Почна да се одврзува клопчето околу оддавањето информации на криминалната група Барон/Беланоца. Синот на поранешниот заменик-министер за внатрешни работи Назим Буши од ДУИ, Ќерим Буши, е осомничен дека бил „кртот“ кој им помогнал на припадниците на оваа криминална група.
Ќерим Буши осомничен за оддавање службена тајна
Синот на поранешниот заменик-министер за внатрешни работи Назим Буши од ДУИ, Ќерим Буши, е осомничен дека бил „кртот“ кој им помогнал на припадниците на криминалната група Барон/Беланоца да избегнат апсење. Според информациите на Телма, Буши синоќа бил приведен на распит поради сомневање за кривично дело „Оддавање службена тајна“.
Повеќе детали може да прочитате во продолжение:
Приведен син на поранешен висок функционер на МВР бидејќи оддавал службена тајна
Кој е Назим Буши?
Назим Буши е кадар на ДУИ. Тој е поранешен член на ОНА. Во своите политички почетоци работел како член на обезбедувањето на ПДП, а бил и водник од прва класа во армијата на Македонија. Потоа беше заменик минисстер за внатрешни работи. Во периодот меѓу 31 мај и 20 јуни Назим Буши извршуваше функција министер за внатрешни работи.
Во период кога беше заменик министерот за внатрешни работи, функцијата на Назим Буши ја одбележа скандалот дека платил 20.000 евра за едно ноќевање во лускузен хотел. Тој објави истражување за албански функционери кои се луксузирале во хотели, но меѓу нив се најде и функционерот од македонската влада.
Провалена акција за апсење
Буши е осомничен дека пред десетина дена ја пробил акцијата за апсење на членови на скопското нарко-подземје, информирајќи ги осомничените дека полицијата планира апсење, со што им овозможил да избегаат.
Изјава од МВР
Од Министерството за внатрешни работи дадоа коментар за тековните случувања.
„Лицето за кое прашувате на 28.12.2024 беше приведено, при што во полициска станица беше извршен службен разговор во врска со кривично дело Оддавање службена тајна. Одземен му е мобилен телефон, по што, по насока на ОЈО, лицето е ослободено“.
Истражна постапка
Обвинителството на 16 декември отвори истрага против 18 осомничени припадници на скопското подземје. Осуммина од нив не беа пронајдени, а постои сомнение дека некој од внатрешноста им дојавил да избегнат апсење.
Случајот продолжува да се истражува, а јавноста очекува понатамошни детали од истрагата.
Уапсени четворица од 18 осомничени
Од вкупно 18 осомничени за убиства и рекет, полицијата успеала да уапси само четворица, додека еден осомничен сам се пријавил. Според извештаите, тројца од осомничените се веќе во затвор, двајца се во притвор, двајца се недостапни уште од претходно, а шестмина не биле пронајдени.
Пропуст во акцијата
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, го коментираше пропустот во акцијата што се одвиваше на 16 декември оваа година.
Катастрофално е дека човек којшто требаше да биде апсен, 10 минути пред да пристигне полицијата доби информација и сега е недостапен за органите на прогонот. За тоа некој мора да одговара, рече министерот.
Одговорност и истрага
Министерот најави дека ќе биде спроведена внатрешна истрага за да се утврди како информациите стигнале до осомничените и кој е одговорен за ваквиот пропуст. Полицијата продолжува со напорите да ги пронајде и уапси останатите осомничени.
Извор: lider.mk