Connect with us

Македонија

Приватните превозници со околу 200 автобуси ја блокираа „Илинденска“

Published

on

Околу 200 автобуси и 300 возачи и сопственици на автобуси од приватните превозници на „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“ во моментов протестираат со блокадата на десната страна од булеварот „Илинден“, поради неисплатениот долг од страна на ЈСП „Скопје“, изјави за МИА, претставникот на превозниците, Кемал Муриќ.

На прашање до кога ќе трае блокадата, тој информираше дека тоа ќе биде до крајот на работното време.

– Бидејќи побаравме повторно официјално прием кај градончалничката, претпоставуваме дека тоа ќе биде до крајот на работното време, рече тој.

Доколку оваа блокада нема исход, директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски на вчерашната прес-конференција најави дека в понеделник почнувајќи од 6 часот главниот град ќе биде целосно блокиран, односно приватните превозници ќе ги блокираат крстосниците кај ТЦ „Мавровка“ и кај Црвениот крст и на булеварот „Илинден“.

Од Град Скопје вчера соопштија дека го прекинуваат договорот со приватните превозници од „Слобода превоз“ поради неисполнување на обврски што произлегуваат од договорот. Од Градот апелираа до превозниците да ја ревидираат одлуката за блокада на Скопје, бидејќи, како што велат, со тоа нема да постигнат решение за проблемот.

Исто така, од Градот најавија дека од следна недела ќе биде објавен јавен повик на кој ќе можат да се пријават сите приватни превозници, со цел поголема транспарентност на процесот и полесно разрешување на потенцијални проблеми.

Првата блокада на приватните превозници се одржа на 28 ноември на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, кога околу 30 автобуси на „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“ беа паркирани на булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“, со барање „да им бидат исплатени долговите за да можат да почнат повторно со работа

Македонија

Скриената порака на македонските банкноти: Што се открива ако ги осветлите со УВ-зрак?

Published

on

Дали сте знаеле дека македонските банкноти од 200 и 2000 денари кријат скриени детали што можат да се видат само под ултравиолетова светлина? Ако ги осветлите со УВ-зрак, ќе забележите специјални безбедносни елементи кои го потврдуваат нивниот автентичност и го прават фалсификувањето речиси невозможно.

Графичкиот дизајн на овие банкноти е дело на Ласко Џуровски, а неговата уметничка визија е комбинирана со најсовремените заштитни технологии. Па, ако имате УВ-ламба при рака, пробајте – можеби ќе откриете нешто што не сте очекувале!

Continue Reading

Македонија

Ова е судијката која го ослободила од притвор Васил кој ја усмрти Фросина

Published

on

Васил Јанев кој завчера ја усмрти младата Фросина Кулакова возејќи со 130 километри на час на булеварот „ Партизански одреди“, лани за трговија со наркотици бил ослободен од притвор и иако бил полнолетен кога го сторил делото му било пресудено да оди во поправен дом за малолетници.

Судијката која ја донела пресудата е Даниела Алексовска Стојановска, која на 31 Јули 2024 пресудила воспитна мерка – упатување во воспитно поправен дом во согласност со Законот за правда на децата при што ја укинала притворската мерка и Јанев се нашол на слобода, објави Радио Лидер. Тоа е истата судијка која го пресуди „Талир2“.

„Обвинението од ОЈО било поднесено на 2 април, а МВР поднело кривична пријава само три дена претходно, откако во рација во неговиот дом пронашле над 80 паковки со амфетамин.

Сторителот во моментот на сторувањето на делото бил полнолетен, но затоа што станува збор за помлад полнолетник него му било пресудено да оди во поправен дом. Според адвокатската фела, многу е ретко ваква пресуда да се даде на некој што бил уапсен со толкава количина на дрога.

Тој без возачка дозвола, исто така пред две години предизвикал сообраќајка со повреди, но немало кривичен прогон.

-Против истото лице до обвинителството е поднесена само уште една пријава на 01.02.2023 година за кривично дело од член 297 за сообраќајна незгода случена на 04.11.2022 година во која едно лице се здобило со полесни повреди. Јавниот обвинител спровел постапка и со изјавена согласност на оштетената донел Решение со кое не се презема кривично гонење согласно чл.43 од ЗКП, а осомничениот се согласил да постапи по напатствијата на јавниот обвинител и да уплати паричен износ од 18.000 денари во корист на Буџетот на РСМ. Освен ова МВР повело и прекршочна постапка за возење без возачка дозвола. Други кривични пријави за лицето не се поднесени во јавното обвинителство – стои во соопштението на обвинителството.

Извор: netpress.mk

Continue Reading

Македонија

Се трага по 28годишно момче од Неготино

Published

on

Од вчера е исчезнат 28 годишниот Миле Тодоров од Неготино, а по него трага семејството и полицијата.

Исчезнувањето на Миле во полиција го пријавил неговиот татко.

-На 30.01.2025 во 18.00 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР за Курир.

Миле последен пат бил забележан во Марена, околу 10.30 часот. Облечен е во работничко одело, бело палто и црн елек.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк