Connect with us

Приказни

Зад потресната снимка на сестричката и братчето од Сирија има тажна приказна (Видео)

Published

on

Меѓу морето трогателни снимки од Турција и Сирија, кои беа разурнати од силни земјотреси, се издвојуваше онаа на која се гледа како сестра го штити својот брат меѓу бетонот на урната куќа, додека не беа спасени 36 часа подоцна.Добивај вести на вибер

Брат и сестра останаа заробени во урнатините на нивниот дом во Сирија, откако земјотрес ги погоди додека спиеја.

Новинарите на Гардијан го посетија селото во кое живее девојчето, и разговараа со човекот кој ги спаси малата Џихан и нејзиниот брат Абдула.

Омар Рахал слушнал глас што доаѓал од урнатините, толку слаб што се борел да сфати дали можеби е само во неговата глава. Претходната ноќ, два земјотреси со јачина од 7,8 и 7,6 степени го погодија неговото село Харем во сириската провинција Идлиб, контролирана од бунтовниците, израмнувајќи десетици згради, вклучувајќи го и станбениот блок во кој живееше неговиот братучед Махмуд со сопругата и нивните седум деца.

Неколку часа подоцна, Рахал, началникот на локалната полиција, ги пребара урнатините на куќата со надеж дека ќе ги најде живи Махмуд и неговото семејство. Цело утро не слушнал знаци на живот, но во 12:30 часот слушнал неколку зборови изговорени од тивок глас кој наликувал на детски.

– Извади ме одовде – велело малото девојче под урнатините.

Неколку метри под бетонот лежеше петгодишната ќерка на Махмуд, Џинан, заедно со нејзиниот деветмесечен брат Абдула, кого го тешеше под урнатините. До нив беше затрупано телото на нивната мајка Суад. Рахал можела да ја види само нејзината рака, со која мајката се обидела да ги прегрне своите деца за да ги заштити.

Таткото се обидел да ги ослободи, но сфатил дека не може сам. Така видел две заробени деца и видеото им го испратил на своите колеги од полицијата, барајќи од нив да интервенираат.

Видеото брзо почна да се шири, а набрзо стана вирално не само во Сирија туку и низ целиот свет.

За неколку часа видеото беше прегледано повеќе од пет милиони пати и стана еден од симболите на трагедијата што ја снајде Сирија по земјотресот.

– Мојот пријател веднаш дојде и ми помогна да го извлечам малиот Абдула, кој за среќа се здоби со само неколку гребаници. Сепак, Џихан беше проблем. Над неа имаше голема бетонска плоча, а железна прачка и ја прободе ногата – се присетува Рахал во својата исповед за Гардијан.

Спасувачките напори во Идлиб, кој остана отсечен од надворешниот свет два дена по земјотресот, беа забавени поради недостаток на механизација и помош, принудувајќи ги луѓето да ги извлекуваат своите најблиски со голи раце.

– За подигнување на бетонскиот блок користевме кран, оној со кој се крева автомобил кога сакате да смените гума. Успеавме, но на Џихан и понатаму шипката и беше заглавена во ногата. Тоа моравме да го пресечеме – додава тој.

Спасувачите се обиделе да ја исечат шипка со дебело сечило додека девојчето плачело од болка. За работите да бидат покомпликувани, последовни потреси повторно го потресоа нивното село. Она малку што остана од зградите почна да се урива.

– Те молам! Извадете ме одовде – ги молеше Џинан спасувачите.

Немаше време за губење.

– Немавме избор. Презедовме ризик, можевме да умреме и да го изгубиме детето. Затоа решивме да го направиме она што никогаш не сакавме да го направиме, да ја извадиме девојката додека нејзината нога сè уште беше делумно набиена на шипката – објаснува тој.

Во вторникот околу 2 часот по полноќ, по речиси 22 часа под урнатините, девојчето било извлечено на безбедно.

Една недела по спасувањето, Гардијан ги посети Џинан и нејзиниот помлад брат во болница. Абдула спиеше завиткан во волнено ќебе, додека малото девојче лежеше, сè уште со болки, на креветот.

– Раната на ногата и е многу сериозна. Џинан можеби никогаш нема да оди како порано. Ако раната не се санира, можеби ќе бидеме принудени да и ја ампутираме ногата – изјави нејзиниот лекар Ваџих ал-Кара.

По објавувањето на видеото, некои медиуми погрешно објавија дека нивниот татко е се уште жив.

– Џинан и Абулах се единствените кои преживеаја во семејството – расплака Рахал.

За нив се грижел нивниот братучед. Џинан и нејзиниот брат се меѓу бројните деца кои останаа без родители во земјотресот во Идлиб. Бројот на загинати во земјотресот во Сирија се искачи на над 3.580.

-Тоа е трагедија. Џинан знае дека е оставена сама со брат и. Но, ги гледате сите овие деца овде, покрај нејзиниот кревет, и тие се сираци. Повеќето од нив се уште прашуваат каде се нивните родители и кога ќе дојдат кај нив. Прво сакаме да ги излечиме, а потоа ќе бидеме принудени да им кажеме дека и нивните родители починале – вели докторот.

Приказни

Битола има поубава љубовна приказна од таа на Ромео и Јулија. 

Published

on

 Во Битола има многу убави љубовни приказни, но несомненео една од најубавите е таа за љубовта на МустафаКемал Ататурк и преубавата битолчанка Елени Каринте.

Кемал Атататурк додека се школувал во средното военото училиште во Битола се заљубил во преубавата битолчанка Елени Каринте. Ако одите во Битола, немојте ни случајно дане застанете и да го погледнете балконот каде што се родилаљубовта, помеѓу тогаш, младиот Ќемал Ататурк и преубавата Елени Каринте. За жал, оваа љубов не завршиласо среќен крај, за тоа говори и писмото што Елени Каринтему го пратила на Кемал Ататурк, а се наоѓа во спомен собатана Музејот во Битола.

 

„До Кемал Ататурк, Некаде и некогаш ! Поминаа толкугодини, а јас ете уште секој ден чекам абер од тебе. Аконекогаш го добиеш писмово, сети се, види ги солзиве нахартијава… Годините си врват. Овдека се зборува затебе. Нешто се случува. Ако ги читаш овие редови додекаљубиш некоја друга жена, искини го писмово и прашај јанеа дали верува дека некоја си Елени Каринте од Битола гопоарчила цел живот за еден човек со кого била само еденден. Ако ја љубиш неа, како што јас те љубам тебе, некажувај ѝ ништо, нека биде среќна ако си и ти. Ако, пак, уште ја паметиш девојката од балканот и не љубиш друга, знај дека те чекам. Ќе те чекам секој ден, цел живот… Знамдека ќе се вратиш, дека не си заборавил.  Татко ми умре.  Има веќе цела година. Тој ден кога ме грабна од тебе, мезаклучи дома. Не ме пушти цел месец. Не плачев. Знаевдека џабе ќе се сите катанци и затвори. Човекот со кој тојсакаше да се земам го видов само еднаш. Ме праша далинекогаш ќе можам да го љубам… му реков: не! Си го љубампрвото либе. Повеќе не го видов. Татко ми никогаш не мипрости. Ни јас нему. Неколку дена пред да умре ме викна кајсебе и ми рече: Знам дека згрешив, но знам и дека никогашне бев добар татко. Не барам да ми простиш, не барај ни ти! Бог нека ни прости на двајцата. Сакав најдобро, а направивнајлошо. Татко ми не беше лош човек! Не сум веќе млада и убава како тогаш. Цел живот во еден ден… Вечно те сака и секогаш ќе те чека  вечно твоја, Елени Каринте“

Continue Reading

Приказни

Дали за десетина години ќе има кој да прави бурек?

Published

on

На нашите простори пекарските производи, особено бурекот, имаат долга и богата традиција. Со месо, сирење, спанаќ или праз, комбиниран со јогурт или ајран, бурекот е омилен меѓу сите генерации. Но, прашањето кое се поставува е дали за десетина-петнаесет години ќе има кој да го прави.

Пекарскиот занает е тежок и бара посветеност, а интересот кај младите за оваа професија постојано опаѓа. Абдурахим Ештрефи од Скопје е дел од последните генерации македонски бурекџии. Веќе 45 години ги прави највкусните пити, буреци и ѓевреци. Тој го изучувал занаетот три години во стручно училиште, а потоа продолжил да работи во објектот каде што е активен уште од 1980 година. Денес, фамилијарниот бизнис го води со својот брат.

„Тежок е овој занает, но е профитабилен. Веќе 45 години станувам во три-четири наутро. Не е лесно“, вели Ештрефи.

Иако машините значително го олесниле процесот на производство, новите генерации сè поретко се заинтересирани за пекарството. „Ова е стар занает, но младите не сакаат да го учат. Имам синови, внуци, но никој од нив не е заинтересиран. Најдобрите бурекџии заминаа во странство. Сите мои колеги, пријатели – веќе не се тука. Денес има машини и фрижидери, но потребно е да се знае рецептот, да се учи и да се работи посветено“, објаснува тој.

Според податоците на Стопанската комора од 2023 година, просечната возраст на вработените во пекарската индустрија е 57 години. Иако постојат програми за обука, 82% од компаниите се соочуваат со потешкотии да обезбедат стручен кадар.

Дали иднината на бурекот е неизвесна? Ќе зависи од тоа дали ќе успееме да го зачуваме и пренесеме овој занает на новите генерации.

Continue Reading

Приказни

НОСТРАДАМУС ПРЕДВИДЕЛ ПОПЛАВИ ВО 2025 ГОДИНА Јасновидецот прогнозира нова ера на човештвото

Published

on

Откако ќе го постигнеме ова, луѓето ќе можат да комуницираат со повисоки облици на интелигенција. Ова е судбината на човештвото, пророкува Нострадамус во врска со големите откритија во квантната физика.

Нострадамус предвидел големи промени во 2025 година кои ќе доведат до „нов светски поредок“. Меѓу нив се спомнати и поплави кои ќе ги уништат крајбрежните градови и ќе остават милиони без покрив над главата, пишува Унилад.

Но, луѓето на социјалните мрежи коментираа дека пророштвото е само здрава логика бидјеќи минатата година ја одбележаа поплави.

Меѓу страшните пророштва за следната година Нострадамус наводно спомнал и тајни култови кои би ја користеле моќта на „мрачните ритуали“.

Унилад пишува и дека Нострадамус предвидел големи откритија во областа на квантната физика.

„Откако ќе го постигнеме ова, луѓето ќе можат да комуницираат со повисоки облици на интелигенција. Ова е судбината на човештвото“, пророкува Нострадамус.

Тој најави и дека во 2025 година ќе излезат на виделина долго чуваните тајни. Се чини дека теоретичарите на заговор се многу среќни поради ова.

Ова ќе го промени текот на историјата, тоа е почеток на нова ера, толкуваат различни поддржувачи на делата на Нострадамус, кои исто така тврдат дека во 2025 година повторно ќе почне да се цени некоја „древна мудрост“.

Се смета дека јасновидецот кој живеел во 16 век успешно ги предвидел доаѓањето на Адолф Хитлер на власт во Германија, атомските бомби во Хирошима и во Нагасаки и Големиот пожар во Лондон.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк