Connect with us

Македонија

Зајкова: Јас сум по потекло од Кукуш, говорам македонски јазик и секогаш ќе бидам горда Македонка

Published

on

Никој од нас не сака да е понижен, секаде каде што одам се претставувам како горда Македонка, не може мене никој да ми ја наметне мојата историја или како јас ќе ја толкувам мојата историја, ниту пак некој може да ми наметне што ќе бидам, моите се по потекло од Кукуш, јас секогаш ќе бидам по потекло од Кукуш, не можам да бидам од друго место. Говорам македонски јазик, израсната сум со една историја, не може никој да ми го менува или да ја менува свеста на генерациите. Ние сме свесни дека уставните измени како обврска треба да значат отворање на поглавје во ЕУ, што може и нема така брзо да ги затвориме, рече претседателката на Либерално-Демократска партија Моника Зајкова во синоќешното гостување во „Клик плус” на 21 тв.

– Ние можеме хипотетички да кажеме дека можеме и без Европската унија и без НАТО и без политички партии, меѓутоа граѓаните се оние коишто ја сочинуваат државата и само без граѓани не може да постои една држава, но мора да сфатиме дека ЕУ значи подобро секојдневие на секоја индивидуа и затоа и толку се стремиме кон тој Европски пат, додаде таа.

Според Зајкова не треба реториката да се однесува на тоа дека уставните измени се за само за внесување на Бугарите во Уставот, но да ја гледаме поголемата цел, а тоа е конечно она што ни изгледаше апстрактно, а тоа е влезот во Европската Унија да стане реалност односно да започне втората фаза од преговорите, а тоа е отворање на поглавјата.
– За да си ја исполниме таа цел, нормално дека имаме и обврски, притоа како Либерално-демократска партија ќе бараме при отворањето на Уставот во Преамбулата да се внесе како дел од народ и еврејскиот народ, а тоа иако можеби е последната пречка, е онаа најнеболната што треба да ја отклониме за да почне веќе македонската евроинтеграција за која зборуваме 30 години. Затоа треба да покажеме сериозна зрелост политичка, но и да покажеме дека сме спремни за носење на државнички одлуки, затоа што ќе зборам конкретно еве за мојата генерација, мислам дека повеќе нема време за оној, бавен развој затоа што со тој бавен развој видовме дека го губиме она што значи супстракт на државата, а тоа се младите луѓе, додава Зајкова.

Таа додава дека нејзината генерација пораснала со визијата за Европа и веќе се преполови заминувајќи во перспективни европски земји.

Се согласи дека се потребни реформи и во правосудството и образованието и во други области меѓутоа никој не покажал поширока политичка волја за одредени реформи да се спроведат. Нови избори не би го решиле овој проблем, бидејќи секогаш со нови избори не се направиле никакви промени. Проблемите ставени во фиока до избори, никој нема да ги реши со магично стапче ни по изборите.

– Треба да научиме да покажуваме државничка свест, едно е да се разликуваме во идеолошките политики, друго е да го трасираме заедно патот на државата и треба да седнеме да го загрееме столчето и да наоѓаме решенија и да ја движиме напред државата, а не да трошиме постојано ресурси и време на предвремени избори, истакна претседателката Зајкова.
Таа потсети дека Собранието донесе заклучоци кои што се еден вид декларацијата за црвените линии и никој не спори дека не сме за македонскиот јазик да се преговара.

– И гледавме и со потпишувањето на договорот од Фронтекс дека во формулацијата македонскиот јазик е чист, а гаранции дека некој ќе ни обезбеди е небулозно барање и видовме со последните случувања и во Европа, односно ветото кое што Австрија го стави на Бугарија и Романија за влез во шенген, дека такви гаранции не постојат. И сега не може ние да чекаме и да бараме гаранции дека ќе ни биде патот поплочен со мермер меѓутоа, треба да ги отклонуваме пречките и посериозно да работиме на тој пат и реформирање на државата, додава Зајкова.
Според неа ние не треба да преговараме воопшто со Бугарија за реципроцитет, туку со ЕУ.

– Да бидеме реципрочни во финансиите, во реформите, во образованието, кадровата политика, а нормално дека еден ден со самиот чин што го покажуваме на демократичност и отворање кон малцинствата може да се случи да бараме и во Бугарија, веќе како членки во унијата, реципрочно да ни се признаат и на нас одредени права. Затоа што, во спортот секогаш тимот што победува не значи дека на крајот победува. Исто и во политиката. Затоа треба да се покаже истрајност и упорност за да се направат крупни и развојни чекори, бели Зајкова.

Според неа ако само гледаме дали ќе добиеме одредени политички поени на одредени прашања, немаше да го имаме ни Рамковниот договор, кој што резултираше со развој на мултиетничкото општество, немаше да го имаме ни Преспа кој резултираше со влез на државата во НАТО, кој што сега гледаме дека стратешки бил многу важно, со оглед на тоа што се случува на глобално ниво.

Македонија

Касами почна со рушење на дивоградбите во Тетово

Published

on

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, најави засилени инспекциски активности за ослободување на узурпираните јавни простори. Тој нагласи дека Тетово не е приватна сопственост, туку заеднички дом за сите граѓани, повикувајќи на одговорност и грижа за редот и безбедноста во градот.

Видео: https://www.facebook.com/share/v/1BVFW1vbYp/?mibextid=wwXIfr

Continue Reading

Македонија

Истрага за обид за разбојништво

Published

on

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1, сторено согласно член 19 (во обид), како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 72-годишник, на 15 јануари, влегол маскиран во канцеларија за кредитирање на улицата “Прилепска” во Битола и со употреба на сила се обидел да одземе парични средства со намера противправно да ги присвои. Со хебла во едната рака и огнено оружје – пиштол во другата, тој се заканил на вработената и побарал од неа да ги стави парите во торбичка што и ја подал. Таа одбила по што ја удрил неколку пати со хеблата по раката и телото. Оштетената избегала надвор од објектот, по што и осомничениот го напуштил местото.

Разбојништвото се обидел да го изврши со пиштол марка „Црвена застава“ што го држел неовластено.

При претрес во домот каде престојувал било пронајдено оружјето и осум куршуми.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Continue Reading

Македонија

ЛА НИЊА НА НАЈЈАКО: Студ и снег ќе имаме и во следните месеци, можна појава на снег дури и во април!

Published

on

„Ладниот Метеоролошки феномен „Ла Ниња” моментално е со најсилен интензитет, и тоа ќе трае во следните 2 до 3 месеци со најголем интензитет, а овој ладен феномен ќе го има и во пролетните и летните месеци, па така да сето ова не би требало да дозволи да имаме екстремно топло лето, особено како минатото во 2024 година, вели метеорологот Славчо Попоски.


„Според ова, годинешното лето ќе биде далеку посвежо и поврнежливо, а секако, големи се шансите и за доцни мразеви во пролетните месеци, а да не не изненади и пролетен снег оваа година, во месеците Март, па дури и Април“, вели Попоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк