Connect with us

Македонија

Најака оставка – Османи: Шефот на протоколот дал оставка, но заминува во амбасадата во Москва

Published

on

Logo

Македонија

Оставка од морални или амбасадорски причини? Османи: Шефот на протоколот даде оставка, но заминува во амбасадата во Москва

Автор:Светлана Унковска01/11/2022 19:31,/center>

Првиот човек на Протоколот на МНР со барањето за негово разрешување поради тоа што беа погрешени знамињата при посетата на словенечката министерка Тања Фајон, нема многу да има влијание во неговата кариера бидејќи тој сепак заминува како амбасадор во Москва. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека неговото назначување за амбасадор во Русија е уште од март годинава и дека тоа нема никаква поврзаност со функцијата што ја вршел како шеф на Протоколот.

„Тоа е одделено комплетно од прашањето на амбасадорското позиционирање во Москва. Дали и кога ќе пратиме амбасадор во Москва, тоа ќе биде политичка одлука во зависност дали ќе процениме дека за ОБСЕ треба да имаме комуникација и со Руската федерација. Меѓутоа тоа не е поврзано на ниту еден начин со овој процес во функција на Протоколот.“, рече Османи.

Од Македонскиот дипломатски синдикат уште претпладнето стигна соопштение во кое остро се напаѓа министерот Османи дека не ја зборува вистината околу оставката на шефот на дипломатијата.

„Без срам господинот Бујар Османи вчера јавно пред телевизиски камери излажа дека поради грешка со поставување знамиња оставка поднел директорот на Протокол во МНР. Лагата околу наводната оставка да биде уште побескрупулозна, споменатиот колега за една недела заминува на амбасадорска позиција во една голема земја, за каде што картите му се извадени уште пред инцидентот со знамињата. За каква оставка зборува господинот Османи?“, се вели во соопштението од Македонскиот дипломатски синдикат.

Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

Published

on

На саемот „Винска визија на Отворен Балкан“, претседателот на Србија, Александар Вучиќ се пофали со убавите жени во Врање, но македонскиот премиер Христијан Мицкоски одговори дека убави жени има и во Македонија.

На саемот се претставија повеќе од 300 винарии од Македонија. Во Белград се одржа и Македонска вечер. 

Continue Reading

Македонија

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Published

on

Пелистер изгуби дел од најстарата моликова шума. Невремето кое изминатиот викенд го зафати Битолскиот регион уништи преку 150 дрвја, меѓу кои и најстарото стебло, старо и пол векови.

Според НП „Пелистер“ најголема штета е причинета во средишниот дел, каде се наоѓа најстарата шума од молика, а каде се уништени околу 150 стебла на површина од стотина хектари. Според познавачите, освен силниот ветер, причина за ваквата штета е и староста на дрвата.

Македонскиот бор, како што му е и официјалното име, е исклучително значен ендемичен вид, а тој е и причина што Пелистер во 1948 година е прогласен за национален парк, прв во државата.

Continue Reading

Македонија

Koja e Фани Каранфилова Пановска, новата заменик претседателка на СДСМ

Published

on

Нова заменик претседателка на опозициската СДСМ е Фани Каранфилова Пановска.

Таа беше избрана за оваа партиска функција на вчерашниот 30. Конгрес на партијата.

Каранфилова Пановска доаѓа на местото на Сања Лукаревска, која по последните парламентарни избори поднесе оставка, а сега е пратеничка на партијата.

Претходно на таа функција беше Радмила Шекеринска.

Која е Каранфилова-Пановска

Каранфилова-Пановска зад себе нема политичко искуство.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој и ја предложи за оваа функција, вчера изјави дека двајцата се познавале долго време, а на јавноста и е позната пред се како поранешен директор на Фондацијата Отворено општество Македонија.

На оваа позиција беше избрана во 2015 година и тогаш го наследи Владимир Милчин, првиот извршен директор на Фондацијата.

Повеќе не е на таа позиција.

Целата своја професионална кариера Каранфилова-Пановска ја поминала во граѓанскиот сектор.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк