Connect with us

Македонија

Ристо Пенов е новиот министер за локална самоуправа

Собранието денеска со 63 гласа „за“ го избра Ристо Пенов за министер за локална самоуправа на 88. седница. Пенов доаѓа на министерската функција откако неговиот сопартиец и претходник Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини.

Расправата за изборот на Пенов траеше три дена, а во тек на денешната дебата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нагласија дека заслугите на Пенов не се „толку големи“. Пратеникот Антонио Милошоски рече дека „е нејасно зошто Курто Дудуш не е предложен за министер за локална самоуправа“.

– Можеби Ристо Пенов бил некогаш подобро запознаен со предизвиците на локалната самоуправа и проблемите со кои се соочуваат општините, но има градоначалници во овој момент кои се соочуваат со актуелните проблеми и знаат што е најсериозно потребно за локалната самоуправа да се развива. Курто Дудуш е од ЛДП кандидат и нејасно е зошто ЛДП нема доверба тој да е министер за локална самоуправа. Курто Дудуш најверојатно не е пожелен ни во ЛДП, ни во Владата да ги застапува интересите на локалната самоуправа, рече Милошоски.

Мојата препорака до премиерот и до Ристо Пенов, како што рече, е „да се охрабрат и да им овозможат на граѓаните да изберат премиер, министер за локална самоуправа, за економија, за здравство и се друго, луѓе на кои ќе им веруваат, бидејќи очигледно е дека овој тим остварува само неуспеси“.

Пратеничката од СДСМ Санела Шкријељ верува дека Пенов ќе биде на „познат терен“ во ресорот локална самоуправа и на тоа според неа може да се гледа како позитивен развој на настаните.

– Метрополата се најде во клинч меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ кое ја донесе на тоа место. За жал, поради неуспешниот партиски пазар стана јасно дека Скопје ќе се гуши во ѓубре, ниту едно дрво нема да биде засадено, јавниот сообраќај ќе остане нерешен, греењето и осветлувањата Владата ќе ги решава, а Данела и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја шират војната и во останатите општини во Градот Скопје. Од тие причини, уште повеќе го поддржувам предлогот Ристо Пенов да биде избран за министер и се согласувам со очекувањата на премиерот дека треба и врувам дека тој ќе демонстрира посветеност, работа, чесен пристап кон граѓаните и државата. Знам дека и колегите од опозицијата го делат ова мислење за Пенов без разлика на овој перформанс наменет исклучиво за нивното гласачко тело, рече Шкријељ.

Пратеничката од ЛДП Моника Зајкова вели дека Ристо Пенов е еден од ретките политичари за кој сеќавањата во јавноста се позитивни и кој важи за политичар кој асоцира на стабилност и на искуство.

– Не е човек кој само приватизирал, туку човек што ги средил состојбите во градот Скопје. Пенов е татко на функционалноста на Скопје, новата автобуска станица, стазата на кејот, модернизација на скопскиот плоштад и ред други проекти за кои може да сведочат граѓаните, рече Зајкова.

Пратениците продолжија со втората точка на дневен ред, односно изборот на уставни судии, за што дебатата заврши и треба само да се гласа за Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева. На седницата на дневен ред, меѓу останатите, се и закони поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законите за здруженија и за политичките партии.

Македонија

ВЛЕН: Решени сме да ја демонтираме културата на неказнивост

По повод Меѓународниот ден против корупцијата, коалицијата ВЛЕН испрати остра и јасна порака дека овој ден не е формалност за празни изјави, туку силен аларм за „болеста“ што со години ги разградува темелите на државата.

Од ВЛЕН нагласуваат дека корупцијата не е само кршење на законот, туку предавство кон граѓаните, кражба на иднината и уништување на јавната доверба. Според нив, корупцијата не се бори со зборови или документи „за око на јавноста“, туку со храбри одлуки, чесни луѓе и целосно отфрлање на компромисите со криминалот.

„Државата не се чисти со декларации, туку со карактер. Институциите не се градат со пропаганда, туку со интегритет. А правдата не е луксуз, туку обврска“, порачуваат од ВЛЕН, истакнувајќи дека се решени да ја демонтираат културата на неказнивост и да изградат систем во кој власта не е привилегија, туку одговорност.

Во соопштението се додава дека рамнодушноста значи соучесништво, а молкот – поддршка за неправдата. „Денес не е доволно само да се осуди корупцијата, туку мора да се искорени до корен“, велат од ВЛЕН.

Коалицијата повторува дека останува непоколеблива во своите принципи: нулта толеранција кон корупцијата, нулта компромис со криминалот и нулта страв од вистината.

Continue Reading

Македонија

Општина Битола делумно ги исплати средствата на избирачките одбори

Општина Битола ја извести јавноста за утврдената постапка и динамика за исплата на финансиските надоместоци на членовите на избирачките одбори, кои беа ангажирани за реализација на локалните избори во 2025 година.

Од секторот за односи со јавност информираат дека, во согласност со законската обврска, веќе е реализирана исплата на 25 отсто од вкупната сума од буџетот на Општина Битола. За оваа делумна исплата, претседателите на избирачките одбори се соодветно известени.

Преостанатите 75 отсто од средствата се интегрирани и предвидени во Предлог-буџетот на Општина Битола за 2026 година. Овој предлог-буџет е веќе доставен до советниците во Советот на Општина Битола и се очекува да биде изгласан пред завршувањето на тековната календарска година.

Од Општината нагласуваат дека финалната исплата на надоместоците за сите членови на избирачките одбори ќе биде реализирана во текот на првиот квартал од следната година.

Continue Reading

Македонија

Муцунски во Абу Даби: Потврдена силна соработка меѓу Македонија и ОАЕ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба во главниот град на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) со неговиот колега за надворешна трговија, шеикот Тани бин Ахмед Ал Зејуди. Овој состанок не беше само формалност, туку динамичен чекор напред кој ги потврди веќе одличните билатерални односи и го истакна потенцијалот за нивно натамошно продлабочување

Акцентот на разговорите беше ставен на највисоките приоритети: економијата, трговијата и инвестициите. Ова е областа каде двајцата министри гледаат најголем простор за соработка.

Како што известува Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски и Ал Зејуди јасно ја потврдија подготвеноста на двете држави да ја интензивираат соработката во клучни сектори од заемен интерес. Овие сектори ги вклучуваат инфраструктурата, енергетиката, туризмот и технологијата.

Не е тајна дека ОАЕ е глобален лидер и визионер во иновациите, а соработката токму во овие области може да донесе вистинска трансформација за Македонија.

Двајцата соговорници беа единствени во оценката дека денешната средба е многу повеќе од протокол – таа ширум ја отвора вратата за нови, значајни инвестиции и заеднички проекти.

Овие иницијативи, како што се нагласува во соопштението, драматично ќе ја зајакнат економската поврзаност меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

Оваа средба претставува силен сигнал за бизнис заедниците од двете страни и ветува плодна економска пролет.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг