При пробивањето на блокадата на бугарската окупаторска полиција, на 25 февруари 1944 во Скопје е убиен Кузман Јосифовски – Питу, народен херој на Македонија.
Денес кога се прават обиди историската вистина да се прилагоди на актуелната политика, и да се испишува нова „политичка историја“, од бугарска страна се бара перидот во кој водел борба и е загинат и Питу, во учебниците да не биде окупација, туку „администрирање од страна на Бугарија во Македонија“.
Сепак, според историската вистина, откако на Питу му било сигнализирано дека е на мета на бугарските окупаторски власти, при обидот да го напушти Скопје, во Козле во близина на сега веќе некогашната фабрика „Алумина“ бил убиен од бугарски војник. Таму денес има спомен-плоча на македонскиот херој К.Ј. Питу.
Некои извори тврдат дека постоела телеграма од Светозар Вукмановиќ – Темпо до Тито, во која тој барал Питу по секоја цена да се тргне од АСНОМ. Тоа негово барање било засилено особено по Преспанското советување одржано на 2 август 1943 година, на кое Питу се залагал за формирање на македонски партизански одреди и во останатите делови на етничка Македонија и нивна заедничка борба со Македонците од Вардарска Македонија, за целосно ослободување и обединување на Македонија.
Питу е еден од најславните борци на НОБ во Македонија, нејзин организатор, организатор на свикувањето на Првото заседание на АСНОМ, автор на неговите државотворни документи и народен херој.
Роден е во Прилеп 1915 година, се школувал во Прилеп и Битола, потоа студирал право на Белградскиот универзитет, каде имал видно место во студенското движење и активно работел на формирањето на македонското студентско друштво „Вардар“, а бил член и на МАНАПО.
Во едно негово обраќање до народот Питу вели:
„Легендите што ми ги раскажуваше баба ми Заха, за Марко Крале, па за дедо Иљо војводата, и за Крушевската Република за мене беа фантастичен партиски извор. Без тој македонски патриотизам, прашање е дали јас можев да бидам комунист. И не само јас, туку скоро секој Македонец кој станал комунист. Зошто ние Македонците сме напредни како македонски патриоти, оти сме гоцевисти, санданисти и ѓорчевисти…“
Тој бил еден од организаторите на повеќе демонстрации во Прилеп. Еден од најистакнатите организатори на вооруженото востание на македонскиот народ (1941-1944). Со својата активност дејствувал во Битола и Западна Македонија. Во март 1942 го формира Окружниот комитет за Западна Македонија и станува негов секретар. Во март 1943 е избран за член на првиот ЦК на КПМ и за член за Главниот штаб на НОВ и ПОМ.
На 2 август 1943 на историското Преспанско советување, кое одиграло значајна улога во понатамошната национална борба на македонскиот народ Питу поднел реферат посветен на 40- годишнината од Илинденското востание. Меѓу другото во него нагласил:
„Денес, кога македонскиот народ се наоѓа пред решителна борба за извојување на својата национална слобода, споменот на Илинден треба повеќе од секојпат да свети пред очите на целиот македонски народ, пред лицето на сите чесни и слободољубиви Македонци, сите кои ја сакаат својата земја…”
Со тоа Питу јасно го истакнувал континуитетот на македонската национално ослободителна борба. Се залагал за создавање на целосно единство на сите општествени класи и слоеви, единство на сите стари (Илинденци) и нови борци, за слобода на Македонија.
Питу бил упорен борец за создавање на самостојна македонска држава, а илегално често пати престојувал во западните делови на Македонија, тогаш окупирани од Италија. За време на бугарската окупација на Македонија живеел илегално во скопската населба Буњаковец.
Денес во центарот на неговиот роден град Прилеп кај Музејот на 11 Октомври (поранешниот бугарски участок), има мермерен споменик, како и споменик и други спомен-обележја во Скопје. Неговото име го носат повеќе училишта во Македонија, улици и булевари, како и еден од студентските домови во Скопје.
Поради неуморната борба Кузман Јосифоски Питу бил нарекуван Гоце Делчев на НОБ (вториот Гоце).
Меџити: Северна Македонија го загуби чекорот кон ЕУ како последица на осумгодишното лошо управување
Во ексклузивно интервју за РТК, првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, ја честиташе Албанија за успешните чекори кон членство во ЕУ, додека ја обвини претходната влада за лошо управување, со што Северна Македонија го загуби чекорот со Албанија. „Прво, ни е мило што Албанија направи напредок. Второ, посакувам Северна Македонија наскоро да и се придружи на оваа патека. Застојот на Северна Македонија во оваа насока е резултат на лошото управување во изминатите осум години од оние кои денес се дел од опозицијата“, изјави Меџити. Според Меџити, еден од клучните услови за Северна Македонија да стане дел од ЕУ е внесувањето на Бугарите во преамбулата на Уставот на РСМ, но и реформите во судството и спроведувањето на другите препораки од меѓународната заедница, за кои актуелната влада се труди да ги реализира. Тој изјави дека приоритет на оваа влада останува патот кон Европската Унија.
Деновиве повторно во Тетово, водата за пиење има невообичаен мирис и вкус, што од 2017 година се појавува речиси секоја есен во октомври или ноември, но надлежните уверуваат дека водата е безбедна за пиење.
Според д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје Тетово, непријатниот мирис и вкус доаѓа поради паѓање на вегетацијата, најмногу од лисјата од дрвјата што паѓаат во речните води во месноста Лешница од каде се зема вода за новиот водоснабдителен систем.
-Нема опасност бидејќи мирис и вкус се субјективна категорија, водата е безбедна, кој може да ја пие, кој не може да не ја пие. Искуството од 2017 година досега покажало дека за неколку дена субјективнот мирис и вкус ќе го снема, изјави д-р Ратко Давидовски.
Годинава интензитетот е зголемен затоа што тетовскиот водовод повеќе користи вода од површинските односно речни извори.
-Поинтензивно е затоа што со 50 % учествува Лешнички систем во целокупното водоснабдување во градот. Треба да учествува со 30 проценти, другите количини да бидат од шарпланинските извори, но таму штедроста е значително намалена поради голема суша летово. Решение за да нема таков невообичаен вкус и мирис, е да се кондиционира на водата со озонирање или пак со активен јаглен. Озонирањето е потешко и поскапо, филтри со активен јаглен може да се направат за да не се случува, вели Давидовски.
Во системот има доток од 300 литри вода во секунда, односно по 150 литри од двата видови на извори.
Мислам дека САД ќе останат многу посветени и заинтересирани за членството на Северна Македонија во ЕУ. Ако јас бев Македонец ќе се чувствував комотно дека САД ќе останат партнер на државата и нејзините граѓани. Мислам дека ќе видиме поголемо нагласување на обидите да се реши предизвикот со кој се соочуваме на Блискиот исток, предизвиците во Украина и мислам дека ќе ги видиме САД посилни, одговори поранешниот конгресмен Бил Флорс од Републиканската партија на САД на прашањето дали по завршување на претседателските избори очекува да се промени надворешната политика на САД и дали ќе се зголеми интересот за Западен Балкан.
Како што изјави поранешниот конгресмен Бил Флорс во Тема на денот на дневникот на Сител телевизија, пристапувањето во ЕУ е важно не само затоа што тоа ќе ја направи ЕУ посилна, туку исто така е важно и за економијата на Северна Македонија.
– Повторно ќе кажам дека Македoнија ќе има добар партнер. Бев тука во 2018 година, како дел од Преспа процесот и кога државата организираше референдум за промена на името и многу луѓе мислеа дека тоа ќе биде последен чекор, но ЕУ кажа дека има уште еден чекор за пристапување. САД ја поддржуваат Северна Македонија во тој процес, нагласи Флорс.
Дејвид Скагс, поранешен конгресмен од Демократската партија, истакна дека негово лично мислење е дека смета оти во интерес на САД е Македонија да биде целосно интегрирана во европскиот систем, и одбранбено и економски.
– За нас тоа има смисла, но мора да бидеме внимателни каква може да биде нашата соодветна улога, да не им кажуваме на други држави што да прават, рече тој.
Двајцата американски конгресмени сметаат дека согласно она што виделе денеска се уверени во способноста на Собранието на Република Македонија да оди напред.
– Врз основа на тоа што го видовме деновиве знаеме дека Собранието има усвоено Етички кодекс, но тој се уште не е целосно имплементиран. Според разговорите што ги имавме денеска, имаме впечаток дека сите и вработнеите и пратениците, би сакале да имплементираат систем во кој ќе се вметнат најдобрите практики и ние се надеваме дека овој ентузијазам што го видовме ова утро ќе продолжи, рече меѓу другото Бил Флорс.
Според Дејвид Скагс, она што го виделе во изминатите пет дена, партиската дисциплина во државава и во многу други парламентарни држави, како што рече, е многу повеќе строга отколку што е во Конгресот.