Connect with us

Македонија

Владиката Петар: Мене не не интересира вас кој ве финансира, нека не ве интересира кој ја финансира мојата телевизија

Published

on

„Тоа да не го интересира никого, бидејќи ни мене не ме интересира кој вас ве финансира“, одговори вечерва владиката Петар во гостување на Телма на прашањето кој ќе ја финансира телевизијата основана од неговата фирма.

Името на Телевизијата, формирана од фирмата „Преобразба“, чиј сопственик е тој а која доби дозвола за работа и од 1-ви мај треба да почне да емитува програма во етер ќе биде „Вистел“ или вистинска телевизија.

Според владиката, оваа телевизија нема да биде свештеничка телевизија и ќе има 50% забавен карактер, а 30% ќе има образовен и документарен карактер.

Македонија

Божиновска: МЕПСО ќе биде под Министерството, ЕСМ останува под Влада

Published

on

Не може под исто министерство да биде производството на струја и дистрибуцијата, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во интервју за РСЕ. Божиновска зборува и за тендерите за РЕК, но и дека таму има поголем криминал од оној што е опфатен со аферата адитив. 

Министерке, Северна Македонија е земја која непрекинато е увозно зависна од струја. Со оглед на тоа дека државата доби Министерство за енергетика со кое раководите вие – има ли и план како тоа да се надмине? 

Конечно Македонија доби Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и тоа е голем предизвик и енергетиката не е нешто што е краткорочно.

Наследивме големи проблеми во сите енергетски сектори и моментално работиме на изработка на Законот за енергетика и секако тука сме во зимскиот период. Значи најмногу фокусот е на обезбедување на електрична енергија за граѓаните. Правиме стратегии, краткорочни и долгорочни. Краткорочните се фокусирани на рударскиот комбинат РЕК Битола и снабдување на јаглен и ангажирање на сите енергетски капацитети.

Додека долгорочните е правање на нови капацитети. Крајот на минатата година потпишавме скоро 100 мегавати за изградба на зелена енергија и се надеваме дека ќе продолжи ова и понатаму.

Во изменатите години има голема експанзија на изградба на фотоволтаични централи, до сега се поднесени според некои информации кои што беа објавени во јавност околу 8.000 мегавати, што е, речиси, три пати повеќе од оно што мрежата може да го поднесе. Кој е решението за овој проблем?

Се согласувам со вас, меѓутоа не се 8.000 туку 9.500 мегавати. Затоа ова ќе се регулира со новиот Закон за енергетика. Тука ќе воведеме ред и секако со МЕПСО работиме на ова. Се работи на изработка на мастер грид на нашата мрежа, точно е дека ќе има над 1.000 мегавати до крајот на годината обновливи извори. Ние сме секако во согласност со нашите европски партнери за зелена транзиција. И мора да овозможиме нашата мрежа да може да ги прими додатно овие капацитети.

Целото интервју може да го прочитате на Радио Слободна Европа

Continue Reading

Македонија

Четворица повредени во сообраќајка на патот Тетово – Скопје

Published

on

На 16.01.2025 година во 15.00 часот на регионалниот пат Скопје –Тетово, атар на село Дворце, општина Сарај, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(47) од Скопје и патничко возило „Сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ф.(62) од село Радуша, скопско.

-Во несреќата возачот А.Љ се здобилсо тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, додека пак со телесни повреди се здобиле – другиот возач Е.Ф. и неговите две сопатнички Ф.Ф.(55) и А.Ф.(27) двете од село Радуша, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Македонија

МВР се огласи за апсењето на Штекли

Published

on

Министерството за внатрешни работи потврди дека Раде Трајковски Штекли е уапсен.

-Во полициска акција лицето за кое прашувате по Наредба на ОЈО за ГОКК е лишено од слобода, велат од МВР за Курир.

Штекли бил уапсен во близина на хотел во Гевгелија, при обид за бегство.

Тој се сомничи за трговија на дрога. Предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. МВР и Бирото за јавна безбедност се во потрага и апсење на целата негова група.

Оваа акција на МВР следува по сузбивањето на арачиновската група Беланоца.

Штекли е познат по пресметките со нарко картелите. Тој се поврзува со низа кривични дела, во август и во октомври 2023 година избегна два обиди за убиство на иста локација – во Ист Гејт Мол во Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк