Connect with us

Балкан

Балканец во Германија: Каде е мајката на ова јајце? (Видео)

Published

on

Една снимка од Балканец во германска продавница стана хит на „Тик-Ток“.

Балканецот не знаел како да каже кокошка на германски, па реши на интересен начин да го праша вработениот.

Тој најде едно јајце и го праша продавачот „каде е мајката на јајцето“, по што продавачот се насмеа и го однесе на вистинското место.

Балкан

Физичка пресметка меѓу пратениците на владејачката коалиција и опозицијата во српското Собрание, седницата прекината

Published

on

Седницата на српското Собрание на која се расправа за Предлог-буџетот за 2025 година е прекината поради инцидент, туркања и физичка пресметка на пратениците од владејачката коалиција и опозицијата, јави дописникот на МИА од Белград.

До инцидент дојде кога пратениците на владејачката коалиција и на опозицијата дојдоа на говорницата држејќи транспаренти, по што имаше извици, меѓусебно туркање и фрлање хартии и вода.

Continue Reading

Балкан

Македонците во Пустец одбележан патронот на црквата Свети Архангел Михаил (ФОТО)

Published

on

Македонците во Пустец, Мала Преспа, заедно со жители од останатите населени места од оваа општина, достојно како и секоја година, го одбележаа патронот на црквата „Свети Архангел Михаил“, што го чествуваат како нивен  заштитник.

Утрена, со света божествена литургија, отслужи отец Алексо Темелко, по што во трпезаријата на црквата имаше богата трпеза за сите верници, а потоа и музичка програма со македонски песни и ора.

Ја продолжуваме традицијата на одбележување на овој голем празник, посветен на Свети Архангел Михаил – водач на небесните сили, чувар на сите болни и заштитник на Македонците во Пустец. Обновен е на темелите на старата црква, која била урната за време на комунистичкиот период.

Continue Reading

Балкан

Изборниот материјал во Албанија и на македонски јазик

Published

on

Изборниот материјал за парламентарните избори во Албанија, што ќе се одржат на пролет следната година, ќе биде и на македонски јазик, како и на јазиците на останатите осум малцинства, признати со законот донесен во 2017 година.

Ова го соопштил претседателот на Централната изборна комисија, ЦИК, Илиријан Целибаши, на средба со претставниците на националните малцинства, поточно членовите на Комитетот за малцинства, каде претставник на македонското малцинство е Марјана Костофски.

– Во фокусот на средбата беше до сега сработеното во однос на информирањето на националните малцинства на нивниот јазик за изборниот процес, како и тоа што треба понатаму да се направи, со цел подобрување на информираноста и нивна едукација за претстојните избори. Го истакнав правото на секој да добива информации за изборите и пред сè преку сите средства за информирање, објави Целибаши.

Додава дека ја изразил целосната подготвеност на ЦИК да го направи она што е најдобро за прашањата за кои има интерес секое национално малцинство.

– На оваа средба со националните малцинства истакнав дека изборните материјали ќе бидат преведени на мајчин јазик, за 9-те национални малцинства кои се законски признати во Албанија, напиша Целибаши.

Парламентарните избори, 11-ти по ред, по падот на тоталитарниот режим ќе се одржат на пролет, за што датумот треба да го одреди шефот на државата, Бајрам Бегај, во средата ги почна средбите со политичките партии. Според изборниот законик треба да биде датум од последната недела на април или првата недела од мај месец.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк