Ова е многу важен извештај. Како што јасно се вели во неговото резиме: „Оваа работа се појави во контекст на зголемената меѓусебна поврзаност помеѓу улогите на Европскиот суд за човекови права, националните уставни судови и Судот на правдата на Европската унија. Со оглед на отсуството на јасна уставна хиерархија меѓу овие јурисдикции, ние се занимаваме со еден вид „конституционализам на повеќе нивоа“.
Ова го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото обраќање во Совет на Европа.
Според него човековите права во Европа не се тринасочна улица, тоа е еднонасочна улица!
– Националните уставни судови, како и Судот на правдата на ЕУ, мора да бидат во согласност со Европскиот суд за човекови права, како најважен европски суд за заштита на човековите права. Исто така, потребни се подобрувања за да се осигура дека домашните судови соодветно се ангажираат со судската пракса на Европскиот суд за човекови права при примената на човековите права на домашно ниво – вклучително и преку тоа да се направат достапни насоките од Судот на сите јазици на Советот на Европа, рече Николоски.
Николоски додава дека една земја – членка – Бугарија не е посветена на своите обврски како членка на Советот на Европа.
– Бугарија со години одбива да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права. Има 16 пресуди на Судот поврзани со Македонците во Бугарија кои не се спроведуваат. На Македонците им е забрането да го користат и да го учат својот мајчин јазик, ограничено им е на правото на собирање, како и учество на избори. Овие пресуди мора да се спроведат! Националниот устав и судовите на Бугарија не можат да бидат над пресудите на Европскиот суд за човекови права. Кога домашните институции не успеаја да ги заштитат човековите права на Македонците во Бугарија, тие го гледаат Стразбур како своја надеж за почитување на основните човекови права, изјави тој.
Нагласи дека во извештајот јасно е напишано дека – речиси сите земји одговориле дека нивните судови се повикуваат на Конвенцијата кога одлучуваат за прашањата за човековите права, во истата реченица во извештајот за Бугарија и неколку други земји се вели – сепак, степенот до кој Конвенцијата и/или одлуките на Европскиот суд за човекови права се почитуваат, се разликува.
– Се согласувам со овие позиции во извештајот и мислам дека тие треба да бидат поцврсти во формулацијата и подиректно да бараат од земјите како Бугарија целосно да го прилагоди својот политички систем и истиот да биде во согласност со Европската конвенција за човекови права и да ги почитува човековите права на сите националните малцинства, вклучително и Македонците. Бугарите се многу гласни за случаи надвор од границите на нивната земја, но со години не спроведуваат ниту една пресуда на Судот. Ова не е прифатливо, вели Николоски.
Николоски посочи дека велосното почитување на Конвенцијата и националниот уставен поредок не е антитетично, туку е целосно комплементарно. Собранието треба да смета дека приоритет во Советот на Европа треба да биде зајакнувањето на правниот и моралниот авторитет на Конвенцијата.
Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони платила преку половина милион евра за студија за формирање на „зелена зона“ со јавно-приватно партнерство во Гевгелија, за што потоа се испоставило дека нема интерес од приватни оператори, објави Фактор.
Како што наведуваат во 2023 биле исплатени 30.342.000 денари, а претходно уште 1.129.000 денари за консултантски услуги од „Моравчевиќ Војневиќ и Партнери АСД Белград“ за изработка на комплетна документација за избор на партнер за Јавно-приватно партнерство ТИРЗ Гевгелија. Ова е наведено како фуснота во извештајот на независниот ревизор за работењето на Дирекцијата.
Управниот одбор на Дирекцијата која управува со слободните индустриски зони лани на 17 мај донесува „Одлука за поништување на постапка за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, финансирање, изградба, управување и одржување на Технолошко-индустриска развојна зона Гевгелија“. Истата одлука потоа е прифатена и од Владата на 26 ноември.
Од Дирекцијата за ТИРЗ за Фактор соопштиле дека во 2024 немало исплати кон оваа консултантска куќа, но и се покажало дека нема интерес од потенцијални приватни партнери за преговарање околу проектот.
Тогашниот директор на ТИРЗ изјави дека во согласност со новиот концепт на ТИРЗ за привлекување инвестиции, индустриската развојна зона Гевгелија ќе се фокусира на поддршка на зелените индустрии во согласност со зелената агенда на ЕУ, а покрај производствените компании во зоната ќе има можности за инвестиции поддржани од државата во секторот на здравствени услуги.
– Целта е некаде до крајот на годината, откако ќе добиеме повратен одговор од потенцијалните корисници или од сите други заинтересирани страни, да ја финализираме студијата и очекуваме некаде на почетокот на наредната година да ја презентираме на Владата, истакна Деспотовски.
Претседателот на Демократското движење Изет Меџити вечерва објави дека речиси го преземал општинскиот органок Сарај на ДУИ од Блерим Беџети во Демократското движење.
-Вистинскиот начин е обединување на чесните сили!
Секој ден, нашето патување станува се посилно, бидејќи се повеќе наши бестрашни врсници и поранешни партнери се приклучуваат на нашата праведна визија.
Денес, со задоволство можам да објавам дека значајни личности и основачи на ДУИ се приклучуваат на Демократското движење, огранок во Сарај:
• Зеко Абази – основач на Собранието на ДУИ-Сарај и член на Надзорниот совет.
• Мухамет Хоџа – поранешен портпарол на Владата на РМ и член на огранокот на ДУИ-Сарај.
• Јонуз Метуши – Претседател на Младински форум ДУИ-Сарај.
• Хатиф Шабани – Претседател на Локалниот совет на ДУИ-Чајлане.
• Бујамин Шабани – Припадник на огранокот Свиларе.
• Дрита Фета – Координаторка на Форум на жени ДУИ-Сарај.
Овие поединци се силни столбови кои дадоа неверојатен придонес низ годините и сега избраа да бидат дел од нашето патување.
Ги повикувам сите активисти на ДУИ и чесни структури да ни се придружат во овој искрен и праведен напор за подобра иднина.
Добредојдовте на патот на правдата и промените!
Заедно сме посилни, заедно ја градиме иднината!, објави Изет Меџити од коалицијата Вреди.