнува сијалицата. -На 28 јули сопругата беше на работа, а,Софија почна да се тресе и грчи. Ми текна и и го извадив јазикот да не го проголта. За некое време повторно се случи истото. Веднаш ја однесовме на клиника и и констатираа епилепсија. Од тогаш животот ни е кошмар. Сопругата мораше да даде отказ зашто Софија не смее сама да биде ниту еден миг, па, таа мора да е постојано до неа. Уште истиот ден и моите браќа се смилуваа и ми ја пуштија струјата. Па, имало Господ велам, барем не ги раснам децата на свеќи, ако, немам за нешто повеќе. Толку ми е тешко што понекогаш си помислувам дека подобро е да ме нема-вели Златко.
За жал поголема болка нема на детето да немаш ниту кришка леб да му понудиш. Но, ова семејство таква болка чувствува веќе одамна. Иако, се трудат децата за кризата да не дознаат и во храбри луѓе да ги израснат, сепак, најмалите од другите деца гледаат и потајно мечтаат. Еден ден и тие во нормална бања да се избањаат и во своја детска соба да заспијат.
-Софија поради лекарствата мора да јаде почесто. Па, некогаш и јас и сопругот се одрекуваме од залчето само да имаат децата да јадат. Ете и двајцата спијат во едно собиче. Немаме средства да ги одвоиме како сите деца да си имаат своја соба-додава Цвета, сопругата на Златко.
-Јас многу сакам кроасан, и пица, и пастрмајлија… А, мама нема пари да ни купи ниту паштета-вели осум годишниот Никола.
-И, јас многу сакам убава храна…како што јадат децата на училиште.. Сакам и телефон, и лаптоп за да учам преку него..А, кога ќе пораснам сакам да бидам докторка-завршува малата Софија.
Почина 19-годишниот Бошко Јанкулов, за кој цела Македонија собираше пари во надеж дека ќе успее да се спаси од тешката болест. Боледуваше од малиген канцер на коски, карлица и бели дробови.
Жалната вест за неговата смрт ја објави неговата мајка, која со потресна порака се прости од своето чедо.
Единец на мајка. Ѕвездо наша најсјајна, душа чиста како ангел, срце пречисто како солза радосница, светлино наша, ни ги исполни животите со спомени што за навек ќе се паметат. Дете полно разбирање, емпатија, простување, без осуди кон никого. Иако се чувстуваше тажно и неприфатено од околината, сепак на крајот се запрепасти во тешките твои битки колки си сакан и почитуван и подржуван. Биди спокоен чедо наше, таму каде што одиш нема болки, нема патење само мир вечен. Вечен спокој на душата твоја, те чека бога со раширени прегратки. Прости ни сине, не можевме да те сочуваме! Биди ангел на небото исто како што беше на земјата. ВЕЧНА ТИ СЛАВА ЈУНАК НАШ, НАРОДЕН ХЕРОЈУ. ДО СЛЕДНО ВИДУВАЊЕ. МАМА ТЕ САКА БЕСКОНЕЧНО, напиша таа на социјалните мрежи.
Maрко Мицески од Прилеп е двегодишно ангелче кое се бори со ретко заболување и поради кое и во моментов е во болница.
Неговото лекување е возможно во Турција, но за истото е потребни 19.000 евра – средства кои неговите родители не се во можност целосно да ги обезбедат.
-Ве молам помогнете им за да можам и јас да учам, да се развивам и играм, да се радувам на животот како сите мои врсници, стои во апелот за помош.
Во апелот има трансакциски сметки за донации за Македонија и Германија, па доколку сте во можност помогнете со ваш прилог за ова мало ангелче да добие шанса за здраво и безгрижно детство.
Алексеј има само 3 години и му е дијагностицирана хипоксична енцефалопатија, ретка болест која означува недостаток на кислород во мозокот, создавајќи ризик од сериозни последици и смрт.
Решението за оваа болест е пресадување на матични клетки, нешто што за жал не е возможно во нашите здравствени институции.
Поради тоа, неговото лечење мора да продолжи во болницата Лив Хоспитал Улус во Истанбул, но пресадувањето чини 19.000 евра, средства кои моментално семејството на Алексеј ги нема.
Затоа ве замолуваме токму вас, хумани луѓе кои ја поддржувате работата на нашата фондација, уште еднаш заедно да ја покажеме солидарноста на дело и да донираме за да го спасиме животот на нашиот Алексеј!
Донациите ќе се прибираат на сметката на фондацијата, а со собраниот износ ќе се платат сите трошоци кон болницата во Турција.