Connect with us

Македонија

Стефановски го искачи највисокиот планински врв Дамаванд во Иран и Мала Азија

Published

on

Бобан Стефановски, планинар од Куманово го искачи највисокиот планински врв Дамаванд во Иран и Мала Азија. Тој веќе десет години е планинар. Првпат на планината бил на покана на пријатели и го засакал планинарството.

Откако знам за себе, отсекогаш сум ја сакал природата. Љубовта кон планините и природата била отсекогаш присутна, меѓутоа, моментот кога првпат отидов на планина беше сосема случајно договорен претходниот ден со мои пријатели пред десетина години. И оттогаш не застанав, вели Стефановски.

Трпеливост, кондиција, дисциплина и страст е потребно да се искачат врвовите. Стефановски вели дека одредени врвови имаат специфична мистичност која дополнително го привлекува, како што е случај со Дамаванд.

 Секое искачување, секоја планина и секој врв се посебни на свој и единствен начин. Фактот дека Дамаванд е највисокиот врв во Иран и во Мала Азија, највисокиот стратовулкан во Азија, како и третиот највисок вулкан во источната хемисфера го прави да биде посебен, бидејќи е доста ретко искачуван од луѓето од наши простори, но и дека е познат како планината на гас и сулфур – на самата планина, близу кратерот на вулканот испарува сулфур, кој многу го отежнува искачувањето, посебно ако ветерот дува во вашиот правец и го носи непријатниот мирис накај вас, раскажува Стефановски.

Искачувањето на Дамаванд, што е со височина од 5.609 метри, траело четири дена. Во искачувањето учествувале само тројца планинари од земјава. Врвот е специфичен, изгаснат вулкан од кој може да се забележи испарување на сулфур.

Пред да го освојат Дамаванд, македонските планинари искачиле уште еден врв, Колумбастак висок 4.135 метри. Инаку, качувањето почнува од 3.000 метри. Првиот ден, планинарите пешачат до 4.200 метри, каде е првиот базен камп, одмараат, а вториот ден се искачува до 4.800 метри, процес кој е неопходен за телото да се климатизира. Потоа, повторно се спуштаат до 4.200 метри, преспиваат и веќе третиот ден се освојува врвот.

Стефановски вели дека постојано тренира и ги искачува врвовите овде во државата и надвор. Речиси секој викенд во зависност од работните обврски е на планина.

– Никогаш доволно од планина, вели кумановецот.

Тој наведува неколку врвови кои ги искачил, Дамаванд (5.609 м. во Иран), Арарат (5137 м. во Турција), Мон Блан (4.810 м. Алпи), Зумштајн (4.563 м. Алпи), Брајтхорн (4.164 м. Алпи), Колун Бастак (4.137 м. во Иран), Гран Парадизо (4.061 м. Алпи), Мусала (2.925 м. на Рила), Митикас (2.918 м. Олимп), Вихрен (2.914 м. Пирин), Триглав (2.864 м. во Словенија), Боботов Кук (2.523 м. Дурмитор, во Црна Гора), Кораб (2.764м. Кораб), Титов Врв (2.747 м. Шар Планина).

На прашањето зошто некои врвови се пониски, а потешки за искачување објаснува дека ѝ покрај тоа што одредени врвови се релативно пониски, предизвик е да се искачат, бидејќи зависи од конфигурацијата на теренот, видот на планина, степенот на стрмност, висинска разлика и должина на патеката, како и од периодот од годината кога се искачува.

– Предизвик ми е искачувањето на високи планини и долги експедиции. Преку искачувањето на планините, се спознавам себеси, своите психо-физички способности и осознавам до каде се моите граници и до каде можам да одам. Откако знам со себе, постојано сум физички активен и се занимавам со некоја физичка активност. Освен, планинарење, долги години, уште од основна училишна возраст, рекреативно се занимавам со играње кошарка. Кошарката е ставена на пауза само одреден период пред некоја важна експедиција, со цел да ја избегнам можноста од некоја несакана повреда, која би ми ја загрозила експедицијата, вели Стефановски.

Македонија

Извлечено возилото од Вардар: Пронајдени тела на три лица, потрагата по четвртото продолжува

Published

on

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека автомобилот кој излета во Вардар е извлечен. Во него биле пронајдени тела на три лица.

-Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено. Од него се извадени телата на три лица. Потрагата по четвртото лице продолжува, велат од ЦУК.

Во автомобилот било и четиригодишно дете кое е спасено од случајни минувачи и е пренесено во клиниката за детска хирургија.

Continue Reading

Македонија

Хорор во Блок 70: Татко си го убил сопствениот син

Published

on

Татко си го убил сопствениот синот вечерва во Тетово, објавија повеќе локални медиуми.

Според нив, се работи за македонско семејство кое живеело во населбата Блок 70.

Според првите информации се работи за семејна тепачка која завршила со убиство, таткото го убил синот. 

Како што дознаваат медиумите, таткото во тешка психолошка состојба е пренесен во тетовската болница.

Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово. Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловачка пушка. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово

Извор: 24инфо.мк

Continue Reading

Македонија

Убиство во Тетово – татко го застрелал синот со ловечка пушка

Published

on

Семејна трагедија вечерва ги потресе жителите на Тетово – татко со ловечка пушка си го убил синот, објави ТВ21.

На местото на злосторството, во населбата Блок 70, вечерва пристигнала полицијата, која го пронашла оружјето со кое е извршен насилниот чин.

Според првичните информации кои ги објави телевизијата, таткото два дена не излегувал од станот и полицијата се сомнева дека убиството е извршено пред два дена. Осомничениот е однесен во болница поради неговата психичка состојба.

Засега нема информации за мотивот за убиството.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк