Поради високите плати, добрата јавна инфраструктура и богатата културна сцена, европските градови продолжуваат да доминираат во истражувањето на квалитетот на животот последните години на консултантската фирма Мерсер.
Еве ги најдобрите 10 града во светот во кои се живее најубаво:
Улични уметници настапуваат во областа Дарлинг Харбор во Сиднеј. Овој австралиски град е еден од само двата града од јужната хемисфера што влегуваат во првите десет. Истражувањето на Мерсер го оценува квалитетот на животот врз основа на неколку фактори, вклучувајќи ги домувањето, климата, инфраструктурата, стапката на криминал и образованието.
10. Берн, Швајцарија
Околу 200 „кловн-лекари“ од истоимената фондација за деца собрани кај Сојузната палата во Берн. Швајцарскиот главен град го дели 10-тото место со Сиднеј. И покрај економските проблеми на континентот, европските градови доминираат на листата поради високиот квалитет на инфраструктурата, како што е одличниот јавен превоз, вели истражувањето.
9. Копенхаген
Човек поминува со велосипед покрај куќа во Кристијанија, самостојната хипи-заедница во Копенхаген. Главниот град на Данска се смета за финансиски центар за скандинавскиот регион. Тој се смета и за еден од светските градови во кои најмногу се возат велосипеди. Копенхаген беше рангиран на четвртото место во Мерсеровата поткатегорија на градови со најдобра инфраструктура.
8. Женева
Славната женевска фонтана (Jet d’Eau) е осветлена сино заради одбележување на првиот Светски ден на дијабетесот на Обединетите нации, во 2007 година. Освен што им е домаќин на неколку меѓународни организации, во овој швајцарски град се наоѓаат и многу европски седишта на американски компании како што се „Катерпилар“ и „Електроник артс“.
7. Франкфурт, Германија
Седиштето на Комерцбанк во Франкфурт. Овој финансиски центар е еден од трите града во Германија што влегоа во најдобрите 10 на листата на Мерсер. Во 2012 година во истражувањето на Економист за најскапите светски градови Франкфурт беше рангиран како најскап германски град.
6. Дизелдорф, Германија
Момче шета покрај реката Рајна во германскиот град Дизелдорф. Градот е познат по своите меѓународни саеми и по годишниот летен фестивал на брегот на реката Рајна. Дизелдорф се најде на петтото место на листата на градови со најдобра инфраструктура, според Мерсер.
5. Ванкувер
Единствениот северноамерикански град на топ 10-листата е живописното пристаниште на Британска Колумбија. Отава (14), Торонто (15) и Монтреал (23) се другите канадски градови што се наоѓаат во првите 25. Ванкувер исто така е на врвот на листата на северноамерикански градови со најдобра инфраструктура, според Мерсер.
4. Минхен
Зградата и музеј на БМВ во Минхен, дом на светското седиште на автомобили. Жителите на Минхен уживаат во едно од највисоките нивоа на куповна моќ во Германија, според истражувањето на пазарот на фирмата ГфК.
3. Окленд, Нов Зеланд
Најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд, во самрак. Огромниот успех на режисерот Питер Џексон со филмската трилогија „Господарот на прстените“, во комбинација со имиџот на земјата како засолниште од светските проблеми, ја претвори оваа далечна јужнопацифичка земја во место што мора да го видат милиони патници секоја година. Иако Окленд доаѓа на третото место во севкупниот квалитет на живеење на листата, тој е рангиран на бр. 43 во поглед на инфраструктурата.
2. Цирих
Жена седи на брегот на езерото Цирих во еден сончев зимски ден во градот Цирих. Овој швајцарски град постојано е рангиран како еден од најскапите градови во светот, а претходно беше на врвот на листата на Мерсер според квалитетот на животот. Според една анкета на швајцарската компанија за финансиски услуги УБС во 2012 година, вработените во Цирих, исто така, добиваат највисоки бруто-плати во светот.
1. Виена
Четврта година по ред австрискиот главен град е на првото место на оваа листа на Мерсер. Урбанистичкото планирање на градот се смета за светски пример. Виена е позната по своето музичко и културно наследство, а во неа се и седиштата на меѓународните агенции како што се Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) и Организацијата на земји-извознички на нафта (ОПЕК).
Суспендираниот шеф на Вишото обвинителство, Скопје, Мустафа Хајрулахи, во Претрес го објасни и случајот со нарачани текстови против него, објавени во Доказ на Марјан Стаменковски.
„Пишувањата против мене со лични дискредитации со напади во Доказ почнаа во времето на мојот реизбор. Марјан Стаменковски побара иземање на обвинителот Сашо Рајчев бидејќи тој му доставувал материјали“, рече Хајрулахи.
Од одземените телефони од Стаменковски рече се виде дека нарачките за објавени гнасотии биле од Рајчев.
Лицето И.Ш.беше сведок во Обвинителството, објаснува Хајрулахи, а обвинителот Рајчев ги извлекол податоците и ги ставил на своја нова сим картичка. Тој си ѕвонел и сам на себе, што е регистрирано на базна станица и потоа на Марјан Стаменковски.
„Поднесов кривична пријава за да може да се определи друго месно надлежно обвинителство. ЈОРМ Јовески по 6 месеци ја препраќа во обвинителството во Битола. Треба да пазиме на роковите за да не застарат. Марјан Стаменковски материјалите ги добивал преку Сашо Рајчев и Фатиме Фетаи која ги давала преку своја пријателка. Фрапиран сум од обвинителите. Сашо Рајчев сакаше да клекне на колена и ме молеше да му простам“, рече Хајрулахи.
Коцевски, посочи, го викнал обвинителот кој постапувал по предметот и му се заканувал да не добие Хајрулахи својство на оштетен.
Државниот обвинител Коцевски, рече во Претрес со Ландов, суспендираниот шеф на Вишото обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи е октроиран од неколку обвинители на сега згаснатото СЈО.
Обвинителството до сега функционираше како тајно друштво од кое не можеше да излезе никаква информација во јавноста, рече Хајрулахи.
„Од редовното обвинителство нема групариња, тоа е само кај обвинители од поранешното СЈО. Преку такви групировки сакаат да се спасат поради работата во СЈО. Проблемот настана поради случајот со бонусите на СЈО.Јавниот обвинител Коцевски е октроиран од обвинители од поранешното СЈО. Тој е под директна контрола на неколку обвинители од бившото СЈО“, рече Хајрулахи.
Тој смета дека е потребно целосно испитување на случајот со бонусите, а постапката била скандалозна.
Суспендираниот прв човек на Вишото обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, во Претрес со Ландов говореше и за пробивањето во јавност на Извештајот за ревизијата во Обвинителството, пред да биде официјално објавено. Тој на една телевизија и дал видео снимка како ќерката на државниот обвинител Љупчо Коцевско дава службени материјали на новинарката Мирослава Симоновска.
„Новинарите ги почитувам до небото и назад. Ако новинарката се чувствува непријатно, и се извинувам“, рече Хајрулахи.
Снимката ја добил од анонимен свиркач, кој му ја дал во ГТЦ. Вели дека не го познава.
„Не верував дека може да се случи републичкиот јавен обвинител ова да го направи. Нечовечки е што ја жртвувал сопствената ќерка”, посочи Хајрулахи.