Connect with us

Балкан

ВУЧИЌ: Очите ми се насолзија, бев пресреќен, кога видов дека 99 отсто од единицата Кобра побараа да одат на Косово да ги бранат Србите

Дури 99 отсто од припадниците на единицата Кобра, кои го чуваат српскиот претседател Александар Вучиќ побарале да заминат на Косово и Метохија, а тој изјави дека му дошло да се расплаче кога тоа ги видел на состанокот на Советот за безбедност одржан во неделата, пишува српска Нова.

– Што се однесува до седницата на Советот за национална безбедност, морам да кажам дека сум горд на припадниците на нашата армија. Ова е најсериозната ситуација досега. Надополнувањето со храна, муниција, кадри… никогаш не било подобро. Очите ми се насолзија, бев пресреќен кога видов такво единство и желба за извршување на секоја задача што им ја поставува државниот врв, рече Вучиќ.

Тој повтори дека семејството и пријателите се уште не знаат каде е уапсениот поранешен припадник на полицијата Дејан Пантиќ.

– Ден пред апсењето Курти изјави дека барањата за формирање на ЗСО се детски. Бербок, (германската министерка за надворешни работи) рече дека некој ги спуштил тензиите затоа што се одложиле изборите, замислете, какво лицемерие. Таа ноќ упаднавте со специјалци и сакавте да ги заземете општинските изборни комисии… Знаевте дека нема да има избори, но сакавте насилно да ги нападнете Србите… Така ја уништија Република Српска затоа што тоа им одговара, изјави Вучиќ.

Балкан

Атина: 38 приведени за време на годишнината од убиството на тинејџерот

Во центарот на Атина вечерва избувнаа судири меѓу демонстранти и полицијата за време на маршот по повод 17-годишнината од убиството на Александрос Григоропулос. Полицијата употреби солзавец и шок-бомби, а 38 лица беа приведени, од кои осум се уапсени.

Тензии се појавија кога дел од демонстрантите се обидоа да се упатат кон квартот Егзархија, но полицијата ги спречи. Метро станиците „Панепистимио“ и „Синтагма“ беа затворени од 17 часот по наредба на властите.

Слични протести се одржаа и во Солун, каде беа приведени десет лица. Убиството на 15-годишниот Григоропулос во 2008 година останува симбол на борбата против полициската бруталност, а годишнината и годинава беше обележана со судири и засилено полициско присуство.

Continue Reading

Балкан

Брод со мигранти се превртел кај Крит: 18 загинати, двајца преживеани

Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 загинати мигранти покрај брегот на Крит, јави грчката јавна телевизија ERT News. Двајца преживеани изјавиле дека ја изгубиле контролата над бродот за време на бура, останувајќи на отворено море без вода и храна.

Сè уште не е познато од каде потекнуваат жртвите, а форензичарите и истражителите работат на утврдување на околностите околу несреќата. Моќна бура беснее во морето околу Крит, со налети на ветер над 90 километри на час.

Според УНХЦР, криумчарски банди продолжуваат да испраќаат мигранти по опасната рута од Тобрук во Либија кон Крит, а речиси 17.000 мигранти пристигнале на островот до почетокот на декември 2025 година.

Continue Reading

Балкан

(ВИДЕО) Автомобил „полета“ над кружен тек – дијабетска криза ја предизвикала несреќата

Тешка сообраќајна несреќа се случи во Романија кога возач на „мерцедес“ ја изгуби контролата врз автомобилот и буквално прелета над две возила на кружен тек.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи јасно се гледа дека автомобилот возел со голема брзина, ја пресекол кружницата и „полетал“ над другите возила пред да удри во столб на надзорна камера и да застане на зелена површина покрај блиска бензинска пумпа.

Возачот, 55-годишен маж, останал заробен во автомобилот, но спасувачите успеале да го извлечат. Тој претрпел само полесни повреди и е однесен во болница на контрола, без потреба од хоспитализација.

Тестовите покажале дека не консумирал алкохол или дрога, а причината за несреќата е дијабетска криза која го спречила да реагира додека возел.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг