Битолскиот актер Васко Мавровски вчера бил повикан на распит во полиција, по пријава на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Синоќа во 21:30 часот од страна на двајца полициски службеници бев повикан под итно да ја напуштам пробата во НУ Народен театар Битола за да ми биде врачен некаков документ. Иако за нас актерите пробата е свет чин бев приморан да го напуштам објектот. Пред влезот на НУ Центар за култура во период кога публиката ја напушташе кино проекцијата полицијата ми даде да потпишувам покана за информативен разговор во полициската станица со напомена дека веднаш треба да бидам спроведен. По кратко натегање прифатија сам да се пријавам во рок од 20 минути. Заедно со мојот адвокат се пријавив во полициската станица и ми беше соопштено дека министерката за култура во полициската станица во Кисела Вода пријавила дека таа и нејзиното семејство чувствуваат дека нивниот живот е загрозен поради споменувањето на „продолжен кабел“ во мој пост на фејсбук неколку часа претходно. После 40 минути распит и давање на изјава од моја страна бев ослободен од страна на полицискиот службеник, вели Мавровски, споделувајќи ја објавата за која бил пријавен.
Сакам, додава Мавровски, уште еднаш директно да ја повикам Бисера Костадиновска Стојчевска и да ѝ поставам неколку прашања.
Дали со применување на вакви удбашки и фашистички методи планирате да ги замолчувате вашите неистомисленици? Дали културните работници планирате да ги апсите за искажан став во врска со вашите катастрофални резултати во културата? Дали ваквиот пристап од позиција на моќ значи замолчување и цензура на политичките противници, бидејќи веројатно сте информирани дека во моментот мојата маленкост е портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола и претседател на Патриотскиот институт “Гоце Делчев” на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола? Дали на ваков начин ќе ги решавате проблемите во културата особено во вашиот роден град во кој немате потрошено еден денар за капитални инвестиции?
Ние, почитувана цел нас живот штедиме и работиме без греење со стари рефлектори и користиме тоалети кои датираат од 1980 година. Борбата за слобода на говорот и нецензурирана култура ќе продолжи уште пожестоко, вас и на вашето семејство ви посакувам многу здравје но сметам дека е време за ваша оставка!
Ваквите методи на присила генерации наназад ги спроведувале на членови од моето семејство и да знаете дека во генот ни е наместо да се исплашиме да бидеме посилни и поупорни правдата и вистината да излезат на виделина, пишува Мавровски.
Во денешното гостување на емисијата ”Во живо, програма на градови, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, говорејќи за обновата на спортската инфраструктура во општина Кисела Вода, ексклузивно најави дека до крајот на оваа седмица ќе започне целосната реконструкција на култната сала Расадник.
-Во четврток или петок, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски и со Премиерот Христијан Мицкоски, ќе го најавиме официјалното отпочнување на градежни активности што подразбираат темелна, целосна реконструкција на салата “Расадник”. Тоа е еден симбол на нашта општина, место каде што своите почетоци ги има РК “Вардар”, но и нашиот министер Борко Ристовски, од кој имаме целосна поддршка. До крајот на неделава ги започнуваме градежните активности, завршена е тендерската постапка и избрана е фирмата изведувач која ќе го работи сето тоа и верувам е дека некаде до средината на мај наредната година, како што е предвидено со договорот со компанијата изведувач, салата да биде свечено пуштена во употреба и се надевам дека конечно и РК “Вардар”, конечно е се врати во својот храм, дома, во Кисела Вода-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски кој информираше и дека во овие три години во општина Кисела Вода се изградени и обновени 13 спортско-рекреативни центри, 6 спортски сали, 19 детски катчиња и 7 паркови со преку 80 000 м2 зеленило.
Во однос на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за поддршка од повеќе земји членки на идејата за уставни измени со одложено дејство, и дали во Владата се разговара околу тоа, Меџити рече, дека тоа е потврда дека Владата е европски ориентирана и е во врвот на приоритетите.
– Секојдневно работиме во таа насока. Јас сум оптимист дека сме на прав пат, изјави Меџити.
Вчера околу 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.30 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, по претходна расправија две лица се испотепале меѓу себе.
„Јавниот ред и мир бил нарушен со физичка пресметка помеѓу А.Р.(33) од с.Марино, скопско и А.Д.(30) од с.Зелениково, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, се вели во полицискиот билтен.