Најмладата ќерка на Доналд Трамп, Тифани, се омажи за египетско-американскиот претприемач Мајкл Булос на семејниот имот Мар-а-Лаго.
На свадбата на Тифани преовладуваа белата и сината боја, а поранешниот претседател дефинитивно не штедел на свадбата на својата ќерка, за која отворено призна дека не му е омилена, туку всушност, „најмалку омилена“.
Кума била полусестрата на невестата Иванка Трамп, миленичката на Доналд, која според многумина ја засенила самата Тифани, која блескала во луксузната венчаница со долги ракави како принцеза од Ели Сааб.
Марла Мејплс, мајката на Тифани се појави во фустан од лаванда на едно рамо од истиот дизајнер.
Трамп беше во смокинг, понекогаш расположен, понекогаш со мрачно лице.
Младенците се венчаа пред семејството и пријателите под олтар украсен со розови, сини и бели цветови.
Цветниот аранжман одговараше на светлосиниот фустан што го носеа деверушите на Тифани Трамп, меѓу кои беше и нејзината полусестра Иванка Трамп. Постарата ќерка на Доналд Трамп, која американскиот милијардер ја имаше со поранешната сопруга Ивана Трамп, блесна во луксузна тоалета, кој ја искомбинира со фантастични металик сандали.
Откако младенците кажаа „I do“, започна уживањето во коктели. А кога падна ноќта, дојде време за екстравагантна церемонија на Флорида. Тифани и Мајкл ангажирале бенд со најмалку 10 членови и танчери, пишува Page Six.
Гостите уживаа во забавата на маси покриени со бујни цветни аранжмани и високи кристални канделабри.
Свадбата беше како раскошна бајка, но среќниот крај не беше без предизвици.
Само неколку дена пред големиот настан, Тифани, наводно, била лута откако нејзината „вечера за добредојде“ била загрозена поради ураганот Никол.
„Тие го испратија персоналот дома. Тифани сè уште беше таму“, изјави инсајдер за Page Six во четвртокот, мислејќи на луксузната резиденција на Доналд во Палм Бич.
“Некои гости доаѓаа една недела и ги планираа сите овие работи. Тоа требаше да биде гала настан. Мораа да ги откажат денешните настани и излегувањето на голф за утре. Сите останаа внатре”, додал изворот.
Ураганот Никол удри во Флорида претходно оваа недела и го затвори меѓународниот аеродром во Палм Бич, влијаејќи на тоа кој би можел да лета на свадбата.
Изворот претходно изјави дека младенците очекуваат 500 гости. Тогаш не се знаеше колку од нив морале да го откажат доаѓањето или начинот на кој стигнале до свадбата поради невремето.
„Тифани планираше голема свадба, нејзиниот вереник е од многу богато семејство, а таа е од многу богато семејство и тие сакаат сите нивни пријатели од целиот свет да бидат на свадбата“, изјави извор пред гала настанот.
Сепак, парот успеа да добие дозвола за венчавка во вторникот – само неколку часа пред судот во округот Палм Бич да биде принуден да затвори цела недела.
И покрај лошото време, Тифани вчера успеа да ја прослави својата венчавка со семејството и најблиските пријатели.
Да потсетиме, Тифани и нејзиниот четири години помлад сопруг Мајкл се свршија во јануари оваа година во дворот на Белата куќа.
Вереничкиот прстен чинел 1,2 милиони долари.
„Беше чест да прославувам многу пресвртници, историски прилики и да создадам спомени со моето семејство во Белата куќа. Ништо поспецијално од мојот ангажман со мојот неверојатен свршеник Мајкл“, напиша тогаш Тифани, а тие исто така го посетија Белград пред неколку години.
Зетот на Трамп е наследник на нигерискиот конгломерат „Boulos Enterprises“, за кој се претпоставува дека вреди неколку милијарди долари.
Двојката се запознала четири години претходно додека тој студирал во Лондон, а таа била на европски одмор. Младиот бизнисмен пред да ја запознае четири години постарата сопруга, често менувал девојки и се забавувал, а слободното време го користел за крстарење по Медитеранот. Меѓутоа, кога ја запознал Тифани – сè се променило.
„Црната овца на семејството“, како што американските медиуми ја нарекуваат Тифани, е една од ретките членови на семејството Трамп против кои не се води кривична постапка.
Фактот дека пораснала само со нејзината мајка Марла Мејплс, која му била втора сопруга на Доналд, ја направи Тифани сосема поинаква од остатокот од семејството, а и денес не е некој што „притиска“ да биде во центарот на вниманието. Всушност, фактот што сите овие години важеше за аутсајдер ја спаси од „влечење низ калта“ низ која поминаа нејзините браќа и сестри, пренесува Story.hr.
Врската помеѓу поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата втора сопруга, актерката и поранешна манекенка Марла Мејплс, своевремено зовре во сите медиуми. Причината е едноставна – во времето кога двајцата ја започнаа својата романса, тој сè уште беше во брак со покојната Ивана Трамп.
Проблемите во бракот со Ивана станаа познати во 1989 година, кога на одмор во ски-центарот во Аспен изби јавна расправија, а Ивана поднесе барање за развод откако дозна дека Трамп има љубовница Марла.
По неговиот развод, прељубничкиот пар се венчал, а биле во брак од 1993 до 1999 година.
Разводот бил неизбежен бидејќи, како што подоцна објаснила Марла, „тие не се согласувале во погледите на светот, а имале поинаква идеја за воспитување на својата ќерка“.
После тоа, Марла се преселила во Калифорнија каде сама ја одгледала Тифани.
Ќе напишам рецензија за вчерашниот концерт на Мизар, но не очекувајте никаква објективност од мене дека дури и со сила да се обидам нема да можам.
Тие кои ме познавате одамна знаете дека бев и сум исклучително голем фан. Така и ќе започнам. Се сеќавам точно на денот некаде 1991/2 кога на Зелено пазарче (на она истото каде што се продава овошје и зеленчук) ја купив касетата односно вториот албум на Мизар „Свјат Дримс“. Сѐ после ова одеше по некој природен тек на нештата или мојата желба да свирам, запознавањето со првиот албум „Девојка од бронза“, наоѓање на гаражни демо снимки од сите можни постави особено некои верзии на кои пее Горан Трајковски, па Вртев, следејќи ги сите откровенија на Мизар, па сите нови постави од Горан, па Нора, па Хармосини, Кисмет проектот на Горазд варијантата со девојката (нека ми прости ѝ го заборавив името). Да бидам малку реален сепак, некои од поставите имаа повеќе, а некои помалку успех.
Но, дури вчера во МКЦ сфатив дека секој кој „прошол“ низ Мизар имал причина или попрецизно минал дека така требало да биде за да можеме да ги слушаме во живо Мизар и во 2024 година. За жал, Мизар во постава со Горан Таневски имав можност да ги гледам само еднаш во живо пред платото на денешна зграда на влада, а тогашна ЦК. Беше групна свирка и звучеа страшно добро, а таа вечер со Деан Ќурчиев (Ќуре) мислам го запознавме и нашиот прв тапанар Пајо кој исто така беше фан на Мизар. Веќе на вториот концерт на кој бев присутен во Куршумли ан – Мизар имаа нов вокален изведувач односно пееше Нора наместо Таневски.
Во изминативе 3-4 години имав на некој начин подиректна врска, односно моите музички проекти меѓу другите локации ги снимав и правев во студиото на Нико (сегашниот вокал), „Вруток“, а таму проби правеа Мизар во горе доле екипа со вчерашната постава. Имав можност да ги слушнам неколку пати на проба и да ја осетам новата енергија. Ако не грешам Нико минатата година почна да пее бек вокали со Мизар за од оваа година да биде лид вокал. Истиот ден кога дознав за најновиот лајнап на Мизар, беше моментот кога започнав како Годо да го чекам вчерашниот ден за концертот во Скопје.
Денсинг салата на МКЦ вчера во ден недела кој не е не баш идеален ден за концерт на Мизар беше полна со народ како на времето. Локацијата за концертот е единствениот објект во Скопје кој во 2024 тоа и го залужил да биде. Пред концертот им се убацив на тонската проба и слушајќи ги како го нивелираат звукот свирејќи ја „Униније“ конечно ми дојде сознанието за она погоре што го напишав, за тоа дека секој што бил дел од Мизар бил со причина во Мизар за да остави трага, да остави ѕвездена прашинка и да ја пренесе на новите кои доаѓаат по него. И, сѐ ова за да може Горзад сето тоа да го склопи да звучи како што звучеше вчера – „силно и моќно – како да е направено за 2024 година“!
Влезот на концертот беше со новата ствар „Псалм 135“, а во првите 20 секунди присутните во МКЦ од кои повеќето не ги познаваа вокалните капацитети на новиот пејач Нико мислам дека беа разнесени од точноста, прецизноста и полниот израз на бендот. Некаде на половина песна знаев кој ќе биде муабетот утре у Скопје – „Мизар звучеа беспрекорно под конец“. На концерт бев со пријател странец кој да речеме има рафиниран музички вкус (малку повеќе џез) и кој за првпат ги слуша Мизар. Нему сите песни му имаа исто значење така што неговата констатација дека звучат како сериозен светски бенд има веројатно поголема објективна тежина од мојава рецензија. Скопје од доцните 80-ти и почеток на 90-тите вчера беше во МКЦ, но беа и нивните деца млади, некои претпоставувам ги донеле старциве на „сила“ да видат и да чујат како растеле. Но, тоа што мене особено ме импресионираше вчера е дека тие нови деца не слушаа некој стар бенд со носталгични звуци, туку слушаа зрел легендарен бенд кој произведува модерен звук.
Рецептот на Горазд – функционира и за младиве генерации.
После првите нови ствари кои ги отсвирија маестрално, со нови аранжмани започна серијата на концертот со старите ствари од „Униније“, преку „Дождот“, „Магла“ и очекуваната кулминација со „Девојка од бронза“ и хорскиот крај на сите заедно со публика и повик од истата „Разбудииииии се……разбудиииии се“!
После ова концертот течеше би рекол природно како што треба кон својот крај.
Тоа што сакам да го напишам на крај е дека ги имаме Мизар во 2024 година кои ако сакаат можат уште многу да донесат во нашево општество.
Влијанието на музиката е исклучително важно во развојот на генерации млади луѓе и тоа не само од аспект на музиката како уметност сама по себе. Факт е дека тоа на каква музика растеш, таа те води кон тоа какви книги читаш, како се образуваш, до моментот каков партнер(ка) ќе одбереш, другар, пријател, колега, дали ќе ти заминат некои од нив да станат монаси или да возат камион во САД, каде ќе се вработиш, дали ти ќе придонесуваш во социјално-општествена смисла за твојата земја одредена додадена вредност или нема и таканатака.
Мизар придонесуваат многу, веќе долги години, но тоа што ме радува е дека продолжуваат да го прават истото и тука ќе се, во Скопје, Македонија за децава во годиниве пред нас.
Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13 преку социјалните мрежи соопшти дека поради влошена здравствена состојба го откажува и најавеното гостување во поткастот кај Лазаров кое беше закажано за утре.
Како што е познато, Бојан Јовановски деновиве се откажа и од организацијата околу големата наградна игра со Стефан Лазаров, исто поради влошена здравствена состојба, но и претрпен стрес.
Фотографија од „југо“ на американски автопат предизвика возбуда на социјалните мрежи, иако автентичноста на сликата не е потврдена. Луѓето најмногу ги возбуди натписот на регистрацијата за кој не се знае дали е вистински или монтиран, а кој со хуморот предизвика носталгија кај корисниците на социјалната мрежа Фејсбук и започна дискусија на интернет.
Пред речиси пет децении во фабриката „Застава“ во Крагуевац беше склопен првиот автомобил „Застава корал“, попознат како Југо, кој стана еден од најпрепознатливите симболи на Југославија.
Првиот автомобил беше подарен во далечната 1977 година на Јосип Броз Тито. Автомобилот, кој некогаш важеше за гордост на југословенската автомобилска индустрија, беше претставен на американскиот пазар во 80-тите години, но подоцна стана предмет на потсмев. Често се нарекува „најлошиот автомобил на сите времиња“.
На Фејсбук во групата Scenic Depictions of Slavic Life беше споделена фотографија од југото, а направена на американските патишта. Креативната регистарска табличка со натпис „bad car“ лош автомобил) ги насмеа корисниците.
Следуваа многубројни коментари. „Кажете што сакате, но автомобилот е сè уште во возна состојба“, гласи еден од нив. „Легенда“ и „Мојот прв автомобил“, напишале други корисници. Друг корисник додал дека се работи за бесмртна југословенска кола. „Немам возачка дозвола, но ако некогаш добијам, ќе биде на југо“, напишала една корисничка.